воопшто не внимавам на изгледот кога сум дома обично сум си во пижамчиња или во нешто широко и комотно зашто сум голем склетчија,косата увек собрана за по дома, па на крај краева дома сум си е сеа ако улета некој малце ке се подспастрам
Ништо посебно, хеланки, тренерки или кратки пантолони и некоја стара блуза. Е има денови кога сум ден и ноќ во пижами,е тогаш ми е најубаво Косата ми е редовно був. За дома никогаш не се чешлам, собрана во висока пунџа. Не сум нашминкана никогаш дома, а ноктите ми се секогаш средени. И едноставно не можам по дома да бидам облечена со истото од надвор.
Воопшто.Носам никои алишта што надвор не би ги облекла. Хеланки , ѕвонарки, стари џемпери, машки дуксери што ќе ми дојде при рака, а пижами за низ дома преку ден не носам глупо ми е
не се шминкам за дома не носам ни за излегвање алишта косата ми е во репче или пустена , си имам модерни пижами и трењерки моментално носам тигрести пизами мн јаки ми се убаво се чуствувам кога се осекам убава хахах
За по дома најчесто сум во тренерки или некои фармерки, дуксерка (кога е постудено времето), а вака, во летен период најчесто си носам шорцеви, кратки пантолончиња и сл. Некогаш знам и долги часови да останам по пижами.
Секогаш кога сум дома носам пижами...и кога се враќам од некаде, првото што го правам е право во соба и си ставам пижами....кога идат гости тогаш се разбира ставам нешто друго поудобно - кратки пантолончиња и маиче во лето, а тренерки или хеланки во зима....косата ми е секогаш во пунџа.
Кога е ладно најчесто сум во тренерки, освен кога имам гости. Кога е топло, како и сите така и јас - кратки панталони и маичка. Шминка не доаѓа во предвид, јас и надвор кога одам не се шминкам освен малку за излегување или некои свечености како на пример свадба . Косата ми е кратка и си немам проблем со неа.
кога сум дома ич ама ичч не внимавамм најчесто тренерки а кога е топло шорцеви и маичка,понекогаш знам да си шетам по дома во пижами
Порано многу се дотерував за по дома, се фармерки, сукњи, најубавите блузи, како оние од сериине што се ко за на свадба средени . Сега не толку, летно време шорцеви (имам едни кратки како боксерици од 3то ми се ), рамбовка и косата во пунџа, реп. Сега овој период есен/зима во тренерки сум или во хеланки, косата исто врзана, пуштена само за надвор. Ама пак сум претставителна за гости ако дојдат, до продавница, до комшии да тркнам.А пижами никако не можам да носам, после станување одма се облекувам, а сестра ми може цеел ден по пижами да седи.
Моментално сум во едно фустанче во кое летово буквално скиснав , испери го и одвај дочекај да се исуши и пак на мене. Значи баш ми е комотно бидејќи не е тесно ни па широко, а ја нуди потребната комоција и попрактично ми е од било што друго, а плус изгледам и ок средено со него. Шминка за дома не користам, тогаш ставам тоници за освежување и хидратантни креми на лицето, најмногу по дома внимавам на хигиената на забите може да се рече ама со нив се оптеретувам и надвор така да ништо ново. Косата ми е најчесто собрана во репче или некоја фри-стајл пунџичка. На зима претежно сум во пижами, дури и по цел ден се случува да останам во нив или па на средина од денот да се пресоблечам во нив. Тренерки поретко носам иако нема одредна причина за тоа. И имам едни широки траперки како индустриска плетка нешто се кои ги носам во зима купени пред 100 год. и тие ми се ко ова фустанчево летово незаменливи . Инаку главната прчла од моја генерација се зборуваше дека и за по дома била во тесни фармерки и штикли и изнашминкана, што за мене лично е незамисливо...
Секогаш велам кога ќе останам сама дома дека ќе шетам по пижами цел ден ама грдо ми е и да јадам во нив, па и да зготвам нешто. Во моментов носам хеланки и туника. Тренерки не носам, освен ако ги ставам сите фармерки за перење,а ладно ми е за хеланки. Не се шминкам, а косата ми е во пунџа или ако ми еубаво виткана ја оставам пуштена ако во текот на денот треба некаде да отидам. Еден период се запоставив , носев тренерки и искрено ич не си се допаѓав во нив, не сум тоа јас. Мислам имам некаде спомнато никогаш не сме шетале по дома облечени во било што. Мајка ми уште од мали не има навикнато да сме тип- топ и за по дома. Мерак и беше да шетаме по фустанчиња или кошули со џемперчиња. Сега знае некогаш да пререче тие алишта не ви се за по дома, ама знае дека таа не навикнала така. А да и непријатно мие кога ќе отидам кај некој, а тој ме пречекува во пижами. Да дома си е, но грдо е.
