Не се дотерувам многу за по дома..Најчесто носам некои тренерки..Косата исчешлана обавезно,некогаш пуштена,некогаш врзана во коњско опавче..Шминка и онака многу ретко користам така да дома не..Тоа е
ААААААААА не многу турски серии и јас како нив. Фризурче, штиклица. костимче, шминка ма се на ред па и вработена шеничка кај мене да ме служи. Лажам бе пиџамка или тренерка и нежна шминка оти нели ќе треба до кооперација да се појде.
Кога сум дома не се замарам со тоа како изгледам. Најчесто сум во пижами или пак тренерки, косата ми е најчесто пуштена, понекогаш ја врзувам.
Не внимавам многу, гледам да ми е чисто испрано и да ми е комотно тоа што го носам. Косата најчесто собрана за да не ми смета.
По дома и внимавам и не внимавам на изледот кој ќе ме види по дома како сум облечена освен моите.Носам тренерки,хеланки некои пошироки маички барем кога сум дома во парчињата облека сакам да се чувствувам одобно и комотно
Внимавам.Но,знам некогаш да не се замарам со тоа како изгледам дома,бидејќи моите ме знаат каква принцеза сум.хахах
Хелaнчињa некoјa ширoчкa мaичкa нa рaкaвчињa, штo мoже и дo прoдaвницa ептен нaјмaлa и јaс сум жртвaтa и нa -0° и нa +30° мoрaм дa oдaм, пижaмчињa знaм дa се oпуштaм чaс-двa пред спиење зaтoa штo ми викaaт не се мaзи вo пижaми спиеш сo нив
Опуштено, широки шорцеви кои не стегаат и маичка по прерамки обично, но кога е претопло и сум сама дома по маичка и гаќички си седам
Кога сум сама по пижами или лежерно фустанче. Кога имам гости нешто ново или некое фустанче, ќе се спастрам ко чоек.
За дома не се замарам многу, што ке ми дојде при рака тоа си облекувам дали фустанче, или шорцеви и маичка...Косата ми е секогаш фатена зашто ми е долга и ми смета
Штом дојдам дома веднаш ја собирам косата со шнола или во репче. За облека зависи -хеланки, тренерки, сега на лето шорцеви и маички кои можат да се носат без прслук , фустанче.
Со оглед на тоа што не излегувам често значи скоро секој ден сум во пижами или некои ептен кратки панталончиња и маичка на рамки. Е сеа гости ко ќе дојдат или дечко ми ко е тука знам да се потсредам фустанче некое или хеланки инекоја убава маичка. Додуша претходно знаев и пред дечко ми да си седам во пижами ама мајка ми ме караше, срамота било бла бла бла па се одвикнав. Косата ја чешлам и ја врзувам во репче или пунџа и тоа е тоа
Искрено не внимавам многу исто ко пепелашка по парталчиња си се шетамНајчесто носам пантолони нјаобични долги или преку лето кратки и блузичка, често најголемиот дел од денот го поминувам во тренерки, некогаш кога е ладно се наоѓа на мене и некој стар изветвен џемпер од мајка ми или баба ми и нормално кога работам во двор на нозете ги носам лопатарките на татко ми пошто моите папучи не смеат да се валкаат, косата ми е сплетена, немам ни грам шминка на мене и да по пижами скоро никогаш не сум по дома а ако евентуално така го минувам денот ќе бидам премија облечена пошто ми се секси и убави пижамите. Кога ми идат гости ме гледаат во вакво издание,со исклучок на дечко и освен ако нема некој повод па да се дотерам малку повеќе, е сеа дали им пречи или не незнам ама затоа кога идам ја нагости, или кога искачам во град си се дотерувам па Боже мој денес 8 часа некогаш и повеќе си стегнат во костими, во панталони, кошули па барем дома кога сум си порелаксирано да си бидам облечена
Ние сме сами со мм и децата, па од аспект свекор/свекрва нема и можам да си дозволам да се шетам и по долен веш дома. Сепак гледам да ми биде удобно, да не сум со некаква храна по мене хехе зошто сум со мали деца и цел ден или готвам или ги хранам или нешто собирам низ дома, по цел ден сум сама со нив, а кога е мм тука или кога сме заедно сеедно дали дома или на шетање сакам да сум средена пред се за да се чувствувам убаво за себе и со самодоверба нели пред него. Заедно сме од деца, сме поминале секакви периоди, сме седеле по пижами двајцата, сепак сакам да му покажам дека сакам да се потрудам за поубаво издание пред него, не само за некаде пред други луѓе, па најчесто дома носам хеланки со блуза или маичка зависно сезоната, ем ми е пријатно ем знам дека мм таква ме смета за секси. Ем вкусно за пред децата, ем како шо најмногу ме бендисува мм. Шминка ретко носам за било каде, а косата или ми е пуштена или спрелена, или некоја пунџа со штипка, нешто обично и секој ден различно. Сеедно дали дома или надвор салам дс изгледам средена но со природен изглед без да сум како би рекла како со саати да се имам спремано.