Форумџика на годината

Колку внимавате на изгледот и облеката кога сте дома?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 6 јануари 2011.

  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Златна дома - се облекувам како што сакам! Сега на пример како што е зима - Тренерки, блуза, елек и по можност џемпер, чорапи + папучи (или плетени папучиња). И нормално, секогаш се чисти.
    Косата - собрана (репче или бушаво врзана), лицето - секако ненашминкано.
    И во просек тоа е тоа. За низ дома не се парфемирам, ми смета во затворена просторија.
     
  2. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Златно дома - Најчесто по пижами , а ако треба да одам до продавница , хеланчиња со блузиче , дуксерче или слично . Многу ретко носам тренерки по дома , зависи од ситуацијата . На зима , со повеќе облека , на цела комбинација + екел , дуксер , чорапчиња , топлинки .
    Косата - најчесто врзана во репче , понекогаш плетенка , понекогаш пуштена . Ако ми е врзана со обично стегаче , а плетенка користам машничи . Пуштена , со венче . Лицето ми е секако ненашминкано , без пудро , без парфеми . :) Така поминувам облечена во обични денови , а ако имаме гости по средена сум :D
     
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ич не внимавам на изгледот кога сум одма. Освен тие секојдневни процеси (од миење на лице до ставање крема и стикче) ништо друго не користам.
    Тренерки, папучи и обавезно плетено елече до под газот (мејд бај мај грендма).
     
  4. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Најкомотно ми е кога сум во пижами. Во собата ми е топло, па најчесто ја носам долната пижама (која секогаш е широка) комбинирно со маичка на бретели и обавезно сум боса :),( на многу им е чудно како така се шетам дома и кога е ладно). :lol: Во случај да ми студи носам еден огромен џемпер на копчиња :) Битно ми е да е чисто и складно во боите...а не мора да е којзнае колку ново...
    Косата ми е скоро секогаш во репче или со штипка фатена. Шминка за по дома никогаш не ставам. Само го мијам лицето и ставам крема и лабело.
     
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.427
    Допаѓања:
    91.543
    Пол:
    Женски
    До пред две години по дома си бев постојано средена. Фармерки, убава нова маичка, нашминкана и косата тип-топ.
    Но, последниве две години си носам што ќе ми падне при рака наутро. Морам да напоменам дека во плакар не чувам ептен излитени и искинати парчиња. Носам тренерки, постари фармерки или хеланки со подолга туника. Косата ретко ја носам пуштена, па затоа и по дома е во пунџичка. Не се шминкам, но може ако дојде некој ненајавен да ме начека со маска на лицето, па да го исплашам. :rofl:
    Од мајка ми имам забрана уште од мала дека по дома преку ден не се носат пижами. Нејзе и е гадно со тоа што спиеш да јадеш.
    Значи не сум целосно средена, но далеку сум од запустена.
     
  6. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    тренерки мх мх....
    нешто комотно, најчесто тренерки по дома носам ... сакам кога сум средена и по дома комплет горна и долна тренерка, ретко панталони или фармерки што ми се постари со некое дуксерче
    а викендите ми се резервирани за пишами обавезно :)
    мајка ми вика, урла, но нешто како традиција ми е ова со пижамиве :))))
    косата најчесто ми е во опавче по дома и ус пат на пижамната традиција за викенди чешлање јок :)
     
  7. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Па тренерки или пижами :lol: :lol: Ама за во продавница или ако дојде некој веднаш земам нешто по прикладно, нема смисла така да ме видат, косата најчесто ми е собрана во репче.
     
  8. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Не внимавам на изгледот додека сум дома, ми се случува цел да да си го одседам во пижами па дури и да не ја исчешлам косата, но ова се исклучоци кога ќе ме “степа“ мрза, инаку по дома си носам тренерчиња.
     
  9. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Дома стриктно пижами и моите омилени топлинки :)
    За шминка , ионака ретко носам дури и кога излегувам, па уште помалце дома да седам со пудра на мене хахаа НЕ !!! :)
    Што се однесува до косата, многу брзо ми се мрси и обично ја мијам со еден ден пауза иначе не можам да си ја поднесам.
     
  10. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Колку внимавате на изгледот и облеката кога сте дома?

