Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку вреди ризикот за научните достигнувања?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lella, 27 април 2021.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Темата едно, одговорите -јеее и јас би одела доколку ми се пружи шанса |( Ќе ти се пружи, секако, едвај чекаат такви ко вас желба да изразат и да ги пратат за да има по фејсбуци -вауууу, ја видов земјата оддалеку :D Демек туристична дестинација е.
    Секој ризик кој може да го промени светот -вреди. Па и секој ризик кој возасна личност сама ќе процени дека за неа вреди -вреди. Само треба да е на доброволна основа, луѓе што работат, живеат и би дале живот за тоа. Лично јас не би за ништо, пошто немам страст кон нешто поголемо од мојата удобност и благосостојба а таа удобност е онаа на просечен човек. Да нема војни, глад, сиромаштија, да има вода, храна, облека и некој луксуз плус. Може да имавме образование како во напредни земји ќе имаше повеќе такви луѓе ама со оглед дека бевме/сме некаде на дното, тука завршуваат нашите идеали.
    А за други луѓе и други системи, може само да претпоставуваме што ги води.
     
    На tinka-mace и tina2018 им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Како го опиша, мислиш астронаут е nine to five job што луѓево се принудени да ја работат, а ние тука мислиме дека само се сликаат. :D Секој астронаут станал астронаут на доброволна основа, а тоа волонтерство секако е поттикнато од огромна желба и пасија. Никој не отишол таму поради обврски што му ги дал шефот.
    А инаку да, еден куп мисии се поттикнати од оној high што го спомна. Нил Армстронг не го сметаме за историска личност бидејќи придонел во истражувањето на составот на Месечината, туку бидејќи исполни човечки мајлстоун - стапнување на Месечината. И личноста што прва ќе стапне на Марс исто така ќе го доживее тој монументален момент. И не мора да погодуваме кои им се мотивациите, имаш еден куп интервјуа со астронаути, не верувам дека некој ќе каже дека се пријавил бидејќи му е работа и тоа е сè.

    Исто и јас пред недела дена кога ја ја пуштија мисија Алфа до ИСС. Додека ги гледав како влегуваат внатре, како ги прицврстуваат за столовите, па одбројувањето... Си помислив којзнае колку е возбудливо да си во нивна кожа моментално. :inlove:
     
    На Amellie13, Snowflake97, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    Мој впечаток е дека денешниов мејнстрим антикапиталистички наратив генерално нѐ уназадува на оваа тема и ја занемарува, па и демонизира човековата љубопитност во областа на астрономијата. Доста популарно мислење е (чинам и Берни Сандерс имаше изјава во тој стил) дека дури и финансиските инвестиции за истражување на вселената се непотребни во овие услови. Мислам, при цела воена активност на пример што се одвива и финансира со енормни суми низ светот, да удираш по научниот напредок е апсурд.

    Во врска со ризикот по човечки животи, сметам дека не постои повеличествена замислива цел да се ризикува животот од тоа да учествуваш во ново откритие надвор од границите на планетава, неспоредливо со жртвување за национално-политички цели во рамки на војска која ја спомнав погоре - а што ни звучи многу повообичаено. Секако, тука зборуваме исклучиво за свесни и согласни, стручни и спремни личности кои го посветиле животот на науката, а не ние обичните луѓе од соседството.
     
    На f.girl, Amellie13, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    А зошто ние би се прашувале? Секако дека астронаутите го избрале тоа зашто им е животна цел, се стремеле кон тоа, и да, спремни се да го дадат животот. Го знаат тоа. Не е дека отишле колачи да печат и оп, одеднаш мораат живот да ризикуваат.
    Јас за себе не ни мислам, секако нема да биде, па што фајде од тоа.
    Значи, што одлучиле сами така, вреден е ризикот.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.871
    Пол:
    Машки
    Па добро дадов одговор на прашањето од почетокот:
    Нормално дека никој на го натерал космонаут да станува. Ама реално никој не е натеран да работи нешто што не го сака, освен во робовладетелско општество. Истиот high/желба што некој го поттикнал да стане космонаут, го натерал Колумбо да стигне до Америка, го натерал Магелан да го преплови светот, ја натерал Емилија Ерхарт да го прелета Атлантикот, го натерал Болт да истрча 100 метри под 9 секунди, го натерал Кипчоге да истрча маратон за 2 часа. Истата желба натерала друг да се качи на врв на планина, да стане биохемичар, архитект, хемичар, физичар.
    Иако на почетокот во првиот коментар се одвоени овие работи, сепак мислам дека не може да ги одвоиме.
    Тоа што Армстронг стапнал на Месечината ги доживувам пред се како врхунец на сето претходно истражување, калкулирање, инжинеринг, достигот на технологијата, сиот труд што стои зад тој прв чекор на месечината. Симбол на технолошкиот напредок.
    Неможе ова да го гледаме како одвоено, поразлично, од Батката што измислил вакцина за Полио, и си ја брцнал прво на себе, со што преземал ризик за да достигне напредок.
    Дали пример знаеш дека без вселенските програми денес ќе сме немале вештачки протези (делови на тело), инсулински пумпи, противпожарни материјали, соларни панели, прелистувачи на вода, безжична мрежа, замрзнато суво овошје, телефони со камера, прочистувачи на воздух, лаптоп, лед светла, 3д принтер, глувче за компјутер, патики за атлетика и еден куп други ствари. Сето ова погоре го имаме само затоа што некој решил да оди надвор од земјата и да учи и да истражува.
    Личноста што ќе биде прва на Марс ќе биде само првата личност што стигнала на Марс - за поп културата.
    За другите ќе биде исполнување на генерацискиот сон за патување што подалеку кој резултирал со огромен број технологии и пронајдоци кои придонеле до тоа човекот да стапне на Марс и со тоа да го круниса човековото истражување, знаење и напредок.

