По дома исклучиво по пижами, и тоа по цел ден, секој ден Да не речам 24/7 Косата најчесто ми е врзана дома, дали во пунџа, дали во реп, не е битно. Нормално, ако доаѓаат гости се облекувам во нешто пристојно, но не се дотерувам премногу, може тренерки или нешто удобно. Па сепак сум си дома. А ако излегувам, е тогаш се веќе церемонии Следи прво бањање, па шлакање со млеко за тело, па фенирање, па шминкање и се’ по ред. АМА, морам да се пофалам дека ноктите во секоја прилика ми се средени и лакирани, без разлика дали сум дома или излезена Слаба страна ми се, уживам да си ги средувам и лакирам Впрочем, тоа и правам најчесто кога сум дома
^ Исто и јас. Дома си седам по пижами, не внимавам многу на облеката. Ама ако дојдат гости се суредвам малку се разбира И мене ноктите ми се секогаш средени. Ќеф ми е многу да ги шарам
Се си зависи од расположението ... некои денови сум само во пижами и не ми се облака ништо друго , додека пак некои си се дотерувам по дома , и сите ме прашуваат каде ќе одам или каде сум била ..
Воопшто не пазам на облеката кога сум дома, најчесто сум во пижами , некоја широка блуза и тренерчиња , спаваќа и сл. Косата ми е собрана во некоја бушава пунџа и така си терам. Затоа кога ѕвони некој на врата,морам да трчам до соба прво да заличам на човек пред да се појавам пред гостите. За дома никогаш не ми паднало на памет да се шминкам. Основната хигена ми е секогаш запазена. Ама што се однесува до облеката,гледам да ми е комотна.
Пред 6 по цел ден седев во пижами а кога некој ке заѕвонеше на вратата морав прво да одам во соба да се пресоблечам па да ја отворам вратата.Сега морам да внимаавам на изгледот и кога сум дома затоа што во секој миг може да дојдат гости.
многу внимавам на изгледот дури и за по доама станувам се облакам се шминкам ја фенирам или виткам косата е после тоа никој и ништо неможе да ме изненади кој сака нека дојде
И јас воопшто не внимавам на изгледот кога сум дома. По цел ден сум во пижами, или кратки панталончиња, со разбушавена коса А некогаш знам и таква до продавница да се прошетам Пижамите ми се такви шаренки (едни црни со розево од Џамбо) па личат и на комплетче, не баш на пижами, ама и да ме познаат гајле ми е
Не многу. Никогаш не седам во пижами, комшикиве си имаат навика ненајавени да доаѓаат па неможам секој ден да трчам од соба до соба да се пресоблекувам. Си носам кратки панталонки, оние шушкавите што се и некоја маичка што веќе не ја носам на школо. А косата најчесто ми е врзана.
Кога сум дома баш и не внимавам на мојот изглед...Обично сум облечена у маиче и шорц ,некое летно фустанче или пак многу ретко у пижами...Косата ми е фатена горе со штипка немам шминка и не носам ни папучки ни чорапи..Боса сум си
Па онака....си седам по горна маичка и гаќички,косата фатена во пунџичка...лицето измиено,исчешлана,истуширана,секако дека внимавам на хигиената дека ми е многу битна ама нормално дека нема да се китам многу
Дома како дома, кој ќе ме види? Едноставно, што ќе дофатам тоа облекувам, но оние поновите алишта, ги сместувам на посебно место, за да не ги помешам. Косата ми е најчесто пунџа, често неисчешлана, но на хигиената внимавам, бидејки лицето сакам да ми биде чисто, мразам кога ќе се погледнам во огледало со лице полно акни... ме разбирате зар не?
Молам чупана, фенирана, лакирана, дотерна, пицната по дома ? Немој да ме је*еш бре. По дома сум во пижами или тренерки најкомотно е. Косата ми е како торнадо да вртело во неа Шминка ни грамче Ако ме види некој таква (освен домашните) ќе се запраша: ова "Лининг" ли е бре? А за разлика од мене сестра ми ако може и штиклите ќе си ги облече Секој ден нова облека, нов лак, нова фризура, прслук обавезно (иако има големи да не речам огромни гради). Лепотиче е и надвор и дома.
по дома сум обицно во комотни фустанцинја во лето и во тренерки во зима а за чешлањето се чешлам по 100 пати на ден кој што прави јас се чешлам посто имам коса до под газот и многу си ја сакам и внимавам на неа ноктите мора да ми се средени и лабело мораа!
Најобично во пижами или тренерки некоја широка маица шишките собрани во штипче а нормално ако доаѓаат гости ќе си се средам
Најчесто во пижами,некои комотни(памучни)шорцеви и блузичка,фустанчиња.Иначе строго внимавам на хигиената исчешлана сум,измиена ако сум,косата ми е фатена во репче.....
Па јас за по дома носам убави работи-секако удобни... Кога насабајле ја одбирам облеката за по дома, прво гледам да е нешто удобно, а понекогаш и широко.. ...А понекогаш кога сум дома цело време знам и да не сум средена во косата, али ноктите ми се секогаш убави, цело време ги лакирам и се грижам за нив, па дури и кога е само за по дома
Ич не внимавам на изгледот, затоа што знам дека ме сакат каква и да сум Прво-секогаш носам нешто удобно(шорцеви,мајци, рамбовки, обичо памучни работи) Второ-шминка никако, во никој случај. Па само дома можам да го одморам лицето од шминка, нема смисла и за по дома да ставам. Трето-косата ми е секогаш, средена исчешлана некогаш пуштена но сега дека е топло најчесто собрана. Четврто-ноктите ми се секогаш средени и налакирано но, добро ова нема врска дали сум дома или надвор, тоа го правам за да ми бидат поцврсти да не се кршат (во фаза на растење ми се, па нели лакот им дава цврстина). Дома е место каде што се чуствувам најкомотно и немам од кого да кријам па затоа не се ни грижам толку многу за изгледот но, секако хигиената пред се‘.
Воопшто не внимавам Дома сум без шминка, косата врзна ( барем сега за време на жештиниве ) и се облекувам во она во што се чувствувам најкомотно
Внимавам до некоја граница. Кога сум сама дома, носам долга маица и кратки пижамчиња. Косата ми е врзана во бушава пунџа да не ми смета. Шминка немам никаква. А кога сум со мама и тато, само со едниот, носам маичка и кратки пантолончиња, носам нешто како прслуче, без рамки, многу меко. Шминка пак немам, косата ми е или во пунџа или во реп собрана. Може да ни дојдат гости не се знае. Куќата ни е спроти амбуланта и во куќава имаме амбуланта, па често сме со гости, кои си идат ненајавени.