1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку време ви требаше за планирање?

Дискусија во 'Свадба' започната од Goldeneye, 8 јануари 2013.

  1. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Драги невести

    Колку време ви требаше за целата организација, т.е. колку време пред свадбата почнавте со подготовки. Барање ресторани, шиење венчаници итн итн.

    П.С. Пробав да најдам ваква тема, но не успеав. Ако дуплирам, извинете :)
     
  2. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    На вујко ми му требаа 2 месеци точно :)
     
  3. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Епа се на се 13 месеци ќе ми се фатат... А не е нешто сложено ниту големо, ниту за многу луѓе, ама се е рачно изработено до ситница. :D
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Фала за одговорите.

    Навистина не знам јас кога да почнам со подготовки... двата одговори беа сосема различни.


    Јас би правела помала свадба, под 100 луѓе, али обврските се пак исти :)
     
  5. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Ние уште кога се веривме го резервиравме ресторанот и бендот. Иако имаше уште цела година и пол до церемонијата, ние со време си резервиравме.

    Во потрага по фустанот започнав 4 месеци пред свадбата, затоа што не знаев дали да купам готов или да шијам.

    Поканите си ги порачав исто 4 месеци пред свадбата. Знаевме со сопругот какви сакаме и немаше потреба од чекање.

    Се регистриравме 3 месеци пред веселбата, а регистрацијата и подготовките околу неа ги средивме за две недели.

    Е сега зависи, доколку сакаш сама да си ги правиш декорациите, ќе ти треба повеќе време, како Елена.мак што пиша 13 месеци, ако не и повеќе, зависи што сакаш и колку гости ќе имаш. Доколку планираш да ангажираш некое ателје или цвеќара, не ти треба време, треба само да имаш идеи и да ги ангажираш. :)

    Мој совет ти е, се’ да си завршиш на време. Направи си листа на работи кои треба да се завршат, ангажираат (сликар, снимател, матично, црква..... ), работи кои треба да се купат ( материјали и слични работи доколку сама си декорираш).... Доколку знаеш што сакаш нема потреба да чекаш последните месеци. Полека ама сигурно :)

    Поздрав :hug:
     
    На Veki4kaa и Goldeneye им се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Поубаво за тебе ако имаш повеќе време.
    Инаку јас бев сведок на 2 свадби кои беа направени, едната за 30 дена.
    А другата за 1,5 месец.И се беше идеално - ама се беше и на трчање.

    п.с. не за џабе е песнава: :D
    http://www.youtube.com/watch?v=I_juk-Hhjrc
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Се согласувам со Аноук, ние уште кога се веривме ги резервиравме големите работи, и почнавме со планови. Резервиравме ресторан 2 недели пред веридбата. Жива среќа, затоа што после испадна дека ресторанот е крш, па баравме друг 8 месеци пред свадба, и најдовме. Фото студио исто, резервиравме одамна, како и музиката, за која реално најмногу и се измалтретиравме, затоа што има милион групи. Јас се правам сама, покани, бонбончиња, китенки, дел од декорациите во ресторанот, декорации дома кај мене и кај него, колата, значи се. Бидејќи во исто време одам на работа со работно време-невреме, морав се со време да фтам, башка одбравме и сложен дизајн. Црква закажавме одамна, мислам Јуни беше, имавме проблем со матичното затоа што несакавме да викаме матичар ниту да се регистрираме на друг ден, а свадбата ни е на прв ден Веигден. За се си треба време. И нашата свадба е мала, макс. 120 луѓе, ама работата ти е иста, пак се мораш да закажеш, да направиш, да одбереш.

    Тука сме ти за совет сите што ги тргаме тие слатки маки! :*
     
    На Anouk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    :D Е да, богами слатки се
     
  9. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Редактирано од модератор:

    Линкови, e-mail адреси и телефонски броеви испраќајте преку ЛП. Прочитајте ги правилата на форумот.
     
  10. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Сестра ми уште сега почна за во јуни! :)
     
  11. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Братучедка ми уште пред 5 месеци почна :D :D
    Во април е свадбата инаку.
     
  12. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Значи тоа што пишав во темава е за помладата сестра која се вери сега во јануари и уште траат подготовките за свадбата во јуни. А мојата постара сестра почна четири месеци пред тоа, инспирирана од песната, четири месеци свадба се спрема! :D
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Точно 2 месеци
     
  14. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Имав време од 1 година се да си организирам до најмала ситница, без нервоза. :rock:
     
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    јас имав скоро година дена да се спремам за свадба ама таква каква што сум незаинтересирана за вакви работи скоро се правев во последен момент :D

    најбитните работи одма ги средивме: музика резервирана скоро 7 месеци однапред, ресторанот исто и тоа беше нејбитното. фустанот некои 4 месеци унапред го договорив ме викнаа на проба еден месец пред свадба. останатите ситници ги купував месец два пред свадба и морам да признаам дека на денот на свадбата имаше доста работи кои ми фалеа ама ич не му се замарав. :D важно преубаво си поминав и бракот ми цвета пу пу да не се урочам. :lol:
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.413
    Пол:
    Женски
    Па имав отприлика 8 цели месеци за спремање ама мислам дека продуктивно се спремав цели 2 месеци, претходно уште два во потрага и ми се фатија 4. Денес можам да кажам дека ми е се спремно 3 недели пред свадба, венчаницата ќе ја земам кога ќе се вратам од одмор, недела дена пред свадба :D
     
    На coconaut и elena.mak им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    На мене ми требаа 2 месеци. Бидејќи не правевме свадба со адети, не се замарав многу. Фустанот го купив недела пред свадбата. Бонбончињата ми ги правеше една братучетка. Беа готови ден пред свадбата.
     
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    епа јас со нај главните работи почнав од ноември и ев сега сме март и се уште организирам имам уште еден месец
     
  19. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.071
    Допаѓања:
    17.212
    Пол:
    Женски
    Мислам по мое прво да се закажат црква, матично музика ресторан сликање, па подготвка 4/5 месеци е доволна.