1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку внимавате на изгледот и облеката кога сте дома?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 6 јануари 2011.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    И јас сум по пижами најчесто. Има денови кога не излегувам никаде, па ги соблекувам само за да се истуширам и пак си ги облекувам. :$
    Кога се враќам дома од некаде, веднаш се пресоблекувам и облекувам едни тренерки адидас што ми се од седмо одделение, многу широки, а долу со ластик и патент. :tmi: Смешни се, ама најудобни.
    Купив едни тренерки од Орка пред две години за да личам на човек по дома, ама кога не ми легнаа на срце што да правам... не ги употребувам многу.
    Абе пижама си е пижама. :)
    А косата и облеката ми е секогаш чиста, зашто ако ми мириса на
    манџојна
    не можам да се поднесам. Шминка? :shake: Само го чистам лицето наутро и го мачкам со крем - за дома и повеќе од доволно ми е.
    Ако ѕвони некој на врата ја праќам мајка ми да отвори, па ако ме бараат мене инстантно се пресоблекувам во попретставителните тренерки.
     
  2. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Внимавам да бидам секогаш средена за да можам да тркнам до продавница а при тоа да не чекам да ми дојде јајцето на гзот па да се спремам пред да треба да излезам и гледам да си бидам средена зошто незнам кој може да тропне на врата во секој момент :)
    На мене тренерки, косата фатена во репче, шминка никако зошто сакам кожата да ми диши а и немам потреба од шминка. Секогаш ама баш секогаш дали сум дома или не сум задолжително користам дезодоранси (татко ми ме вика цветче, бидејќи секогаш убаво мирисам :D )
    Моето омилено лабело од вишни (пушта боја но сосема малку, доволно устата да добие природно црвена боја) и тоа е тоа (а ако очекувам гости знам и дискретно да се нашминкам)
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Внимавам само да ми се чисти :D
    Најрелаксирано и најопуштено се чувствувам дома, како дома никаде не е !
    Кога сум цел ден дома ми се случува да си седам цел ден во пижами косата или пуштена, а пред вежбање или на лето кога ми е жешко секогаш во реп, море моево не е реп , репиште е :)
    А заборавив да кажам дека кога вежбам сум посебна приказна надвор +40 јас ако сум насправа кратки пантолончиња ама имаат материјал како хеланки од порано ми се од мајка ми имам едни зелени и едни црни + чорапи во која било боја и патики , а ако не сум на справа едни розеви хеланки до колена материјалот им пишува дека е полиестер 92 % нив строго за вежбање, а горе една обична бела блуза .
    Инаку ако не сум во пижами сум со трењерки пошироки долни и горна широка блуза со капуљача лели тие тесните секси трењерки ми се за надвор од дома.
    Има и друга варијанта, горе пижама долу трењерки .
    На лето најчесто преку ден носам некоја блуза со кратки ракави (што не ја носам надвор) значи во таа блуза можат да ме видат само комшии и некои најблиски, а гости кога идат само ја пресоблекувам блузата и облекувам нешто поприкладно, бидејќи ми се случува ако ми е жешко и со таа блузата да си заспијам.
    Шминка дома НИКАКО, само ако испробувам како би ми стоело , комбинирам и после тоа одма ја отстранувам, а ноктите главно ми се средени ама се случува кога сум 3 дена по ред дома да ми се изгребе лакот, ако во моментот немам ацетон така да го оставам.
    Дома сум си најприродна бе ,ко што можам дома да се опуштам ми се чини неможам никаде на друго место.
    И ете се распишував сега читајте реферат, а и онака никој не ве тера сосила да го читате, кој го интересира како седам дома :D
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.023
    Допаѓања:
    198.960
    Пол:
    Женски
    Па си пазам да бидам чиста и да не ми се скинати алиштата. Обично носам тренерки (најчесто црни) и горе некоја блузичка, подебела, послаба, зависи од тоа колку е топло. Шминка и фризура посебно немам. На лицето имам само крем, а косата ми е секогаш пуштена, освен кога се меткам во кујна или кога чистам. А мразам да ја носам фатена. Ноктите и рацете секогаш ми се средени. Пижами ми се случуваше да носам кога спремав испити, ама и тоа ретко. Не можам со истите пижами што сум ги м'кнела цел ден по дома да си легнам во кревет, шубе ми е. Како и да е, сакам да сум средена, да личам на човек, а пак да ми е удобно.
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Дома најчесто сум по пижами, ама почнаа да ме критикуваат, па сега си седам во тренерки. Не дека нешто многу дотерана шетам низ дома, ама сакам да сум средена. Мразам кога не сум издепилирана, со мрсна коса, неисчупана, зошто не си се сакам таква, едноставно не се чувствувам удобно во своја кожа. Косата ја фаќам во опавче, шминката секогаш ја вадам пред спиење, ама сум потсредена зошто не ретко се случува да наиде некој, или да ми дојде другарка на кафе :wasntme:
     
