исклучиво во тренерки,лежерна облека без да ме стека и жуљи,никако во пижами затоа што сакам постелата да ми биде чиста кога ќе легнам затоа пижамите веднаш ги слекувам кога ќе станам од спиење и ми се само за спиење.не се шминкам за по дома ниту лакирам,само сакам да сум чиста и се околу мене да е чисто и на чисто да си седнам
Кога сум дома најчесто носам тренерки, некоја удобна маица, блуза. Никогаш не седам во пижами, не сум практикувала денот да го поминам во пижами, станувам и одма се облекувам Шминка не ставам само бекутанче откако ќе го измијам лицето. Може да се случи некогаш од досада кога нема што да правам да се нашминкам, да си експериментирам со шминкањето Косата најчесто ми е фатена, но кога е испеглана тогаш ја носам пуштена фатена со мало штипче.
По дома најчесто сум во нешто комотно и меко. Не се шминкам, не се лакирам, и косата не внимавам каква ми и само се исчешлам и си ја врзам во кокче. Сабота и недела сум си цела ден по пиџами, ептен ако не мора да одам некаде. Некогаш кога ми е досадно си правам комбинации со моите алишта или се сликам
Па кога сум дома (моментално) сум во облека во која се чувствувам комотно, без дополнителни нервози за изгледот, значи косата ми е во репче, избришана шминка, во најприродно издание. А да и без папучки никаде не одам
По дома, неќите да ме гледате. Носам широки маици (некогаш дури и од политички кампањи ) затоа што ми се комотни, во све-ми-боје-лепо-стоје ќе се натрупам со облека, посебно зимно време, битно е само да не ми е ладно. Косата?! кога ќе ми се згорешти, знам да ја присоберам како без врска, па цимерајов ми се смее за „фризурата“... Ама па ако треба да ми дојде некој на кафе дома - тогаш гледам колку толку да личам на нешто
По дома сум си скоро секогаш во тренерки а летно време по шорц и некоја маичка. Косата скоро секогаш соберена во коњско опавче а веднаш кога доаѓам од работа ја мијам и шминката така да секогаш чисто лице по дома . Не сум од оние кои носат шминка и по дома или ги мрази да ја симнат. Гледам да сум чиста и нераспрталена по дома а некои посебни марифети немам.
Јас си седам по пижами. Мразам тренерки, не знам од која причина, ама ужасно ги мразам и никогаш не носам. Ни по дома, а пак за надвор никогаш не ми се случило. Шминка и така не носам, ако евентуално останам дома неколку денови по ред(што се случува само ако сум болна), може да се случи само веѓите да ги запуштам, пошто идам на козметичар, сама да се чупам само ќе ги уништам. Не можам да поднесам да седам дома и да не се избањам. Косата да ми е мрсна во никој случај. Тоа ужасно ме нервира. Друго нешто посебно нема
Секогаш носам тренерки, маичка и дуксер или џемперче. Без моите папучи не шетам низ дома. Многу ретко се шминкам и кога излегувам, а дома да седам нашминкана не ми се случило до сега. Само ставам бекутан откако ке се измијам и тоа е се. Косата ја носам секогаш собрана во плетенка или репче. За викенд, доручкувам во пижами и потоа се пресоблекувам
По дома секогаш тренерки, хулахопки, маички, дуксче, лежерно така ама складни бои. Косата во реп, шминка никогаш немам по дома освен ако некад ме фати мерак да си се шминкам, а пижами низ дома нема шанси
Кога е недела обично цел ден сум во пижами и баш ми е најпријатно другите денови сум по трењерки,стари,или хеланки ,а фармерки неможам да носам по дома ме стегаат,и не се чувствувам пријатно во нив ако ми се најават гости,облачам трењерчиња некој понови,може малце пудра и римел и така начесто дома ми е собрана косата освен кога ми е исфенирана или пеглана,зш имам виткана коса.и да-обавезно се шприцам со парфем по дома незнам навика,сакам убаво да мирисам и по 2-3 пати во денот ,си шприцам,ама по еднаш не да биде нападно.и да не ги заборавам влечките -балетанки од џамбо уххх до детаљ опишав
trenjercinja, a mnogu cesto i pizamiii ne se doteruvam nesto osobeno ama nekogas mi idi zelba da se podsredam za po doma nisto konkrtno malce maskara ili kosa da sredam ako ne mi bila pred toa napravena onaka ako bila od pod tus [mod-kirilica:1vujbhxg][/mod-kirilica:1vujbhxg]
Обично сум по хеланки и дуксерки некако најпријатно си се осеќам, а ми се дешавало некогаш и цел ден да си бидам у пижами зависи од расположение немам навика да се шминкам по дома освен ак осе вратам од некаде и ме мрзи да ај извадам па ќе ми стои така до вечерта додека не ми се приспие а косата секогаш ми е пуштена и ставам по една шнолка на нејзе онака со впеќатливи боички
Внимавам, поприлично....битно ми е и дома да бидам пријатна за гледање, а не развлечена и бушава....тренерки, хеланки, шорц најчесто и маичка,(најчесто по дома сум во кратки, и зиме и лете)...пижамки може да се случи да влечкам нели нормално, ама сепак, да изгледа средено....за кога готвам и чистам си имам постара маичка и хеланки, за да ги фрлам одма за перење, се туширам, се облакам и пак да мирисам и изгледам убаво и чисто...но шминка никако по дома, и фармерка и пантолона исто не доаѓа во предвид... По мене најголема грешка што ја прават жените, е што по одреден период брак, по дома се шетаат како чуми, искапани, искинати, бушави, мрсни....е тогаш е многу лесно кога мажот ќе излезе на улица, некоја, немора поубава од вас, туку средена и намирисана да му го привлече вниманието...(и она си е таква можеби по дома, ама тој тоа не го гледа, и вас во тие моменти ве споредува со неа)....не е доволно да сте средени само за излегување...
