1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку време да се поминува во теретана?

Дискусија во 'Фитнес' започната од ELLen, 6 јули 2010.

  1. ELLen

    ELLen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Ме интересира дали некој ке можи да ми кажи колку од прилика време е правилно да се седи во фитнесс центар и колку пати неделно е правилно истиот да се посетува . Благодарам однапред :)
     
  2. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    503
    Епа зависи какви вежби правиш и дали вежбаш за да ги дефинираш мускулите или да додадеш мускулна маса...
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    9.928
    Допаѓања:
    130.437
    Па ти можеш и цел ден да си седиш на една клупа таму,нема да биде никаков пороблем...
    Муабетот е квалитетно да вежбаш,45 мин е оптимум.
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    20.450
    Допаѓања:
    58.560
    Пол:
    Женски
    Хахахахаха леле Лилит пукнав од смеење бре, солзи почнаа да ми течат :D
    Инаку мислам дека треба да имаш таму нешто како тренер да те насочува и од почеток треба да се вежба по 45 мин едно три пати неделно, а после се иде почесто и се вежба подолго. А за седење, како што кажа Лилит. Можеш и по цели денови :D
     
  5. ELLen

    ELLen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    muabetot e shto jas,odam veke skoro dolgo vreme vo teretana i si sedam po 3 saati i ne odmaram voopshto i sekoj den odam osven vo nedela :)..no,pocnav da cuvstvuvam zamor,i pocnaa muskulite se povekje da me bolat i zata resiv da se konsultiram ovdeka so nekoj :)) inace,odam za da oslabnam :)
     
  6. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    1.699
    Па треба да правеш соодветни вежби за слабеење не да вежбаш што ке стигнеш.За слабеење се степерот и орбитрекот најмногу и уште некое справи има на кои можеш да вежбаш.Е сега незнам колку се разбира тој што работи во теретаната,ама на него му е работа да ти објасне што и колку да вежбаш според тоа што сакаш да го постигнеш.
    Не може некој што сака да направе мускули и ти што сакаш да ослабнеш да вежбате исто.
    И мислам дека не е препорачливо секој ден да вежбаш.Консултирај се со некој што повеке се разбира од фитнес ;)
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    9.928
    Допаѓања:
    130.437
    Епа неправилно вежбаш...мускулите не се прават во теретана додека вежбаш,туку потоа.На телото му треба одмор и соодветна храна богата со протеини.Вака дури и проблем можеш да направиш...Братучед ми имаше премногу искинати мускулни влакна од вакво вежбање...мускулот не успеал да му се оформи од напор и почна да му се собира нагоре (бутот конкретно)и чувствуваше замор и болки.Плус,вака се заситуваш и фрустрираш.Некаде грешиш,а мислам дека е неправилната исхрана и преголемото оптеретување...
    А пробај и повеќе саати да седиш,ама се плашам дека кирија ќе почнат да ти наплаќаат,не чланарина.
     
    На Fancy_Nency 22, SwanMay и Sunchild им се допаѓа ова.
  8. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    96
    Лилит бре хахахах......а девојче немој да мислиш дека ако вежбаш по 3 часа секој ден и одма ќе има резултати.Не се прави тоа така ајде уп туп слаба си.Вежбај нормално намали со јадењето и ќе има резултати.
     
    На Fancy_Nency 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.269
    Пол:
    Женски
    Ако си почетник и вежбаш по 3 саати секој ден си го ризикуваш здравјето. Под итно треба да намалиш со толку вежбање. Еве ти пишале девојките по колку треба, да не се повторувам. Инаку штом целта ти е да ослабнеш јас би ти препорачала 20 тина минути на лента и 20 на точак. Тие справи се нај ефективни кога е во прашање согорување на калории. Ако имаш малку повеќе телесна маса пробај прво со овие па откако ќе ја намалиш да почнеш со вежби за мускули.
    А можеш и да излезеш во природа да потрчаш или да повозиш ролери и точак. Така резултатите ќе дојдат побрзо.
     