  6. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.845
    Пол:
    Женски
    Ич, поготово сега деновиве кога сум дома
    Се шминкам само од потреба кога треба да одам негде, а кога сум дома скоро никогаш немам шминка.
    Косата ми е секогаш врзана во репче!
    А за облеката најчесто во тренерки, удобно да ми е. Не сакам да сум во пижами, незнам зашто, некако тоа ми е само за спиење
    Моите дома веќе се имаат навикнато и ако НЕКОГАШ ми текне да се нашминкам секогаш ме прашуваат да не одам негде :D
    Па за џабе не се вика дека дома треба да е најубаво, да не се замараш со дотерување и слично, јас барем си го почитувам тоа ;)
     
  7. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    Имам два пара тренерки така што си ги носам за по дома и баш ми се пријатни.....додека едните се перат другите ги носам и така...не носам толку стара облека зошто ете може ќе ни дојдат гости на сестра ми дечко и или сл...и јас цела како парталка......ама за холохопки и боди значи под тренерките за по дома ги носам најстарите работи цели се испокинати изшиени по незнам кој пат,цели се дупки како да ме пукале...мајка ми постојани ми црка да не ги носам тие ама јас.....здравите си ги чувам за кај дечко ми за на фак,за излегување....и сл.
    Инаку да се надоврзам на темава многу ми е грдо кога некоја девојка ќе оди кај дечко и ќе седеле дома немало да излегуваат и не се средува си излегува така како што била дома,па среди се мајка му,цел ден кисниш во тие алишта преслечи се,чисти испрани,ќе си остави така лоша слика за себе,освен тоа па сакам и да си се дотерам за своја душа незнам како така(одат со мислата не излегувае не одиме на кафе и ај-без врска).....не го подржувам тоа,се извинувам некој ако се пронајде или се навреди,ама тоа е само мое мислење!!!! :tmi:
     
    На DamaVoPizami му/ѝ се допаѓа ова.
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    21.743
    Пол:
    Женски
    Најбитно ми е да сум чиста јас и облеката што ја носам. Најчесто по дома сум во пижами, но ме критикуваат заради тоа и во последно време се трудам да носам тренерки. Косата пуштена сега, а летно време фатена со шнола обавезно бидејќи ми е долга и не можам да ја трпам по вратот кога е топло. :) Инаку, не сум љубител на шминка, и кога излегувам се шминкам дискретно, со исклучок на одредени ситуации, па така дома не ставам ништо на лицето освен бебешки крем за лице и доволно е. Сакам дома да сум опуштена а не да се замарам дали ми е размачкана шминката или не :)
     
  9. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Јас нема шанси да сум дома, а да не сум во пижами, единствено гости кога има облакам тренерки. А за шминка да не зборуваме - за дома нема шанси. Јас и онака не се шминкам денски - ако одам на кафе или на друго поофицијално место минимално нешто, иначе абер немам. Па се знае природно си е природно :D

    Инаку многу пазам да сум чиста, ако пижами ама чисти да светат :) . И така...
     
