По домче обично дремам во тренерки или хеланки Косата обично ми е фатена во репче или пунџа бидејќи кога ми е пуштена ми смета.. Никогаш не се шминкам кога сум дома, ноктите секогаш ми се налакирани и средени без разлика каде се наоѓам
Кога сум дома го облакам она што ми е најудобно Најчесто носам хеланки со некоја тренерка или дуксер.Кога знам дека никој нема да ми дојде си се облакам во пижами без разлика колку е часот.тогаш се осеќам најслободно.Косата како ќе ми дојде така ја фаќам зошто ако ми е пуштена рацете ми се во коса цело време.Доколку сум била излезена пред тоа шминката ја чистам пред легнување,а ноктите обавезно ми се средени
Поголемиот дел од денот додека сум дома си носам тренерки, ама сега зимава некако ладно ми е па цело време сум во пижами бидејќи си се греам со креветот. А преку лето боксерици или хеланчиња и поширока маичка да се осеќам полепршаво. Лете - зиме постојано си носам чорапи и влечки, тие ми се како моден додаток Косата ми е средена, т.е. собрана со штипка/ластиче или во пунџа, ноктите постојано ми се средени, а шминка и не толку многу обожавам
Нај - лежарно што може Дома си е дома сега моментално носам долен дел пижами и памучен џемпер. Па што е покомфртно од ова?
Мојот денешен изглед е ваков,ама баш. Само шо немам толкава сензуалност ко женскава на сликава. Пижама у угг,над пижамите џемпер. Абе за на црвен килим сум денес! Се спремам за оскари вечер.
Скоро секогаш сум во пижами, ако ми е ладно тогаш врз нив носам џемпер или тренерка, долу обавезно собни патики со крзно, а ако два дена не сум излегла од дома како на пример сега, подобро да не ми доаѓа никој на гости, ќе се разочара каква сум ужасна
По пижами all day long Секогаш сум во пижамки кога сум дома, а косава пуштена, како што ми е виткана, на сите страни е ама па убаво ми еее, барем тогаш да ја одморам од шноли. Најсмешно е кога ќе заѕвони некој на врата, и одма бегам во соба да не ме види некој, чекам моите да отворат, па ако се гости, одма се преоблекувам во тренерчиња Што значи, воопшто не внимавам на мојот изглед по дома, и ми е гајле
^ Јас пак 3 дена не ги слеков пижамиве зимава Ладно беше, не сум јас крива, затоа не излегував Инаку, во предходниот пост заборавив да кажам дека косата најчесто ми е во обична плетенка (гледам да не ми смета) и многу внимавам на лицето, никогаш не сум нашминкана по дома, секогаш го чистам со тоник и со камилица 2-3 пати во денот.
Па не внимавам многу, си носам хеланки со дукс или тренерки, а може и пижами. Косата си ја врзувам или ја фаќам со штипче. Шминка ретко носам, кога ми е досадно и се шминкам.
јас по дома сум во тренерки ако не ме мрзе да се пресоблечам а ако ме мрзе да се облечам .Јас по дома никаде не носам стара облека па тоа важи и за дома.Јас дома внимавам на изгледот и секогаш сум изчешлана или врзана репче а за дома не се шминкам
кога како.. зависи од расположение. ако ми е досадно тогаш се шминкам, се средувам а ако сум во период во кој мрзата ми е најголем пријател или за време на колоквиумска недела тогаш не внимавам воопшто ни на облеката ни на изгледот и тогаш си носам пижами. А за по дома заборавив да кажам секогаш носам тренерки или хеланки.
Па да внимавам на изгледот. Никогаш не носам облека што е за фрлање, сосмирисана, исфлекана.. Често сум во тренерки, хеланки, дукс. Косата ми е средена. Никогаш не седам во пижами, се чувствувам како болна и сл.
Никогаш, ама баш никогаш не носам дома облека која ја носам надвор. Првата работа која ја правам кога влегувам дома е да се пресоблечам. Бидејќи на работа се бара од мене да бидам секогаш дотерана,нашминка и со средена коса, кога сум дома гледам да се опуштам.Косата обавезно ја собирам и носам тренерки или хеланки со некоја маица. Најчесто тоа се работи кои си го ,,отслужиле,, своето.Не дека се искинати,ама не ги користам повеќе за надвор.Јас дома имам куче, што значи дека неизбежно, колку и да се чисти по дома-ќе се налепам со влакна од моето срцуле.Башка, по дома најчесто седам со свиткани нозе,па тоа дополнително значи ,,коленици,, на тренерките. Така да, све у свему- тоа што го носам дома, никако не го ,,шетам,, надвор.
Не внимавам многу Обично трњерки носам или некоја блузичка и хеланки..ретко во пижами Косата ми е секогаш средена исфенирана или пеглана.., некгаш се случува и собрана или во пунџиче.. Ноктите скоро секогаш ми се средени.. многу ретко се случува да ги запоставам.., но брзо ми иде паметот ХОхОхоО
Па најчесто не внимавам нешто многу многу за изгледот по дома. Сеа не дека одам со мрсна коса, со облека што е за фрлање и слично, туку најчесто сум или во тренерки, или во хеланки и маичка. Порано дома скоро секогаш бев по пижами, ама некако во последно време таа навика ми ја снемува, а тоа е добро.Косата ми е секогаш ок, зошо никогаш не се знае, кај ќе треба и кога ке треба да излезам, па за тоа у тој поглед гледам секогаш да бидам спремна. Ноктите исто така ми се секогаш средени, а шо се однесува до шмика, некам а и неможам за по дома да седам нашминкана. Секогаш кога си идам дома, одма си ја вадам шминката
Кога сум дома се обидувам секогаш да бидам во најлежерна комбинација. Секогаш си носам трењерки и некоја поширока блуза, добро не да пливам во нејзе еми да ми е покомотна. Шминка никогаш не носам по дома, само што ќе се вратам од некаде нашминкана одма ја вадам бидејќи неможам да ја трпам на себе. Косата ми е секогаш средена дури и многу ретко ја собирам во реп.
Најчесто во тренерки, ама некои удобни, не да ме стегат и нервират На косата најчесто користам трака за да не ми паѓа во очи, а никогаш не се шминкам
Тренерки, пижами, стара облека пред фрлање? ДА! фармерки или пак си го носите она што сте го носеле во школо/работа/некое излегување и ве мрзи да се пресоблекувате ... Да и тоа, али не многу често некогаш со маицата останувам или хеланките -И дали внимавате на изгледот дома? Ако сте неколку дена по ред дома знаете ли и да не се исчешлате, не се средувате воопшто, не се замарате и онака никој не ве гледа. Или напротив исчупани, налакирани, исфенирани сте секогаш па и кога со денови седите дома. не не се средувам, само ако не одам негде