Потполно се согласувам со тебе, еве јас моментално сум невработена и гледам колку што можам да изгледам убаво, тренерки или хеланки со подолга блузичка,носам и елече или џемперче затоа што не ја топлиме целата куќа ама некое помодерно кое гледам да ми одговара со остатокот од "домашарската" гардероба , а не некое од времето на баба ми или мајка ми, секогаш намирисана и никако со мрсна коса (освен кога сум болна), не се шминкам по дома, ставам само лабело...
Внимавам доста....ако не треба да одам никаде,никогаш не се запоставувам у смисла-еј не мора да ја мијам косава,па таква грозна да одам,екогаш ми е средено измиено лицето,освежено со тоник,ако ми доаѓаат гости ставам пудра,а по дома обично само римелче и малку креон и лабело обавезно.косата обично ми е соберена,бидејќи ми е долга и ми смета. За облеката зависи.никогаш не носам нешто со дупки само зашто е старо и треба да се носи по дома ,си носам постари близузички,со трењерчиња или хеланки,некогаш и некои покомотни фармерчиња или широчки панталонки,или хеланки со некоја подолга блузичка ,дуксер... бидејќи е многу жешко кај мене во ск најчесто ме гледате во маичка на кратки ракави,дури и во овој зимен период... прочитав погоре и јас се сложувам за парфемот-секогаш ставам исто и на косата сакам убаво да си мирисам,а дечко ми кога ќе се врати од работа и кога ќе ме бакне ми вели---ммм ама убаво мирисаш Не треба да се претерува со јака шминка по дома,издотерам исто ко за надвор,тоа ми е одбивно имам видено и такви со кармини,руменила,шминка јака но да не си среден-никако не оправдувам,девојки сме,треба секогаш да сме убави и средени
Кога сум дома сум најопуштена и искрено не се грижам многу за изгледот .Знам по цел ден да си одмарам во пижами, си ставам маска на лице или си се туширам по цел саат,така се опуштам и обавезно слушам музика.А кога правам ручек тогаш тотално сум фокусирана на јадењето,значи косата средена во реп, во престилка, си работам брзо бидејќи готвам од малечка.Инаку повеќе внимавам на облеката кога ни доаѓаат гости,не сакам да ме гледаат во тренерки.А не се замарам многу како изгледам пред сопругот,бидејќи тој ме знае како дишам.Мислам дека облеката не е многу важна туку поважно е расположението на партнерите.Знам дека мажите се палат визуелно и да,можат да се завртат по некоја што мириса убаво или се облекла убаво,но сепак кога си се дома им треба топлина и добар ручек, внимание и опуштена атмосфера.Многу повеќе внимавам на домашната атмосфера отколку на тоа што го носам,а за шминка,па јас воопшто не користам шминка бидејќи изгледам младолика и свежа,а само за посебни пригоди се шминкам и тогаш ми се интересни реакциите на луѓето бидејќи не се научени да ме гледаат нашминкана.Најинтересен ми е сопругот бидејќи секогаш е навикнат да ме гледа ненашминкана,реакцијата му е што да ви кажам,опасна по живот,го будам анималното во него
си уживам по хеланки и дуксерки , ем топло ем згодно ми е.. пижамите за у кревет се, никако за по дома
тренерки или хеланки со некој дуксер косата или пеглана или репче OBAVEZNO LABELO не се шминкам за по дома....а кога готвам откако ке се напарфемисам со манџа парфем одма купатило туш и после тоа други тренерки или хеланки косата само исушена со фен и така