Скоро секогаш сум во пижами, најубаво ми е и најудобно. Кога ке дојдат гости во тренерки или хеланки. Кога ке дојдам од работа, стегната (хулахопки, прслучиња ова она) и кога ке дојдам дома се туширам, облекувам пижами и косата во штипка или само венче да не ми смета. ПИЖАМИ РУЛС
Па кога сум си дома до некаде внимавам со боите ... но сум си со тренерки или хеланки и некое така послободно блузиче а косата пуштена, си уживам во слободата дома
И по дома мора да сум пицната инаку не се осеќам убаво Секогаш сум со средена коса.. Ама сепак не носам фармерки по дома, туку по хеланчиња сум Ако случајно не сум добро облечена, и ако некој заѕвони на врата, јас одма идам се пресоблакам хахахах
Ич. Па и кога излегувам не се замарам многу. Обично, дремам у хеланки и најшироката можна маица, кога ми е ладно пижами. Косата ми е во репче или оставена на милост и немилост на мојата перница/кревет/воздух.
Ич. Битно ми е само косата да ми биде колку-толку средена, за ако треба набрзина негде да излезам, а косата увек ми одзема најмногу време.
Зависи кога-како. Некогаш ми доаѓа да си се облечам убаво и нешто ново да бидам средена ама затоа некогаш бе брате 24 часа си ги преседувам во пижами и ич не ми е гајле кој сака нека дојде
Кога сум дома задолжително по тренерчиња. Обавезно си ставам сјајце на уста и малку сосема малку дури незабележливо руменило на лицето да не бидам бела како восок.
По дома си носам тренерки ама косата и лицето мислам дека секогаш ми се средени имало денови да сакам да си кулирам и да не се замарам па ни шминка не сум носела ама во спротивност на тоа пак косата и во репче да ја врзам ќе го направам да не биде обично или рибина коска ќе си сплетам или било што друго.Кога треба набрзина некаде да излезам задолжително капа си носам демек мода терам
Koлку само не се средувам , а и зошто би. Абе природно си е природно. По дома со пижами или строго тренерки, косата увек врзана али увек нешо и фали Хеланки не доаѓа во предвид. Мрзам да сум стегната по дома. Ако некој зазвони ненајавен , тешко него, ќе се исплаши
По дома ми е најудобно по пижами и најчесто сум така облечена,ама караниците со мама зашо сум цело време така не се трпат,демек луѓе седеле пос толовите,ќе сум се напраела ко прасе итн.Па јас паметната Christyn си се облакам у трењери
По дома се знае комоција бе брат. Тренерки, маица, блуза, шорц, зависи од годишното време. Дома е моментот кога доаѓа до израз мојата креатвиност во бои. Шарено, шарено и само шарено, а по некогаш и скинато, од кое мајка ми најмогу се нервира и за да си ги скрати маките ми ги зеде сите скинати маици и си бришеше прашина со нив, а јас ко скиснато теле си останав без маиците за по дома Да се чудиш, скинатите маици имаат посебно значење за мене. Во претходен живот сигурно сум била ромка или скитник, нема друго Но да не ме разберете дека носам партали, дупчиња беа во прашање, добро сеа некаде и дупки . Ама секогаш исперена и чиста, тренерките потесни, нормални се, а маиците тесни, нели со дечко ми живеам
Најчесто сум си во тренерки, но никогаш пиџами се знае пиџамите за што се ма колку и да се удобни несакам да ги носам по цел ден и вечер пак да легнам со нив, да се умирисаат на готвено, на чад Сакам кога ќе си легнам да си мирисам на чисто
Па колку внимавам.. во тренерки си седам, преку лето во некоја поширока маица, поудобно да ми е и така.