2 пати дневно најчесто, ама се случува и повеќе пати, зависи дали излегувам некаде, или сум јадела нешто непријатно хаха.
После секое јадење пошто носам протези. И секако пред да излезам од дома, што би било вкупно 5 пати дневно. Ауу сега сфатив зошто толку брзо ми ја снемува пастата, до мене било, а сестра ми ја карав.
Јас кога носев протези, не ми се смени редот на миење на заби. Секоја вечер ги миев или ако одев на проверка пред тоа. Забите ми се бели и немам никаков кариес. Затоа, сите кои носат протези, нека не се измачуваат со миење. Можете со овие, мене многу ми помогнаа после јадење: Не се троши паста после јадење, само на суво се поминува.
Инаку јас користам Колгејт паста за заби,видовите ги менувам.Сакам да почнам да к ористам и Колгејт течност за плакнење на устата.Забите ги мијам најчесто наутро,пред излегување реку ден и навечер но незнам зошто почнав ретко навечер да ги мијам Некој да ми даде совет за течностите од Colgate-за што се всушност тие? Што претставуваат? Какви користите?Задоволни или не? http://img.webmd.boots.com/dtmcms/live/ ... _shot1.jpg има уште или само овие се? За што точно служат? Кога и како се употребуваат?
Забите навечер се мијат за здравје, а наутро за убавина. Така мене ме учеа Никогаш не сум си легнала со неизмиени заби, колку и да сум уморна, или во некои случаи пијана Многу ми е толку гадно тоа... Пред спиење задолжително ги мијам со четка и конец. А наутро не ги мијам, бидејќи нели, чисти ми се. Само жабуркам со течност за плакнење и дезинфекција на уста, за да го освежам здивот.
Папи значи ме излажале дека ако не се мијат по секое јадење може да ти познаваат коцкички на забите кога ќе ги извадиш?По цел ден сум со четката во раце и на работа обавезно ги мијам и ако немам можност за миење не ни јадам инаку употребувам конец и маливе четкички
Наутро и навечер задолжително , а кога сум во можност ги мијам и повеќе пати. Без разлика колку ми се спие навечер и колку сум уморна, никогаш не си дозволувам да легнам со неизмиени заби.