Сите обожаваме да седиме по цел ден во ПИЖАМИ, не? Никогаш не се преотповарувам околу тоа како ќе изгледам додека сум дома. Или сум во тренерки, или некои постари алишта што не ги носам, или пижами Повеќе се грижам околу тоа каква ми е собата, бидејќи не можам да седам во неред. хаха
Секогаш сум во пижами или во некои вреќести тренерки и маици прешироки , неможам да седам во истата облека што сум била на факултет или на кафе или сеедно некаде , прво ми е неудобно и неможам да се оптегнам на тросед , второ како што сум несмасна ќе ја напраам лом дома ... Околу косата, или ми е во репче или пуштена ама никогаш не ми е средена ( во стил пеглана или фенирана ) затоа кога идам до продавница како поплава да ме исфрлила сум.. А инаку имам навика секогаш да ми се веѓите исчупани и ноктите налакирани па така да и дома тие две работи ми се секогаш уредни и се разбира освен со бекутан на лице по дома со никаква шминка никогаш не седам.
На факс, на работа, во град... па и дома ли да внимавам? Не не! Значи дома, пижами. Ама си купувам некои потемни, да не се приметува толку ако дојдат некои изненадни гости Не носам тренерки, не знам, не се чувствувам комотно во нив. Ако не се пижами тогаш блузони со широки(од мек материјал) фармерки или некои такви панталони. Шминка, никако. Само крем од невен, да ми одмара лицето и косата ми е врзана во опавче( за разлика од кога сум излезена, секогаш ми е пуштена)
Пижами или тренерки, и не се баш средувам... Па дома сум си, нормално. Вчера бев облекла црни тренерки со жолта, портокалова блуза, и џемперче љиљаково со розево, уште зелено венче ми требаше и да бидам „све ми боје, лепо стоје“.
Зависи кога како. Но не си дозволувам да се излежавам во пижамки, така сум воспитувана, не дека не сакам. Како мала често ме караа, и ми влезе во навика, со пижами само до бањата, да се средам, и пак до соба да се облечам. Облекување тренерки, милион пара ги имам побогу, а не сум некој нивен љубител. Понекогаш со фармерки и некоја маичка. Косата, никако пуштена, освен по бањање, нон стоп во пунџа или опавче. Летен период, кратки памучни панталончиња, маичка кратка, понекогаш сукњичка, фустанче, зависи од денот. Ама сакам да сум средена и по дома. Еден од мноогу ретките денови кога седев по пижами и дојдоа гости на сестра ми, гости, од комшии дечишта, арно ама јас, по пижами сум легнала на троседот, а облеката обесена на креветот. Јас рипање позади креветот, и таму си се пресоблеков. Хулахопки, панталони, блуза....со еден чорап. Косата разбушавена, на криво облечени панталоните, и станав да ги послужам. Реков дека сум чистела. Пижамите ги пикнав под креветот. И последен пат ми е тоа. Ќе си се држам до тоа со пижами само до бањата, да се средам, и пак до соба да се облечам.
Саат време откако ќе станам седам во пижами и искрено многу ми е удобно Ноктите ми се секогаш средени.......ама затоа косата кај собрано кај пуштено хахах (имам специфична должина и не можам да ја фатам во репче) а обично седам во тренерки, бидејќи ми е удобно. Дуксерчиња обожавам да носам, а си имам едно што ми е коњаче хаха розево со плаво ама е многу удобно (од малолетнички години). Сепак се ми зависи од расположението, некогаш знам да бидам средена под конец иако сум дома
Дома е единствено место каде можам да се шетам без да мислам на тоа како изгледам. Секогаш носам тренерки. Имам 3 пара долен дел памучни тренерки (црни, сиви и црвени), купени за таа намена и тие ми се задолжителни, а во лето кратки пантолончиња. Горе може некоја комотна блуза, дуксер или маичка. Во последно време се случува и по хеланки, широка маица од брат ми и џемпер на копчање. Порано знаев и во пижами да си седам, ама еднаш бившиот дечко се најави дека ќе дојде, а јас дома во кратки пижамчиња, горната на бретели (лето беше) нормално без градник и тој опс на врата а позади него брат му кој патем го гледав првпат во мојот живот. Среќа што не ме виде во такво издание, одма се стрчав во соба и се дотерав. Оттогаш ептен ретко седам во пижами. На нозете шарени чорапи и во зима моите омилени топли огромни кутриња, мајка ми што ги вика чудовишта На лицето немам грам шминка, едноставно го мијам, ставам крема и толку. На рацете обавезно Неутрогена и на усните мелем или лабело. Косата пуштена пошто ми е кратка или пак со венче. Не можам да речам дека сум несредена, ама па не сум ни нешто посебно скоцкана.
