Јас сум цееел ден во пижами. Најубаво ми е. Се враќам од работа и пижами облекувам. Само ако дојде некој, па ајде тренерки. Дечко ми само вика по мене, не било убаво, што е тоа цел ден пижами ова она. Е арно ама кај и да е за некој месец почнуваме заедно да живееме. И уште сега се чудам како ќе правам. Јас 20 години вака, а него му смета, башка не иде запуштена по дома да се шетам, да ме гледа. Ќе биде интересно
Порано не ми беше битно како изгледам кога сум дома.Пижами или тренерки, без шминка, косата во репче или пунџичка и тоа е тоа Ама, после неколку ситуации кога ќе дојдеше некој ненајавено или ќе требаше да излезам неочекувано, сфатив дека така веќе не оди.Сега, се трудам кога сум дома да сум облечена како да ќе излегувам, да имам барем пудра и креонче и косата да ми е средена
па повеќето време го поминувам во пижами онака најкомотно ми е ама косата секогаш ми е средена шминка не ставам за по дома а тренерки облекувам кога доаѓа некој или пак кога сум слободна цел ден па не спијам средувам по дома чистам и така.
Кога немам најавени гости, знам ептен да се опуштам...по тренерки, со мрсна коса,без прслук, шминка јок Е сега проблем е ако некој ѕвони на врата, што побрзо: дали да се исчешлам, да ставам прслук.... тогаш настанува вистински хаос
-Како си се облекувате по дома? Хеланки, маици, тренерки & пижами... -И дали внимавате на изгледот дома? Нашминкана не сум никогаш по дома, ноктите секогаш ми се налакирани, понекогаш ако ме мрзело да вадам ми останале моите омилени обетки (белите бисери)(не вистинки ), косата секогаш ми е во пунџа или репче. Ете толку...аа да и топлинки си носам
...... .....по дома.......најчесто сум по тренерки или некои стари пантолони,хеланки ,маици или блузи...ретко сум по пижами,затоа што поголемиот дел од времето го поминвам во кујната,со готвење,чистење,така да во едно сум облечена до ручек а во друго послето...се преслекувам ради мирисот од готвењето.... .....дали сум средена по дома........не сум секогаш топ од главата до петиците,ама сепак сум исчешлана,малку сјајче на усните и понекогаш креонче,колку да имам некоја боја на лицето затоа што сум бледолика....хахаха.. .
Опуштено по дома можам цеееел ден у пижами да си го поминам,ама ич не му ја мислам нормално ако ми се најави некој ке заличам на чоек иначе јок..
Јас пижами носам само додека пијам кафе, после се пресоблекувам обавезно. Ако сум дома облекувам хеланки или тренерки а горе некоја постара блуза и врз неа дебел џемпер/дуксер, ова за во зимо. На изгледот дома не внимавам воопшто само кога сум болна или ми е прв ден менструација инаку обично не можам така да седам во пижами и да се влечам како партал дома.
Колку се може пошироки пиџами, мрсна коса врзана во колку се може побрлив хибрид на реп и пунџа. Шминка едино ако претходната вечер сум била на излегување па ми останало креон и римел и ме мрзи да се бришам. А богами, чак-пат и саглам цицкотрес праам. Па ако некој дојде, ќе натегнам прслук врз бодито.
многу ..мислам девојката во поголем дел од времето треба да е убаво облечнена , не во стил скапо и сличноо и да е најефтино со вкус инаку ми се случува и ми се случило да не внимавам па баш некој да дојде тогаш па после ми било срам има исклучоци и денес , сепак треба и опуштено . инаку сестра ми на работа оди секогаш средена а дома и низ маало се шета со прилично лош изглед е тоа не го поддржувам
Кога сум дома не се многу замарам со тоа што ќе имам на себе и колку ќе сум средена.Ипак во моја куќа сум си што сакам тоа ќе си облечам.Најчесто носам пижами или тренерки и си ја врзувам косата во некоја бушава пунџа.
Внимавам. Зошто би седела цел ден во пижами? Не сум наконтена за по дома, со брендови не знам што, но секогаш сум чиста и неизгужвана. Шминка не ставам, но сакам да сум средена и исчешлана. Не се знае кој може да налета на врата.
Некогаш знаам за дома да си носам цел ден пижами Инаку си носам тренерки.. комотно, удобно.. Косата, собрана некогаш пуштена.. Не се дотерувам за дома.. Најудобно се чувствувам така, спортски облечена
Паа внимавам обично носам тренерки или пижами, косата најчесто ми е врзана.. не се дотерувам за по дома ама си внимавам како изгледам и како сум облечена