Секогаш сум во пижами, дури некогаш и блиски гости кога ми доаѓаат и тогаш не ги соблекувам. Лоша навика. Според ова може да се каже дека не внимавам на мојот изглед по дома.
Внимавам на изгледот и на облеката. Во пижами не помислувам да го поминам денот.Тоа е за мене тотална запоставеност и непристојност.Носам тренерки и памучни блузи со апликации.Косата ја носам пуштена или собрана во опавче.Никогаш не се шминкам за домашна атмосфера.
Воопшто не внимавам,секогаш сум во пижами горе дуксерка,косата во репче сите најблиски кои ни доаѓаат дома се навикнати на тоа така да воопшто не ми менува тоа дали има гости или не,знам неодговорно е но бидеќи цел ден на работа сум во фармерки одвај чекам да си појдам дома да се опуштам.
Секако дека внимавам и на изгледот и на облекувањето, затоа што јас не се облекувам за другите па да изгледам добро само кога сум на улица а дома ни миена, ни чешлана, затоа што никој не ме гледал. Нормално по дома носам комотна облека тренерки, пантолончиња, долги сукни..... горе маичка, блуза... зависи од годишното време, но во никој случај пижами. Пижамите се за мене интимна облека и затоа се носат само во кревет а не и на улица и по дома во дневна. Неможам себеси на 22 години да си го дозволам тој луксуз на секое ѕвонење на ѕвончето да бегам во соба или недај боже да се појавам пред луге по пижами. Исто така неможам да си дозволам цел ден или цело попладне да бидам во пижами и со истите да си легнам, тоа ни под разно. Да резимирам, водам сметка и дома што носам и како изгледам, никогаш не се знае кој може да се појави на врата, а и сакам себеси да сум си секогаш средена, кога ќе се погледнам во огледало тоа што ќе го видам е да биде средена девојка соодветно на годините. Исто така не поднесувам маици со излупени натписи, полу изветени работи несоодветен број (широки). Косата се разбира дека треба да е измиена, исчешлана, без разлика дали сум била некаде или цел ден сум дома. Обична крема за лице за хидратација, нивеа, бекутан, даф..... Значи според мене, секоја девојка треба да биде уредна и средена дури и кога е дома. Небитно дали одоздола ке носиш прслуци или нема да носиш, дали ке носиш гакички бокерки или нема да носиш ништо, но надворешниот аутфит секогаш треба да биде соодветен за периодот од денот и приликата. Се знае како треба да се биде средена за дома, како за излегување....
Зависи од расположение. Некогаш и за дома знам да се средам,а некогаш ако ме тепа досада најудобно ми е во тренерки или пижами.
Внимавам и по дома.. тоа што го носам мора да ме прави да се чувстувам убаво, комотно и пред се да ми одговараат боите секако Од чорапи до долен веш Мора да се внимава
Најчесто сум во пижами или тренерки. Не сум нешто посебно средена, фатена коса, парфемче и тоа е тоа.. па дома сум си
Внимавам и тоа доста. Најчесто сум во панталони и дуксер со некоја апликација. Обично гледам и боите, од чорапи до стач на глава да ми се исти. Косата ми е секогаш врзана во репче или пунџа. Еднинствена разлика е што кога сум дома не се шминкам.
Па не внимавам нешто превише. Вообичаено носам тренерки/пижами и косата ми е фатена во репче/плетенка/пунџа. Нормално-заби миење 3 пати и секогаш крема за лице. Дома си е дома.Затоа преферирам опуштена варијанта на облека.
воопшто не внимавам, облекувам комбинации што реално една со друга не се совпаѓаат, може и некоја маска да имам ставено или да сум си правела третман-не минувам многу време дома освен недела ,па времето кога сум дома гледам целосно да си го посветам на себе, па не се замарам...и не дај боже некој неочекувано да ми се појави на врата добро е што најблиските знаат дека е така па секогаш ми даваат пола саат пред да дојдат
Воопшто не внимавам на изгледот.Пижамчиња лете зиме тоа ми е за дома..Косата нонстоп во репче без ни грам шминка на мене. Не ги разбирам луѓето што си ја уништуваат облеката за излегување и дремат така скоцкани,дотерани без комоција. Кога има гости секако дека се пресоблекувам но ставам тренерки,да не сум ептен некултурна.Ако ми се блиски луѓе не се грижам и не се замарам си останувам по пижамчиња.Низ град кога ќе ме видат дотерана ме зафркаваат кај ми е униформата и сите поблиски роднини што ми идат на роденден ми носат пижами за подарок
Онака лежерно сум облечена по хеланки или тренерки, косата ми е собрана, малку парфемче и тоа е тоа. Па за дома не треба шминкање и елегантно облекување