За последново се согласувам.Веднаш ми текна на една другарка,која увек е во пижами.И тоа пижами ми се чини 100 века стари.Тук-там со некое дупче,10 броја поголеми Грдо,мн грдо.А чудно ми е зошто за во град е тип,топ.Уште од основно се дружиме и од тогаше била таква за по дома.Ако сака да носи пижами за по дома и во нив да пречекува гости,нека бидат барем пристојни.Мене ме нервира во стари и искинати пижами да спијам а не пак гости да пречекувам За разлика од нејзе,една драга колешка,исто љубителка на пижами по дома,ама да ти е мерак да ја гледаш во пижамките.Дури не личат на пижами,со некој чипки на ракавчињата,такви уз тело,па и какви спавачи има ,еднаш кога ја видов во една -помислив дека ќе искача во град и велам-еј па зашто ме викна,ти во град ќе си одиш ,а таа не бе-спавача ми е И јас некогаш сакам да сум во пижами ама неможам пред гости таква да искачам.Обично во хеланки,тренерки,маички интересни,и некој панталонки.Ептен стари алишта не носам.И секогаш се прскам парфемче ,плус што сакам да ми мирисаат алиштата на омилениот Ленор,плавиот.Косата обично собрана,а некогаш чисто од мерак знам да си ставам бело моливче на очите
Контеса Груела Изабела Втора на прием овде изволте. На, бубнете ми рака сега По дома сум си како по дома - средена, ама за по дома. По штикли дома не шетам, тоа е сигурно и сигурно не изгледам ко да сте ме исекле како од некој амерички сериски - во секое време ко излезена од фризер и скоцкана тип топ, седам исправена со рацете позади грб, со штикли на нозе, со костим и со Хермес марама. Таквите манири им ги оставам на аристократските семејства. Јас сум сосема природна и пристојна девојка која знае да изгледа убаво дури и во тренерки па и во пижами - а рака на срце пижамите да ми ги видите, нема да верувате дека се пижами - ќе посакате стално во нив да ме гледате Сакам дома да се опуштам но не и да изгледам како распуштеница. Како да ви кажам, абе и за спиење сум средена и усогласена со бои, ама сум сепак кежуал. Значи внимавам до степен да сум барем чиста и да ми е удобно. Затоа сум дома а не на прием кај холандската кралица. За таму можеби и ќе повнимавам малку повеќе на изглед. Коса во пунџа или во плетенка, без шминка, со омилената маица на прерамки и омилените тренерки а уште поомилените папучи „а ла космонаутски чизми“ за кои сите ми се чудат ама јас перфектно се лизгам во нив низ станот Тоа сум јас за по дома. Ах да - не еден дечко ми рекол и признал, дека нема посекси од природна девојка во тренерки, па вика кога ќе те плесне човек по тоа газето кое се оцртува во тренерчињата абе мераци. Па вие сеа видете
леле ова колку ме нервира. И јас знам да сум по пижами дома, ама тоа ми се убави пижами. И најчесто ако знам дека нема никој да ми дојде. Ако некој зазвони, трчам да облечам пењоар и да се покријам па да отворам варата. Ама да знам дека треба да ми дојде дома некој и јас да се шетам по пижами тоа не. Дури и болна кога бев последниот пат, требаше да ми дојде дома докторката во домашна посета, јас сум земала со 39 температра мијам заби, мијам лице, ставам дезодоранс, облакам нови перени пижами кои личат на тренерки. Инаку за секој ден сум во тренерки, маица или блуза, и папучки за дома. И да, најмногу разам кога на некој му мириса облеката на готвено.
Прво - Никогаш не сум во пижами! Ама баш никогаш! Имам `посебни` алишта за по дома, онака памучни и спортски, а на зима плус и плетено елече Вообичаено тоа се тренерки со маица. И папучи, нормално . За спиење си носам комплет пижами (сакам да изгледаат на тренерки, да се шаренки и мекушести). На лето спијам со обична маица на рамки и гаќи Пс. ако е и ова битно - носам прслуци за по дома, а за спиење ги вадам (ако не ги заборавам)
По дома во зима секогаш во тренерки, никогаш не сум во пижами, на сабајле кратко додека доручкувам и веднаш облекувам тренерки, не можам да се замислам цел ден во пижами, а во лето џинс кратки панталони и рамбовка. На нога обавезно носам папучи во лето апостолки, а во зима топлинки. Секогаш пазам облеката по дома да ми биде чиста и уредна, а косата секогаш собрана во реп.
Да, обожавам да се шеткам по пижами, ама тоа само во викеди, така релаксирано до кај 12 саат и со во рака. Инаку штом се вратам од работа, обично облекувам тренерки или летно време кратки тренерки со така покежуал маички. АКо планирам нешо да готвам или чистам, обавезно облекувам партиска мајца, пошо одма оди на перење . Инаку да, незгодоно е некој да те пречека во пижами. И исто така практикувам малце поубаво да се облечам кога чекам гости. не го облекувам најновото костумче , туку нешо попријатно за очи.
Па гледам да е чиста. Косата секогаш ми е врзана и обично носам хеланки и маица некоја долга , по пижами онака најубаво ми е, тренерки ова она онака не се оптеретувам многу многу
Воопшто не се грижам за изгледот кога сум дома. По пижами си седам по цел ден најкомотно, најлежерно...Или ако не пижами, тренерки.