    Ех доме сладок дома, како својата дома никаде не исто, дома можев да си иседам цел ден во пижами дури и низ комшиите се шетав така, но откако се омажив се се смени. Стануваш пижамките си ги диплиш и си облекуваш со тренерки. Имам околу 5-6 пара тренерки и по цел ден сум на тренерки не можам да носам фармерки по дома.
    За фризурата па не се грижам многу, но сепак се знае се мијам си ја фенирам и така останува дали одам тој ден на работа или не сепак сум исфенирана 3 дена.
    Шминка нее никако , само ако одам на работа и кога се вратам заседнам на Фемина е тогаш сум нашминка, но не можам некако ми пречи се мијам си ставам крем и така продолжувам.
    Ноктите ми се слаба страна, значи може по 4 до 5 пати да ги лакирам да ги цртам или да ставам циркони.
     
  11. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Не внимавам ама ич,по цел ден сум во пижами,едино ако се симнам до доле ќе се пресоблечам и кога ќе се вратам пак пижами,најкомотни ми се,дури ни тренерките не се ко пижамите :lol:
     
  12. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Дома постојано сум во пижамчиња и некогаш знам во пижамчиња да си ги пречекам и гостите :lol: , поретко облекувам тренерчиња.
    Инаку во врска со средувањето, мора да признаам дека ако сум неколку дена по ред дома, иако е ретко, нема некоја огромна разлика, но не значи дека исто внимавам на изгледот како и кога излегувам.
    - Косата ми е пуштена брановидно-виткана како што ми е природно, а така си ја носам некогаш и кога излегувам од дома само малку ја потсредувам :) , само по дома со некое шнолче на страничните шивчиња ако ми сметаат,
    - Ноктите изгрицкани како и секогаш и дома и надвор од дома, ова ми е маана,
    - И нормално без шминка, секое доаѓање дома си го мијам лицето и си ставам крема за лице.
     
  13. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Не можам во никој случај денот да го поминам во пижами и вечерта со истите пижамки да си легнам во чиста постела! Никако :!: ! Се чувствувам убаво во пижамки, ама пред спиење ги облекувам, а не преку цел ден во нив, па се пржело дома, се готвело и ми замирисале на манџории и ајдеее вечерта легнувам да спијам со истите! :o И затоа сум против ,,пижама парти преку цел ден,,!
    Инаку јас за по дома си носам памучни тренерки или памучни хеланки со блузонче! така ми е најкомотно, најпријатно се осеќам и не ќе мора да се пресоблекувам ако некој изненадено ми дојде на гости или пак треба да се симнам до продавница! Едноставно сум средена и за по дома! Косата ја носам со венче и се разбира шминка не ставама освен лабело (кое секогаш ми е при рака)
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.171
    Допаѓања:
    139.023
    Дома сум во тренерки кои секогаш ми се чисти, и гледам боите да ми бидат складни, иако кога ми е претерано ладно зошто надвор сум измрзанала знам да облечам што стигнам, без да внимавам на ништо :)
    Кога чистам облекувам стари алишта за да не ми се упропастат - ми има во неколку наврати прснато сретство за чистење тоалет на тренерки, па ми се упропастиле, и почнав да внимавам :)
    Пижами носам строго за спиење. Во глава ми е врзано дека пижамите се за спиење, и веднаш штом станам, - ги соблекувам.
    Сабајле кога ќе станам се чешлам, ставам крема, и толку. Порано коста ја носев фатена, ама сега воопшто не ја фаќам зошто почна многу да ми паѓа.
    Значи, ни средена, ни несредена. Ама затоа многу ми е удобно :D
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.144
    Допаѓања:
    156.289
    Абе тип-топ.
    Спијам во тренерки,се потрефува и во пижами,ама како и да е,специјални ми се за спиење,со се чорапите,па така што,се пресоблекувам пред спиење и наутро,ама у секој случај изгледам облечено ко за по дома и да заседнам малце во моето одело за спиење. :D
    А да ви доловам како сум облечена,све ми бое лепо стоје,ама не можам,глава ме боли (хахахахаха...оф,вака кога ќе си треснам изговори),сега да мислам на боите.Циклама,памучен дуксер,со нешто виолетово на него,сиви,плиш тренерки доле и зелена чарапа со портокалови баклави (мајка ми ми ги купи,не се мои бои ова,затоа се носат по дома,не се за по туѓи куќи :D ).Арно ама,секогаш сум чешлана и измиена,намачкана со крема,на рацете шлапам на секој саат и лабело исто така.
    А мајка ми да се чудиш,станува,фризура прави и се шминка,макар и дома да седи цел ден. |( Е такво нешто...нема,јас модерна сум.
     
