Коса средена,и пристојно облечена,секогаш. Тренерки/хеланки почесто носам. Не можам по пажами и разбушавена пунџа да бидам,па што ако сум дома.
Најкомотно што може да биде, ако затропа некој на врата ќе се принатнам во друго набрзина, ама ретко кој доаѓа без најава во денешно време. Најчесто седам во шалвари, тренерки и се знае широка маица од маж ми, или евентуално партискине сдсм/вмро, најкомптни се.
Дома сум облечена во хеланки и маичка/блуза. Зависи од времето. Летно време се шетам по гаќи и по маичка. Косата ми е собрана со штипка. Ретко ја носам пуштена.
Секогаш имам шминка, ја тргам навечер пред да си легнам, косата ми е средена, а од облека нормално тренерки. Кога не сум на работа, од сабајле по пижами, во работен ден може понекогаш и цел ден да сум облечена ко за надвор, посебно ако треба да излегувам и попладне/навечер пак.
Се трудам да внимавам колку што можам повеќе. Сакам комоција ама и да изгледам пристојно. Шминка по дома не носам, а неретко и кога излегувам до некаде не шлапам. Живеам веќе втора година со личниот, па не сакам да ме гледа како преживеана од поплава.
Да, да се внимава.. суќна до колена, чорапи со чипка, тесно блузиче, коса прибрана, пудра, руж, маскара и сјај, кармин на уста