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    По дома удобно и во зимските денови топло. Не се дотерувам за дома, ниту се шминкам ниту се стегнувам бог ти знае во што. Па дома сум, не на чаршија. Тренеркички стари секако, некое блузиче и топло џемперче. Ако седам во пижами сите викат спанка сум била, ништо не сум работела.
     
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Пижамите си ги комбинирам, мразам во комплет да ги носам,а комбинациите зависно од тоа кој се погодиле чисти на пример фротирска циклама боја горна пижама со долна најобична памучна пижама црвена.
    Што значи не внимавам освен ако не доаѓа некој на гости.
     
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Не внимавам! Се облекувам во нашироката и најудобната облека и кога ми е многу ладно го носам големиот џемпер на мама. Косата и шишките ми се собрани,шминка неможам да поднесувам и дома,па обавезно кога ќе се вратам од некаде ја остранувам. Внимавам единствено ако ми дојдат гости.
     
  13. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    180
    ма ич не внимавам ева баш сега у моментов горната пижама ми е на опачки исто и чорапите хаха така да не се заамрам за дома како сум облечена :rofl: понекогаш знам да лупнам и тренерки од братми 3броја поголеми зш така ми е комотнооо :rofl:
     
  14. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Воопшто не внимавам,што ми дојде си облакам.Е сеа ако ми доаѓаат гости фала богу дека малце ке се подсредам :$
     
  15. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    ве тренерки, хеланки или пижами. не внимавам воопшто како изгледам, ни дали сум убаво исчешлана :lol:
    на лице само крем и лабело. то е се.
     
  16. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Не внимавам! Па и дома ли да внимавам!Секогаш сум у пижами нај комотни ми се....само преку лето долен дел пижама горе маичка на брателки....преку зима у пижами дебели, чорапи дебели....ова само кога сум сама дома да се разбереме ( а понекогаш блиска другарка може да ме начека не средена...) Ее косата секогаш ми е во репче или пунџа..шминка нема шанси...ноктите ми се секогаш средени! Еее кога имам гости тогаш сум или во тренерки долен дел а горе широка блуза некоја....или хеланки и маичка! :)
     
  17. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    По дома во тренерки или пижами,косата во репче и на лице само лабело :D
     
  18. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Ами за тоа дома си е дома. Најкомотно си се облекувам, по тренерки, или некој широки панталони со дуксерче. Ако останам по пижами тогаш тоа е само долниот дел, нагоре искомбиниран со некоја блузичка. Некако шубе ми е и на горе да сум по пижама цел ден..демек има разлика кој дел е ама ајде де :lol: Од шминка немам ни ш! Така мразам кога имам пудри и римели по мене за надвор па уште по дома да седам така. Косата најчесто ми е пунџа, ама ете не било убаво за неа постојано стегната па сега знам и да си ја сплетам во плетенка или само лабаво соберам.И тоа е тоа ;)
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    по дома изгледам како на гробарот лопатката :lol: :rofl:
    пижами, чорап(некогаш и скинат :$ :lol: ),без шминка.... Mоре си викам кој ме глеа :P.... E, ајде ако не да ставам штикла 12цм, шминка, да испеглам коса, и фустан да облечам :lol: дома сум, не сум во некоја дискотека :lol:
     
  20. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Абе како за по дома. :D Со сите алишта на мене, во разнобојснот, но важно ладно не ми е. :!:
    Зимно/ летно време пижамите се на мене. Сега може да се случи и врз нив да имам облечено долен дел тренерки, горе дуксер или пак широка блуза, 2 пара чорапи на нозете и онакви кученца. Косата кога сум дома ми е собрана онака бушава пунџа и не ја чешлам.
    Летно време исто пижами или пак шорцеви и горе потенка маичка или пак некоја рамбовка.
    Ич не му ја мислам за по дома. :)