Порано седев по пижами по цел ден и дури вечер ќе ми текне да се пресоблечам за 2 саати и ајт треба да си легнам па пак пижамите. Ама многу ми се удобни пижамите затоа,но веќе не правам така.Еднаш си реков ајде срмаота е кога и да дојде една другарка(моја и на сестра ми) јас стално во пижами бев,дење ноќе ма нема везе..Језда сме блиски ама страмота е,си ставив прст на чело еднаш и одтогаш пижамите само за спиење и сабајле понекогаш може со нив пред компјутер да седнам и кога станувам одма се пресоблекувам.Моментално носам едни плави фармерки не им е избледена бојата у возна состојба се тие ми се само за по дома,и не ми е срам ако со нив се појававам во јавност мислам до продавница,на шетање.Баш како за низ населба се.После,носам една розева блуза во риги со сиво и одозгора еден темнозелен дуксер.Не ми се баш усогласени боиве али сега и за дома..Не дека не сакам ама што се вика се радувам на ново парче облека што ќе си го купам за низ град/школо,па сега уште и за дома,немам баш услови тоа е тоа..Инаку би си купила тренерки и би си ги изнаносела.За се штедам ама за тоа никако да заштедам .Косата ми е со 2 шноли колку да не ми го покрива лицето зошто мразам да ми е неудобно во своја кожа цело време да ја тргам косата и сл. ПС: неудобно ми е малку да носам хеланки низ дома незнам зашто,носам ама епѕтен кога другото ми е за перење или пред перење и слично,инаку си носам хеланки за по физичко и тогаш ми е неудобно ама неам тренерки затоа..
Обично кога сум дома седам по пижами,освен секако ако не се најави некој да дојде...а ако дојде не најавен ќе ма нјди по пижами ,а кога веќе морам да се облечам за дома носам тренерки,најудобно се чувствувам во нив...
Не внимавам.Често се случува цел ден да бидам во пижами така да и да дојде некој кој често го гледам или некоја пријателка не ми е проблем.Навикнати се.
Воопшто не внимавам, па кој ме гледа по дома освен моите и брат ми по цел ден сум во пижами, понекогаш ќе облечам некоја постара блуза, ама доле обавезно носам пижами
Ооо...у што не сум облечена...пижами ...па коа ќе ми застуди трк до кај баба ми по некој елеци нагрни бре право македонче па и што има везе
По дома сум секогаш во пижами.Кога ќе се вратам од школо,од пракса,од искачање секогаш се пресоблакам во пижами.Во нив едноставно најкомотно си се осеќам.
Не ми е јасно како цел ден го поминувате во пижами, со нив седите во дневна, минувате време во кујна каде што се готви и потоа со истите пижами си легнувате да спиете. Мене пижамата ми е синоним за нешто пријатно, меко, чисто и сакам кога ќе ја облечам да мириса на омекнувач а не на манџата која дента се готвела, или на компирот кој што мајка ми го пржела. Ми се случувало да поминам така некој ден во пижами, ама потоа кога ќе легнам токму од овие причини не се чувствувам убаво во нив и ги менувам со некои други. Јас кога сум дома најчесто сум во тренерки, освен на лето кога си носам некоја лесна облека, фустанчиња, сукњи и сл. Внимавам да ми е усогласена гардеробата, сакам и чорапите да ми одговараат со тренерките ,и се да биде чисто. Косата најчесто ми е собрана во пунџичка или сплетена во плетенка бидејќи ми е долга и ми смета, а шминка не ставам, освен некогаш ако ме фати мерак да си ставам малку пудра бидејќи ми здодеало да се гледам светната како лампион во лицето
Има и полошо од тоа, да видиш некој до продавница идат со пижами, а после спијат со нив, бактерии во кревет си внесуваш Ретко ретко да останам во пижами по дома, освен ако не лежам во кревет пола ден и гледам серии... Не внимавам баш да ми одговараат до толку многу, сакам само се да ми биде чисто и да ми се здрави, а не како што викаше баба ми како циганка со скинати тренерки. Најмногу ги сакам оние over-sized маички што се долги како фуснтанчиња Имам таква маичка со твити голем, и од напред го има и од позади на маицата И сега го носам, баш На нозе не носам влечки, оние калчинчиња со животни во зима,лето боса Косата пунџа, репче, ретко пуштена, ми смета е и не ја чепкам толку многу и не мрзам безпотребно
И јас тоа не можам да го сфатам, сум пишувала и на темава за тоа. А сум гледала и во маалава, по пижами во продавница. Едвај чекам кога ќе се разбудам да се преслечам во тренерки, дали горната е лилава, а долните сини не ми е нешто посебно важно, битно да се чисти и перени. А во постела кога легнувам сакам со чисти пижами, нема шанси да се шетам низ цел стан со нив, седни овде, легни онде, ете што викаш и јадење се готви... не фала. Бактерии и мириси директно в постела.
Еве јас кревам два прста како некоја од тие што го преседуваат цел ден во пижами Обично само долен дел пижами носам а горе или рамбовка или маица на кратки ракави ама никако не легнувам во кревет со истите пижами што сум ги носела цел ден, јас не можам да легнам во постела со немиена коса а камоли со пижами нечисти. Кога не носам пижами сум во тренерки долен дел и горе маица на кратки ракави, косата собрано во реп или плетенка да не ми смета, чорапи никогаш не носам без обзир на годишното време и без шминка. По дома може да се случи да сум во некои стари исфлекани алишта кои ги чувам само за кога чистам да не упропастувам и други алишта, инаку сум во чисти испеглани алишта, не ми е убаво да се шетам по дома како парталка.
преку зима сум во тренерки и плетено елече од баба а преку лето најчесто мајци, сукњи и сл. косата ми е соберена, иако имам долга коса ни за излегување не ја ја пуштам, секогаш ми е вржана. во пижами неможам да се замислам по цел ден да ги носам, но затоа татко ми и брат ми нон стоп се во нив и дење и ноќе
Се облекувам да ми биде удобно со цел да се тргнам од фармерките кои барем половина од денот ги носам. Си носам исклучиво тренерки ( ретко и пижами ). Во нив ми е нај нај удобно