Порано не се замарав за изгледот по дома. Најобична маичка, тренерки, а понекогаш може пижамки, ако планирам да сум во кревет. А сега, бухуу, ни тренерки не носам. Ако тренерките се убави, да ме стегнат, тогаш може. Ако не, тогаш фармерки (посебни си имам за по дома), или хеланки. Понекогш, кога сум среќна, како летото расположена, тогаш може и фустанче. А нагоре си носам маичка, ако е ладно и дуксер врз неа. Но, никако скинато или искашкано. Компјутерот ќе ми се смее ако сум нечиста. Фризура, порано ми беше пуштена, неисчешлана, нели дома сум и никој не ме гледа. Но, сега ново време. Обавезно убаво, високо коњско опавче (ако не е убаво може и пола саат да го правам). Собни влечки, или како и да се викаат, никако не носам. Многу ми се потат нозете од нив, па затоа само кратки чорапчиња. Ако дојде некој, малку подруга маичка облекувам, демек ќе излегувам некаде... Spoiler Б`т, ај донт кер бич. Сакам и дома да сум убава. Јао, жими нарцисот (уште да бев нарцис тешко мене)...
Исклучиво пижами, ама секогаш ги комбинирам убаво, друго не признавам и бела кратка чорапа (абе на све иде) Косата на сабајле ја врзувам, до вечер не ја чепкам(можете да замислите каква е). По ова можете да приметите дека не внимавам ама воопшто
Епа многу многу не се замарам со тоа, дома сум кој ќе ме гледа. Кога е поладно носам тренерки, а кога е лето шорцеви, фунстанчиња, така некоја полесна облека за дома
Ај по дома кој ќе ме гледа. Најотпуштено во пижами,тренерки, фустанчиња со коса врзана во репче и без шминка. Па на крај краеви луѓе сме
си имам оделено кои ми се за по дома алишта така да тоа најчесто си носам тренерки понекогаш пижами и тоа опуштено
Фармерки за низ дома или хеланки да ме стегат?нема шанси никако сакам комотно и опуштено само косата обавезно фатена или тренерки или долни пижами со обична црна или бела маица максимално опуштено...
За што да внимавам,дане треба и да се нашминкам.. Најнормално дома си е дома опуштено по памучни шорцеви,рамбовка и репче.
Home,sweet,home. Дома си е дома,и не замерувам воопшто каква сум.На секого му е дозволено дома да биде со фризури на перницата,со облека од канти,што се вели.
По дома сум како некоја селанка, ама не ми е гајле. Дома сум и имам право да се облечам онака како што се чувствувам комотно. Spoiler Фала богу не сум како комшика ми, шета низ улица и до продавница со пижами. Си велам, она пак нека си шета, ама си внела во главата дека никој незнае дека тоа се пижами бидејќи и биле од Италија.Пфф, и се изнасмеав за ова.
Нај лежарно што може, или пижами, или нешто ептен комотно, косата во репче, шминка никако, па дури и без градник хахаха
Воопшто не се припотресувам. Облеката ми е поделена на облека за излегување и облека за низ дома. Дури и тренерки имам кои ми се за излегување, односно прошетка, кошарка, пешачење, и тренерки кои ми се само за низ дома. Никогаш не сум се дотерувала, гледам да ми биде комотно, а не да се стегам во фармерки само зашто треба до продавница да отидам. Од друга страна пак нешто што најмногу пазам е облеката да ми биде чиста, испеглана и здрава. Можам и најстарата маица да ја облечам и најшироката за низ дома ама мора да ми биде чиста, испеглана и никако искината. Сепак на тоа пазам најмногу. И исто секогаш, ама буквално секогаш и за излегување и за спортување и за низ дома пазам на боите. Тоа ми е некоја навика уште од мала. Нека се постари тренерки, нека е и постара блуза ама да ми одговараат боите колку - толку. Да личам на човек кога ќе ме види некој од далеку, а не на папагал. Повеќе од две бои никогаш не облекувам на мене, освен кога се работи за излегување па внимателно и соодветно одберам уште некоја трета боја на мене. Исто правам и со чорапите. Имам чорапчиња за низ дома и чорапчиња за кога ќе излезам. Всушност и тие и тие се нови и здрави (искинати чорапи не ни имам и никогаш нема да облечам, најмногу мразам кога ќе видам дека некој носи искинати чорапи) ама разликата е во тоа кои ми се поубави, а кои по обични на изглед. Е така си ги делам. Исто и градниците ми се поделени на: За излегување и за дома. Тие што ми се за дома ми се помеки, по комотни, не ги ни осеќам на мене. Затоа и секогаш носам градник и дома кога сум. Не оправдувам што некои не носат градник дома, мене би ми било срам пред татко ми така да се мавтам, да се шетам, нит па оправдувам стегнати хеланки од кои се' се отцртува или пак екстра кратки панталончиња од кои се' ѕирка. Ама ок, тоа е веќе друга тема. П.С. Пижами во никој случај не носам за преку ден. Многу ми е нехигиенски вечерта да легнам со истите, а и не се чувствувам убаво низ дома цел ден да се влечам по пижами. Како тогаш да сум станала од спиење ќе се чувствувам. Срам ми е некако. Не знам зошто.
Најчесто во тренерки косата ми е врзана. По дома не внимавам многу на изгледот ама па ни не дозволувам да бидам несредена. Некогаш се случува до 11/12 во пижами да си седам а инаку после тоа си облекувам тренерки за по дома. А едно доаѓање од училиште прва работа се пресоблекувам.
па по дома најчесто сум во пижами,а на изгледот ама воопшто не внимавам што наоѓам тоа облекувам,секако ако имам гости трењерки или некои куси панталони со блуска
Не внимавам нешто посебно. Сакам битно боите да ми ускладени. Не сакам да изгледам ко кловн.Најчесто сум во пижами, шорцеви, рамбовки, маички по кратки, хеланки или тренерки за зима. Прслук се одвикнав одамна да носам по дома и послено ми е. Шминка не, косата прибрана бо репче или некоја тортеста пунџа
кога сум дома ич не ми е гајле како сум облечена или како изгледам ако ми е удобно некогаш носам пижами цела ден . само кога ќе излагам од дома се средувам
Најчесто носам хеланки со пижамка/едноставна маичка. А понекогаш може да ми текне и фармерки да облечам (не тие што ги носам за излегување и училиште, туку посебни и за по дома имам ) до некоја слатка маичка, само колку да не изгледам дека сум станала од спиење. Зимно време,1 пар хеланки, а врз нив тренерки или пижами + маичка на кратки ракави+ врз неа пижама или блуза.