1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку вреди жената...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од peperutkaa, 22 август 2010.

  1. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Девојки ова го најдов на една страница и морав да го објавам тука за да не потсетува колку вреди една жена, затоа што ние тоа најчесто го забораваме..

    -Кога Бог ја создавал жената на шестиот ден, дошол еден ангел и Го прашал: Зошто трошиш толку многу време на неа?
    -Бог му одговорил: Ги виде ли ти сите спецификации што ги поставив за ја создадам според нив? Мора да знае да пере, ама да не биде од пластика, да има повеќе од 200 подвижни зглобови, секоја диета треба да биде ефикасна и треба да има прегратка за најмалку 4 деца..., но во исто време треба да има бакнеж со кој ќе може да излечи од повредено колено па се до скршено срце... и сето ова ќе треба да го прави само со 2 раце.
    -Ангелот се зачудил на сите тие спецификации и рекол: Со само со 2 раце? ... Невозможно! И ова е само стандарден модел? Тоа е многу работа за еден ден... почекај до утре па заврши ја.
    -Бог се воспротивил: Толку блиску сум да го завршам ова битие, кое му е толку драго на моето срце. Кога ќе се разболе, сама се изборува да оздрави и може да работи 18 часа дневно.
    -Ангелот се приближил и ја допрел жената. Боже си ја направил толку мека.
    -Да, мека е, рече Бог, но ја направив да има и сила. Нема да веруваш што се може да направи и да издржи.
    -Ангелот праша: Може ли да мисли?
    -Не само што може да мисли, туку може да соработува и да прави договори, одговори Бог.
    -Ангелот видел нешто што му го привлекло вниманието и го допрел лицето на жената: Боже изгледа дека моделов има еден пропуст. Ти реков да не ставаш толку многу работи на неа.
    -Не е тоа никаков пропуст, одговори Бог. Тоа е солза.
    -Тогаш ангелот прашал: Па зошто е тоа?
    -Бог одговори: Солзата е нејзиниот начин да се изрази, да ја изрази нејзината тага, нејзината љубов, нејзината осаменост и нејзината болка.
    -Ова оставило силен впечаток врз ангелот: Ти си гениј Боже, на се си мислел. Жената навистина е прекрасно суштество! Тоа е вистина! Жената има сила, на која може да и се восхитува. Поднсеува тешкотија, тага, но знае за среќа, љубов и свое мислење. Тие се смеат кога сакаат да вриснат. Жените пеат кога сакаат да плачат. Плачат кога се среќни и се смешкаат кога се нервозни. Се борат за она во што веруваат. Тие се против неправдата. Не прифаќаат "НЕ" за одговор, ако има друго подобро решение. Даваат се од себе за своето семејство. Ја придружуваат својата пријателка на лекар, кога таа се плаши да отиде. И жените љубат без граница... Тие плачат кога нивните деца ќе доживеат нешто ново во животот и се радуваат на добрината на своите пријатели. Тие се радуваат кога ќе слушнат за некое раѓање или венчавка. Срцето им се крши кога ќе слушнат за смртта на некоја драга личност. Тагуваат за изгубените, сакани личности, но силни се и кога повеќе нема за што да се борат. Жените знаат дека со една прегратка или бакнеж, можат да излечат скршено срце.
    Но има една маана кај нив: Жените не знаат колку вредат.
    Жени бидете жени, такви какви што сте. Навистина Бог знаел што да вложи во нас и тоа што го вложил е единствено, незаменливо и скапоцено.
     
    На Kikiccc, Ella.313, MeSofija и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Прекрасен текст :) со голема вистина во сето тоа што го кажува,нешто кое ја утврдува разликата помеѓу мажите и жените,а секако дека скоро секоја жена заборава колку вреди,во контекст на текстот ќе кажам нешто што некогаш било кажано,жената е столбот на едно семејство,но и мажите некогаш ја забораваат вредноста на жената,а за тоа примери има многу во секојдневието.Битно е да се почитуваме ние жените самите себе си,а и меѓусебно,а секако и спротивниот пол :) но сето тоа што е напишано,напишано со цел да се потсетиме за вредноста на жената :) иако тоа веќе се знае.
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Леле ... стварно прекрасен текст ... немам зборови :)
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    прекрасен текст. останав без зборови :x
     
  5. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    72
    Го имам прочитано и јас на една страница и кога го прочитав останав без коментар. Навистина е прекрасен текстот :)
     
  6. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Леле колку е убаво еј .. :)
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Одлично и вистинито! :)
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.999
    Допаѓања:
    154.324
    Ова е напишано од жена сто проценти.
    Не ме допре,ниту ми се допадна.Не сум феминист за да ме воздигаат вакви нешта,плус е неблагодарен текстов.
    А дополнително е што сите тие нешта се опциони и или ги правиш или не,а има многу жени кои не се совпаѓаат со работите тука.
    Колку вреди жената...се чувствувам одеднаш како крава.
     
  9. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    :rofl: Лилит ме изнасмеа! :rofl: се чувствувала како крава хаха
    Инаку за текстот сепак ми се допадна.Инаку се слагам со Лилит дека не секоја жена е таква како што тука пишува.
     
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Треба да се дополни текстот со тоа дека и жените знаат да бидат најсурови, да се мразат и оговараат една со друга. Да бараат премногу и никогаш да не се задоволни. Да бидат површни. И се согласувам дека е различно од жена до жена. Во текстот се вели жената има 2 раце кои можат да гушнат најмалку 4 дечиња, а јас додавам има жени кои со само 2 раце можат да зграбат 5 ковчега полни пари.
     
  11. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Да да треба и то да се додаде, ама овој текст ги кажува само позитивните работи кај жените (добро де кај некој дел од жените)
     
  12. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    еден од поубавите прочитани текстови во последно време
     
  13. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    52
    Навистина нема коментари за текстов ме остави без зборови, едноставооо прекрасен и вистинит текстт....Кога само мажите би можеле да сватат колку вреди една жена....
     
  14. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    647
    ти па ти....ама си....се нешто ќе каже-“крава“ ......ц ц ц...... :D :D :D
    толку ли никаде не се пронајде,во ниедна реченица.......???????? :wasntme:
     
  15. Harlow

    Harlow Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    105
    Ние забораваме колку вредиме..
     
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    ^А што сме толку посебно вредни? |(
    Дајте бре луѓе, има посериозни проблеми од ваквите банални нешта.

    Убаво си рекла Лилит, текстот е напишан од жена, а сите знаеме колку сакаме самите себе повеќе да си се величиме. Да не почнам со тоа дека мене барем, насловот ме навредува. Како стока на пазар, спремна за продажба.
     
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Колку гоолема важност си даваме самите на себе, па што сме ние цвеќиња?
    да,понекогаш жената заборава колку вреди само за да ги оправда своите средства се би направила..
     
  18. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Текстот е прекрасен и многу вистинит, но не се согласувам со насовот, па луѓе сме сите, ниту еден човек има вредност, ниту една жена има вредност. Не сме стока да се продаваме па да имаме вредност. И не сите жени се такви како што се опишани во текстот!
     
  19. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    браво за текстот совршен е :clap: :clap: :clap: :clap:
     
  20. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Мноогу ми се дочаѓа текстот но за жал малку се тие што не ценат(се однесува на машките)