Ииииич. Цело време по пиџами и без шминка. Без прслук секако. Косата фатена во некој вид на пунџа, така истуткана цела. И то е то воглавном.
Ни малку ! Од 24 часа, 23 ми се во пижами, а другите во некои тренерки или стари хеланки и некоја стара блузичка (тоа кога доаѓа некој дома,нели ). Најубаво и најкомотно ми е во пижамите, па затоа највеќе нив си ги преферирам. А косата ми е најчесто во коњско опавче, кое и не е баш убаво собрано.
Дома најчесто сум во пижами,освен кога треба да ми дојде некој (тогаш се пресоблекувам) и облекувам хеланки и рамбовка или пак некое фустанче за по дома . Косата ми е најчесто собрана.
Не внимавам многу, сепак сум дома и сакам да ми биди удобно, косата секогаш ми е собрана, најчесто седам по пижами, по фустан дома не можам да седам, не удобно ми е и не можам убо да седнам ко шо треба а нити па да се раширам , најчесто носам хеланки најудобно се осеќам во нив и со рамбовка горе
Скоро ич. Претежно дома си седам по пижами и мајка ми многу ја нервирам, но јас сакам да ми биде комотно, а покомотно нешто од пижами, амин! Само гости кога идат гледам да облечам нешто по салам т.е да не се пижами.
Не сум преокупирана да бидам дотерана, ама најважно ми е да биде чисто и да не биде скинато, излитено. По дома носам работи што им прошол рокот за да бидам дотерана во нив и не се за пред многу широк аудиториум. Тоа се некои постари маички со ислупен принт или одлепени циркони, стари тренерки и сето тоа да е широко и удобно. Прво што правам кога доаѓам дома е да се пресоблечам зашто знам да бидам несмасна и сакам да се опуштам во домашната униформа. Никогаш не сум го поминала цел ден во пижами (освен кога сум болна и не можам да станам од кревет), бидејќи не се чувствувам пријатно и не ми е убава помислата да спијам во тоа што цел ден се влечам по дома. Летно време тоа се шорцеви и рамбовки, маички по куси ракави, а во зима тренерки, дукс, џемпер, чорапи до колена и папучи. Косата ми е прилично фатена во репче или пунџа, ноктите редовно средени, а да се нашминкам специјално за дома кога знам дека нема да одам никаде- не ми се случило. Денови кога знам дека нема да излегувам, вадам шминка и го продолжувам денот за нега, маски, чупање, средување фризура, нокти и останати женски уживанции.
за дома ич не му ја мислам шо че ми се фати тоа си носам само пижами не ( оти со мајками лом се прајме ко че ме види со пижами и да одбегнам кавги )
Воопшто не внимавам. Што ќе ми се фати при рака од постари алишта за по дома, земам и облекувам. Да видите само како одат зелена и виолетова
Најобично што може. Во летно тенко фустанче или во куси панталони и маичка на куси ракави. Косата фатена во реп или пунџа и то је то.
Што ќе ми се најде тоа носам низ дома и воопшто не се грижам како изгледам,па не се срамам од моите дома.
Најчесто сум по пижами, но ако идат гости си облекувам тренерки, не внимавам баш што носам за по дома.
хахах..по дома секогаш се облекувам во онаа што се чуствувам пријатно..на пр. трнерки..широки блузи..пижами.. сепак дома сум.
Не внимавам, ама ич.Не сложувам бои и комбинации за по дома, косата ми е обично фатена во реп или пунџа
Па што да внимавам, си носам тренерчиња во зимно време или хеланчиња со туника некоја така или џемпер полежерно, пижамки... за косата не се замарам ич си ја носам секогаш фатена.
По цел ден сум во пижами, освен ако не идат некои гости па да морам да се преоблечам.Ете колку внимавам.
Не внимавам,се облекувам најобично.Тренерки,хеланки или пижами за викенд во зима,а во лето некои куси панталони со маичка со кратки ракави или некој опуштен летен фустан.Косата најчесто во реп,а кога одам некаде,макар и до продавница,косата никогаш не ја собирам.