Па и не внимавам баш...Сега дека поладничко ми е најлесно..Тренерки било каква маица и дуксер некој поширок
Најчесто во тренерки, ама убави тренерки, комплет. Не една ваква друга таква... Во тренерки ми е покомотно, а и по средено делува. Внимавам да сум убаво облечена и средена зашто никогаш не се знае кој може да ти дојде... Летен период си комбинирам шорц со некоја маичка, ама и на тоа внимавам какви се што се... Некогаш знам да останам и во пижами, ама со оглед на тоа дека пижаните ми се убави, тесни и слатки исто ми доаѓа дали сум ви тренерки или во пижами. Никогаш не останувам во истата облека од училиште или од излегување бидејки мразам цел ден да сум во иста облека и уште тоа да се тесни фармерки и прилепена блуза...
Кај мене кога ќе заѕвони врата, се кријам во соба, а ако сум сама не отварам. Па на ништо не личам. Прво што правам кога ќе се вратам дома, се пресоблекувам во тренерки. Не ми се сите убави тренерки (со тешки маки си фрлив едни многу стари тренерки со олабавен ластик, дупка меѓу нозе и флеки што не се перат).. Потоа наредно-одам во купатило и си го мијам лицето од пудра, ја собирам косата и ставам креми.. Си имам шема која крема кога да ја ставам (често сум дома така што не ми е проблем ова). Некои од кремите ми се бели креч, не дај Боже, некој да ме види.... Е сега, кога очекувам гости, е сосема друга приказна.
нормално дека косата ми е секогаш средена , не дека имам фризура правено меѓутоа исчешлана во реп прибрана или плетенка, а облеката ми е најлежерна тренерчиња со некоја маичка , а искрено и во пижами знам да си седам , нормално без шминка . Па дури и да ми дојде некој дома не гледам потреба да се шминкам макар и другар да е
Кога сум дома најчесто сум во некои постари тренерки или по пижами. Така како што ми е најудобно си се облекувам, барем за дома знам дека никој не ме гледа
Секогаш комотно облечена. А стигнувам дома, прво нешто што правам се облекувам во тренерки, блуза или дуксерка и после тоа одмарам. Гајле ми е ако се различни. Па дома сум ебаго, местото каде што можам да се опуштам, па и со дупка да шетам на тамбурчето едноставно гајле да ми е, дали тренерките биле лилави а блузата портокалева не ми е гајле, битно да се чисти. А за гости, не ми доаѓаат ненајавено, сите ме имаат научено и знаат дека ненајавени гости многу многу не сакам. Па се најавуваат пред да дојдат. Па правилно бе, од кај знаат како ќе ме начекаат? Можда немам што да им извадам на маса, можда не сум расположена, можда имам други гости... А за по пижами лежарење по цел ден не можам. Се осеќам како да сум станала доцна и не ми е убаво. Башка и пижамите сакам да ми се чисти само за во постела, а не цел ден со нив седни ваму, легни таму и после да спијам со нив. Ноу ноу
Кога сум дома, да ви кажам право ич не се замрам како изгледам. Обично сум во тренирки, а косата ми е заврзана во репче или пунџа. Најкомотно ми е така
Иако сум дома, јас сакам да бидам средена. Не можам да седам со неисчешлана коса или со некоја стара искината облека. За ноктите, не можам да кажам дека ми се секогаш лакирани но секогаш ми се чисти и средени.
Дома најчесто сум си во пижами. Обожавам да си седам во пижами има ли нешто поудобно од нив? Друга варијанта ми се тренерките кога ке дојде некој на гости. Инаку нормално косата секогаш или во опавче или пунџа. Нема што многу да се внимава бре дома сме си, како сакаме ке си бидеме облечени
Паа моментално сум во новогодишен џемпер, што не се устручавам да го носам и во лето ако ми залади, и дебели хулахопки имам облечено. Не излегувам од соба во вакво издание, ама ми е комотно и убаво, па дома сум си како сакам ќе си се носам
Моментално тренерките ми се во чорапи пикнати и плетените чорапи (калци) одозгора! оу јеа, ако нозете ми се топли, се е толку добро Блуза дебела и елек (од баба плетен) обавезно! Колку и да е смешно, мене важно ми е топло
Бидејки сум дома постојано, се трудам да сум средена. Униформа ми се удобни тренерки, секогаш искоординирани чорапчиња, приберена коса и обавезно си прскам парфемче Не се шминкам за дома, освен понекогаш карминче а ноктите ми се средени без исклучок, понекогаш и налакирани.
Ако не излегувам нигде можам цел ден да го поминам во тренерки некои поудобни што ги користам и како пижами... Ако некој треба да дојде одма се пресоблекувам во хеланки и блузичка ... А кога живеев со бившиот беше друг муабет... тогаш се средував секое утро .. не нешто претерано , но сепак друго е, а знаев многу пати и да му спремам во кујна на штикли и во секси облека , едноставно уживав во тоа , или му шетав облечена а одоздола ми ѕиркаат црвени секси чорапи и си знае што му следува Поважно е според мене за тој што го сакаш да се средуваш отколку за непознатите надвор а за тој да е неважно....А и мажите какви се ... го знаат само тоа што го гледаат па ако некоја се запоставува дома , тој кога ќе излезе и ќе ја спореди со некоја на улица не знаат да проценат Малце забегав од темата, ама јас таков совет добив како девојче од жена што поминала се во бракот и верувам дека сум во право ... Баш ме интересира дали некоја од девојките која живее со дечко го дели моето мислење
Обично сум средена...онака, тренерки, хеланки, со совршено несредено фризурче, без шминка. ....но, вчера кога се погледнав во огледало и кога видов што се имам на себе и како тоа се едно со друго нема врска, сама се изнасмеав кога се сетив на темава и како би било да закачам една фотка од лежерниот хаос што го гледав во огледалото