  10. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    503
    Штом не си почетник значи дека можеш да вежбаш повеќе од 45 минути, но тоа не значи по 3 часа секој ден, бидејќи со тоа го уништуваш мускулот. Мислам дека треба да одиш 3 дена и 1 ден пауза. Никако немој да вежбаш без загревање и после вежбање обавезно да истегнуваш. Сметам дека е најдобро да вежбаш 10 минути на лентата за трчање, 10 минути на степерот, 10 минути на орбитрекот и 10 минути на точакот и после пак уште по 10 минути на секоја од нив. За други вежби би требало да ти кажи инструкторот.
    Како што кажаја останатите, немој да очекуваш дека за 1 месец ќе ослабиш 10кг, се нека оди постепено, бидејќи и наглото ослабување ќе му штети на твојот организам.
    Што се однесува до болките во мускулите, пијај по еден андол на 12 часа, масирај ги и ОДМАРАЈ неколку дена.
     
  11. Bellla

    Bellla Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10
    Не знам колку сакаш да ослабиш, јас имав околу 62-63кг и сакав да ослабам од 7-10кг. На фитнес одам редовно (скоро секој ден кога можам) веќе 6 месеци и ослабев едвај 3-4кг. Вежбам 20 мин на орбитрек, 20 мин на подвижна лента (брзо одење зашто слушнав дека тоа ја тенчи половината), 20 мин статичен точак и 30 мин на справи за дефинирање на мускулите. Веќе изгледам прилично добро иако имам уште малку сало на стомакот (односно околу половината). Сите мускули ми се зајакнати и веќе на дадени делови од телото се познава дефиницијата (или како веќе се нарекува).
    Инструкторот ми рече дека во неделата треба да се оди најмногу 4-5 дена, не секој ден, за да има ефекти. Секој пат на справите се вежбаат различна група мускули (стомачните мускули може секој пат без прескокнување :D
    Исто ми беше кажано дека орбитрекот е подобар за слабеење и од статичниот точак и од подвижната лента.
    3 саати е премногу!!! Погрешното вежбање може да нанесе повеќе штета отколку да донесе корист. Јас секој ден вежбав на преса во првиот фитнес центар каде што одев 3-4 месеци (никој не ми кажа дека таа ги пумпа бутовите што јас всушност сакам да ги намалам во обем :(
    Советувам вежбање со инструктор кој е стручен, а не некој квази-инструктор кој е незаинтересиран да те насочи и те остава да вежбаш погрешно на своја штета.

    Се надевам бар малку помогнав. Поздрав!
     
  12. bilebt

    bilebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Еве и јас да го споделам моето искуство. Кога почнав со вежбање во теретана во почетокот поминавав помалку време еве на пример 1 и пол, но потоа како да се навикнува огранизмот и имаме повеќе кондиција почнав повеќе да вежбам некаде 2 и пол сати. Од кои во вежбањето треба да комбинират вежби со тегови за целото тело за сите мускли раце нозе грб стомачни, а потоа да се направат и кардиоваскуларни вежби на отбитрек, степер и точак.
     
  13. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    1.546
    Јас искрено сакам да одам во теретѕана ама незнам каде има :?: Ако некој знае каде има теретана во Струмица и колку пари е?
     
  14. berry

    berry Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Znae li nekoj kako ide programata ako sakame da kacime kilaza.t.e. muskulna masa?
    [mod-kirilica:3hi48qw6][/mod-kirilica:3hi48qw6]
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    јас во теретана поминувам околку 2 часа имам 53 кила а висока сум 173 све што вежбам оди кај мене во мускулна маса мене тоа ми е и целта во теретаната има инструктори кој се стручни да кажат што да конзумираш од храна колку на која справа да вежбаш и како правилно да вежбаш и ред др.работи нема правило колку време да се поминува во теретана кај секого е различно се разбира :*
     
  16. berry

    berry Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Во која теретана вежбаш? :)
     
  17. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    503
    45 мин-1 час е совршен тајминг за тренинг во теретана.
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    не е дозволена рекламација во форумот инаку ете ќе кажам дека сум од Битола а кај нас на секој чекор има теретани позз ;)
     
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.897
    па зависи таму има тренер....и тој ти одредува секако на почетокот помалку а после повеке....
     
  20. catherinetudor

    catherinetudor Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Cas ipol najmnogu... se sto e preterano ne e ubavo ne treba da se preopteretuvas.. se nadevam deka dokolku odite vo teretana krevate tezini ne se zaebavate so tegovi od po 1 ili 2 kg... ako sakate da se definirate so predizvikuvacki tezini i so poveke povtoruvanje vo serija 10-12... pozz :)
    [mod-kirilica:3hm3yii3][/mod-kirilica:3hm3yii3]