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Се средувам, колку да не личам на некое чудовиште кое штотуку излегло од пештера :lol: Крема и лабело, животни сопатници, шминка само ако имам најавени гости кое се да речам „позначајни“ :lol: Косава во репче, ретко пуштена, тренерките ми се наудобни, никогаш не се шетам по фармерки, малку тоа кога излагам се стегам, престегувам па и дома, нема шанси |( Пижами, па се случува да останам по пижами ама ми е шубе искрено, тие треба да бидат најчисти, а не да примаат миризби на манџа и масло :!:
    Е, да, може да ме видите и во едно огромни тренерки и памучна маица, ама само ако дојдете баш ненајавени и кога моите се со пансион излезени од дома :lol: Инаку не ги носам :lol: Само едно не правам, т.е не ја оставам косата мрсна, ме чеша од самата помисла на тоа, капењето ми е непроменето без разлика дали сум била, ќе излагам или не некаде. И многу ме нервира кога ќе ми речат, дома си, не мора секој ден косата. |( Е не мора ама мене ми смета. Чистотата пред се, без разлика колку се одрцани алиштата, мора да мириса на чисто :!:
     
  17. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Главно сум во тренерки, дебели чорапи и мајца, ама има и денови поминати во пижами. :D :D
    Понекогаш ме фака мерак и за дома да си ја испеглам косата или слично, а понекогаш во реп и таак, готово. :tmi:
    Сјајче, лабело тоа си ставам, ама пудри, креони, римели, тоа не. :)
    И за ноктите да се пофалам, секогаш ми се средени :angel: :D
     
  18. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Тренерчиња меки и горе дуксер или маичка.Понекогаш хеланки.Си имам едни црни дебели згодни ми се за носење со некој дуксер горе и доле папучки меки за по дома.Задолжително си седам без шминка и косата фатена во репче или пунџа.Не практикувам да носам градник по дома,само ако ми се јават другари/ки,комшики или дечкото трк одма да ставам некој со меки корпи,сепак дома сум сакам да си уживкам. :D
     
  19. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Кога е вака поладничко си преферирам тренерчиња.Комплет или пак дуксер со тренерки,али внимавам боите сепак,колку толку,да се складни.Инаку можам и цел ден да го поминам во пижами.
    На лето си носам некој шорц со маички или пак некое поудобно фустанче..
    Прслук за дома ретко!Ако носам ..тогаш некој поудобен..

    Морам да си кажам:обожавам да спијам со екстремно широки маици(oд типот XL,XXL),а ако се решам денот да го поминам во нив,ги комбинирам со хеланки.
    Секогаш чорапите ми се во некои дреч бои :!:

    Косата со венче,ластиче,или пак ако ми е пресно средена..само кркмата(шишката)си ја фаќам со шнолче! :emo:
    Е ноктите гледам да ми се секогаш средени,без разлика кај и да сум.
    На устата павловичева :makeup:
     
  20. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Сакам да сум средена,но сепак не претерувам и не се оптеретувам да ми одговараат тренерките со папучите и сл. :lol: Секогаш за дома си носам чисти тренерчиња,обично блузе и дуксерче :) Затоа можеби најмногу пари на тренерки трошам,но најудобно се чувствувам.Исто така,се случува да седам по дома и по памучни хеланки со подолга широка маица (ова обично во лето). Лицето секогаш се трудам да ми е средено.Сакам уредни веѓи (се ежам кога ќе видам некоја со веѓите расштркани на сите страни,како на дедо ми |( ),лицето секогаш си го мачкам со бекутанче пред спиење,устата ми е секогаш со лабело,а косата :!: ми е најважна.Секогаш исчешлана и средена,во последно почесто во плетенки зошто многу ми паѓа,па неможам да ги поднесам влакната на сите страни.
    Се на се,мислам дека се трудам да личам на човек.Секако,понекогаш се случува и цел ден да останам по пижами и да не мрднам од кревет,а тоа е обично првиот ден кога ќе добијам |(