Па и не баш. Цел ден дремам дома по пиџами и ретко кога ( во исклучителни случаеви ) ќе облечам тренерки или фармерки. А, па кога некој ќе заѕвони на врата само ги бркам моите да отворат, зашто сум по пиџами јас цел ден. И кога ќе ме бара другарка некоја, и јас срамотилаци, по пиџами, мрсна коса, целата поспана, абре што да ви кажувам. И се си викам, Блу за срамота си, бар исчешлај малку косата, облечи тренерки, заличи на човек. Ама не бре брате, вака ми е комотно и неможам да се одвикнам, точка! А и ме мрзи да се мијам, да се чешлам, креми да ставам, да се тинтрам кога сум дома. Јас кога искачам толку не се тинтрам. Леле, што девојче ќе бев јас..
искрено,воопшто не внимавам! кога сум дома цел ден сум си во пижами ич не се замарам или пак кога би облекла нешто,се е во различна боја,сви ми бое лепо стое! претпоставувам дека повеќето од вас се вакви само се тешам со тоа дека никој не ме гледа освен домашните
По цел ден сум во пижами или тренерки, но косата ми е секогаш исчешлана, средена пуштена или во опавче и ноктите ми се секогаш средени.
Па и јас исто нешто посебно не внимавам обично сум облечена во пантолони,моментално еве едни плишани за по дома, а горе обична блуза имам и други така 'домски' пантолони и блузи и си ги мењам кога другите ми се за перење..и тоа е тоа.. лицето ми е чисто секогаш,без пудра и било каква шминка,косата исчешлана и ми е или фатена во опавче или пуштена..денот никогаш го немам поминато со пижами,ниту ке го поминам,така сум учена..пижамите се само за спиење..а облеката што си е за по дома си е за по дома
Пижами никако оти мајка ми ке ме исфрли од дома. Најкомотно ми е во тренерчиња, косата фатена со некое штипче или пунџа (бидејќи ми е виткана секогаш имам фризурче) без шминка да диши малку лицето ама ноктите секогаш налакирани
Секако дека ич. Си носам нешто, што било, само комотно да ми е, да можам на раат да си го извршувам домаќинлукот мој насушен
Long live payamas! Пижами и само пижами, ептен кога треба да ми дојде некој си облекувам тренерки и маичка.
Обично кога ќе се вратам од некаде ги соблекувам само фармерките и оп-тренерчето....Горе што сум носела си останува Кога не треба некаде да одам обожавам да седам по пижами, ама татко ми кога ќе ме види одма почнува да се дере како јас сум била ваква, таква... а највеќе си седам по дукс и некоја испокината маица, онака баш како за по дома....Па кој ќе ме гледа де!
Ја по дома си носам повеќе тренерки за викенд а преку недела ако сум втора смена на училиште си седам со фармерки дотерана а кога сум прва смена си идам се пресоблекувам и си легнувам да понанкам .Може т.е коа ќе ме фатат улавите по некогаш да се случи да си седам со пижами
Јас дома си седам по тренерчиња долу и некоја удобна маичка или блуза а косата или ми е пуштена или во репче и секако никогаш немам шминка
По дома најчесто во тренерки глупо ми е кога некој за ѕвоне на врата а јас во пиџами да излегувам (кога сум сама дома)...А кога знам дека има некој друг дома со мене што ке отвори на врата си седам во пиџамки и косата најчесто врзана во репче или пак пунџичка