Колку вреди човечкиот живот?

Discussion in 'Општи дискусии' started by ana-milo, Feb 22, 2016.

  1. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Joined:
    Feb 13, 2016
    Messages:
    139
    Likes Received:
    203
    Gender:
    Female
    Денес сфатив дека мојот живот вреди 25 еур, замислете!
    Шокантно животот имал парична цена!

    25 еур!

    Колку вредат вашите животи?
    Не можам да пишувам се тресам.

    Колега од работа бил болен и не ни кажа, тој не возеше.
    На патот кон_______________ , (срека ) удри во карпата од десна страна.
    Срека што баш кај карпа му излета колата. Инаку тој пат има бездни и .... не сакам да размислувам повеке.

    Го прашавме да не си болен рече, еее не да сум болен!
    За тој транспорт тој добива 100 еур со негово возило.
    Бидејки е лидер на тимот, тој одлучува кој ке вози, останати молчат.
    Во тек на возење пред ударот му се случија неколку занесување, излегување од линија на автопатот од десна страна и плус не можеше да ги фака убаво кривините.

    Ни се чудиме , гледаме, и ништо.
    За 100 еур си направи илјадници евра штета на колата.
    Срека никој не е повреден Слава на Бога , по молитвите на Пресвета Владичица.

    Можеше едноставно да каже , ако толку му требаа тие 100 еур ке соберевме
    ке му ги дадевме, а не да доведува животи во опасност.

    Што би правеле вие во оваа ситуација?
    Дали би го дале на суд?
    Има ли основа за суд воопшто?

    p.s.
    не знаев дека стресот може да биде толку силен
    ми се исклучи телефонот и заборави која ми беше шифрата,
    амнезија да не фатила, леле ,... Бог да чува
     
    Last edited: Feb 22, 2016