Кога знам дека никој нема да дојде во пижами се облакам и дремам така цел ден, а ако имам гости тренерки.
Пижами,пижами и пижами Обично косата ми е фатена во реп и некои комотни пижами.Е сега кога доаѓаат гости секако дека се потсредувам
Какво внимание бре ! Си шетам по пижами или тренерки со разбушавена коса..Понекогаш и другарките коа ќе дојдат ќе ме најдат таква па ич и не се замарам
Ич не се замарам по дома, можам цел ден да си седам во пижами. Ама најчесто мајка ми ме тера да се средам, срамота било да седам во пижами
Само уште дома ми фали да внимавам на изгледот. Не внимавам воопшто,дома сум си,опуштена сум си и цел ден во пижами си преседувам...едино ако дојде некој па облакам нешто за по дома тренерка или нешто обично...ама често и си седам во пижами без разлика дали имам гости или не.
По дома или сум во пижами или во тренерки, а летно време во некои обични куси панталони. За косата не се замарам многу, или ми е фатена во реп или пуштена.
па јас по дома скоро сум секогаш во тренерки или пижами,а пример ако сум била негде излезена и ме мрзи да се пресоблекувам,не се пресоблекувам
Не се замарам воопшто кога сум дома. Без разлика кое годишно време е јас нон - стоп сум по пижами. Моите често викаат викаат за тоа, но јас си терам како што ми е мене убаво Понекогаш дури и гости кога доаѓаат си седам по пижами Сепак тоа зависи кои гости се За косата секогаш ми е обична или фатена со штипка.
Најчесто сум по пижами или некоја друга комотна облека,но понекогаш се случува да се вратам од негде па да ме мрзи да ги соблечам фармерките и на крајот така си останувам.Сепак тоа не е толку често.Косата ми е најчесто врзана во пунџичка,шминка секако немам.
Колку само воопшто не внимавам. Како од контињер да сум излегла Се шалам Пижами или кратки панталони,комотни. Не водам евиденција дали иде црвено со плаво,или жолто со зелено. Косата собрана,ниту едно влакно да не штрчи. Без шминка,слободно да можам да си ги изчешам очите кога ќе има потреба,без да мислам дали имам маскара. Без прслууууууук,сестричките на условна слобода ми се. Е сеа,не дај боже да ми дојде ненајавен гостин(за дечкото немам гајле,ме познава веќе). Гостинот ќе се убие од чекање додека се средам
Зависи.. има денови кога сум расположена или пак кога немам обврски па си се средувам по цел ден, а има и денови кога ќе ме фати мрза па по цел ден си шетам во пижами.
Мајка ми постојано вика по мене, срамота било така да шетам по дома, по пижами... може ке дошол некој ненајавен (а си имаат навика така гостите да доаѓаат кај насg ). Е дури кога ќе заѕвони некој на врата, тогаш почнува најјакиот дел. Трчаааам по собите, си ги барам алиштата, се средувам брзо и одма одам да отворам. И кога ќе видам... дошла баба ми, или па поштарот оставал некоја сметка Пуууууууу. Шала на страна, не дека не сум средена низ дома, ама така опуштено си седам, по пижами најчесто, или тренерки. Косата собрана како и секогаш
Најкомотна на свет! Прво влегување дома е туш, па комотна облека. Во пижами не седам и не дозволувам мм да седи, затоа што на столиците и гарнитурата седнува кој стигна како што е гужва кај нас, па после во кревет на чаршафите, не баш. З нам, пицикатор сум, ама што да правам, купив тенки тренерки за двајцата и таман ни се.