Јас сум како оние дами од шпанските серии кои седат по дома со најубавите фустани, најскапиот накит, гламурозна шминка и штиклите на нив. Се шегувам, си седам најчесто по хеланки и маичка.
Да бидам искрена како партал сум низ дома освен ако се најави некој дека ќе дојде па се облакам да личам на човек
Не внимавам. Носам пижами или тренерки. Косата најчесто не ни е ниту исчешлана. Тоа само ако сум сама со семејството дома. Ако има некој друг во куќата, тогаш внимавам на изгледот.
јас по дома сум најчесто во пижами или во тренерки,инаку кога бев помала замислете по фармерки си дремев по цел ден дома,се чудам како сум издржувала...инаку,косата ми е собрана секогаш кога сум дома,бидејќи ми смета,понекогаш ја пеглам бидејќи наредниот ден на пример,ако сум за одење некаде,шминка никогаш за дома,а за нокти да не кажувам поарно(јас немам нокти,ми се лупат, многу суви ми се изгледа и никако неможам да ги пораснам )
Aбе какво внимавање! Облечи тренерчиња, косата во репче и готово. Дома треба најкомотно да се осеќаш!
Дома кога сум обожавам да седам по пижами. Но мајками пуста не ми дава вели ако било за така сите ќе сме седеле. Ме мрзи да се пресоблекувам по 3 пати дневно. Се знае дома си е најубаво да се отпуштиш во пижами.
Хаха и јас до пред некое време по цел ден дома си седев по фармерки А сега по хеланки или по пижами и косата пуштена(како и обично)
Иста е ситуацијата дома во родниот крај со моите, и тука со дечко ми во нашето дома. Со најголема Желба го чекам моментот кога ќе стигнам дома, ќе го мавнам прслукот, хулахопките, штиклите, чорапите и се од мене! Порано по дома седев у пижами, буквално цел ден, ама пошто на крајот од денот - од јадење и од сите активности, не мирисаат пижамите на чисто и свежо, менував нови, па некако во Скопје мрза ме фати да си перам сама, и се решив конечно да го сменам начинот на дотерување низ дома. Дуксери широки од брат ми си зедов, му украдив 3-4, нема ни да примети, и удобни хеланки (со по некои дупчиња) или па тренерки долни, ги имам милиони, најудобни се, со закон! И така спортски и удобно можам да си живуцкам низ дома пред лаптоп со сериите, добри неколку дена, никој не ми треба, само јас и моите дуксери и хеланчиња/тренерки и секако - бушавата лабава пунџа на коса со некое венче.
Најчесто носам пижами надоле а горе маичка, косата пунџиџка некоја или репче.. шминка избегнувам да се ставам кога сум дома.
Се облеквам како шо ќе ми текни и не внимавам на изгледот ,смо гости ко ќе идат.Немам другра работа по дома ќе се средвам
Е па вака. Не внимавам. Секогаш сум по пижами. Едвај чекам кога ќе се вратам дома, да извадам тоа фармерките, бодињата, блузите... и да си облечам пижамчиња, слатки пижамчиња мои. На раката секогаш си носам стегач и штом стапнам дома, веднаш ја собирам косата. Порано кога доаѓаа гости, се извинуваа затоа што не` фатиле во спиење. Ама најпосле сфатија дека јас секогаш по дома си носам пижамчиња. Евентуално ако дојдат некои роднини што ги гледаме еднаш во 5 години, па глупаво ќе ми дојде... и ќе си се облечам. Иначе најчесто доле имам пижами, а горе дуксер и маичка или пижама. Поради тоа што цело време сум по пижами, некогаш не ми стигаат, мајка ми не може да стигне да ги испере сите. Ама си наоѓам по дома некои широки маички, од мик свети николе, некој ракометен клуб и слично. Косата секогаш ми е собрана со стегач или штипка. Иначе ме нервира, ако е пуштена, ми смета. А штом излезам од дома, веднаш ја пуштам. Навика ми е... Не можам да замислам да седам по дома со фармерки. Со нив сум седела во автобуси, на клупи, на цименто... и во кревет сега да си легнам. А дома сигурно нема да седам по столици. Едно време, имав посебен „аутфит“ за по дома. Тренерки и мачка. Ама што?! Нема десет пати на ден да се пресоблекувам. Посебно ако навечер ми се приспие, немам намера да се пресоблекувам. Вака сум секогаш спремна за спиење. А и демек секој ден ни доаѓаат гости. Ама затоа, чорапчињата мора да ми одговараат со пижамите! Мора да сум во тон. Иначе, ништо не правиме... Само што ми дојдоа ненајавени гости! Си седам сега свиткана ко кифла со лаптопов. hock: E TAKA ми е кога се силам.