    ПС: Мал чекор за човекот, но голем за човештвото
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Обратно.
    Капитализмот не дава простор за љубопитство, оти се базира исклучиво на профит.
    За поп-културата? :^)
    Астрономијата е поп-култура???

    Секој лет дава податоци кои се корисни.
    Психичко и физико здравје при стрес, физиолошки функции во зиро Г и при забрзување од скоро 5маха, влијанието на радијацијата врз организмот... се'.
     
    Последна измена: 1 мај 2021
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.044
    Хипотетички повикот за волонтери е сеуште отворен мислам. Ако имаш повеќе од 18, совршен вид, без здравствени проблеми можеш да аплицираш.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Колку грдо е ко падниш на лекарското :rofl:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.871
    Пол:
    Машки
    Не, тоа се обидувам да го кажам.
    Коментарот горе беше дека Нил Армстронг го сметаме за историска личност само поради тоа што стапнал на Месечината.

    Велам дека Армстронг, Олдрин и Колинс се многу повеќе отколку само "првите луѓе што биле на месечината".
    Така и првите луѓе на Марс, ќе бидат многу повеќе од само "првите луѓе на Марс".
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.044
    Остај, цел живот не ги носам очилата со екскјуз дека не сум пилот:D...и не возам кола:!:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    @Ajronmen Што беше потребата на првиот твој пост? Никој во темава не мисли дека си прават забави таму горе, не влегувај во улога на учител.

    На стори на ESA имаа кажано дека бараат минимум мастерс во математика, природни науки или computer science. Верувам и другите агенции слични барања имаат. Во секој случај, не пуштаат рандом луѓе, мора да си навлезен во тие води. :D
     
    На f.girl, eliesaab, Billy Idol и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.871
    Пол:
    Машки
    Реков, пак ќе повторам. Едноставно дадов лично мислење и одговор на последното прашање од првиот пост. Нема никаква посебна потреба,
    тема на форум-прашање-лично мислење...
    Тоа е тоа, никого нигде не учам.
     
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.044
    Можеби, јас на Марс 1 читав. Може на 18 и мастер имаат, кој да ги знае:?:

    Иначе, за едначење со Амстронг, мислам покрај Елончо друго име не смее да се памети:lol:
    Интересно како и вселената се приватизираше:wasntme:, нема веќе држави, само Маск и Безос.
     
    На MarijaMi90, WildMk, Celltica и 2 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Баш.
    Веќе се анализира како да се регулира земјиштето на други планети.
    Закони спремаат.... ЕУ на пример.
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.044
    По принципот на дивиот запад- кој колку ќе огради, негово си е|(
    ЕУ секако само закони знае да праи, имплементација слабо.

    Он топик- не мислам дека е баш ризик од љубопитност, на долг рок мислам дека е барање за алтернатива за преживување. Можеби и не толку на долг рок. Можеби навистина ја заебаа планетава па сега бараат нова за заебување. Можеби и само за црпење ресурси, којзнае. Од љубопитност не ми се верува дека е.
     
    Последна измена: 1 мај 2021
    На MarijaMi90, Ajronmen и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Да ми простиш, ако ЕУ не имплементира закони, не знам кој.
    Полни се со бирократија ... бетер и од нас.
    Доматите по мерка ги сортираат, перниците за спиење... не пак нешто поголемо од тоа.
    И само аудити, аудити.. не мојш да прдниш без нивните регулатори.


    *Иначе Елон Маск е само фронт-фејс.
    суштински не се негови парите, туку на разно-разни инвеститори.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Ако ја видам Земјата од далеку ќе добијам паничен напад. Толку сум поврзана со неа што било какво летање над неа ми предизвикува притисок и вртоглавици. Сега за сега имам толку да кажам на темата. Другпат ќе пишам нешто повеќе.
     
    На WildMk, MarijaMi90 и Ajronmen им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    За паника и мене најверојатно ќе ме фати.
    И не само тогаш, туку на полетување, додека да излезиш од атмосферата, ако не се онсевестиш, на коњ си...:D
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  19. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Нели темата е за научни достигнувања а не рандом прошетки или погрешно сфатив? :?:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Секое лансирање надвор од планетата е научно достигнување.

    Еве пример.. за вакцината мораше да има trials на луѓе.
    И тоа стотици... илијадници, пред да ги пуштат во оптег.
    Истото е и за влијанието на патувањето и престојот надвор од атмосферата.
    А до сега... колку рече @Lella ? 400- 500 луѓе само биле?
    Доправа е големото.