Можеби ти е премногу тврда четката и ги иритира забите при миењето, може ако ги миеш многу грубо и многу допираш по непцата со четката. Исто така може да е и некое воспаление. Пробај примени ја чектката за заби ако ти е медиум земи си софт, јас ти ги препорачувам од Curaprox5460, најмеката и најубава четка што сум ја користела. Мислам дека нема помека четка на пазарот од оваа, бројчето го означува бројот на влакненца на четката, а чувството кога се миеш е преубаво, пренежно. Многу добро ги чисти забите со мал број на потези поради густината на влакненцата, еднаш кога ќе ја пробаш ќе ти биде чудно ама после нема да можеш да замислиш да се миеш со друга четка. Една четка чини 230 денари, а ги имаш и во паковање по 3 така чинат 520 денари. Еве ти некое сликче. Јас ги зимам од Космо, ама би требало да ги има и по аптеки... Ако не ти помага четка тогаш пробај смени паста, има пасти за иритирани непца специјални.
Мимс не вервам да е до четката, баш пред два дена ја сменив, новава ми е со баш интересни влакненца, едните се пократки едните се подолги, и многу убаво ги чисти забите, меки се влакненцата. И јас сум задоволна А еве се фаќам сега на долното непце од левата страна ми е малку како потечено, сега баш ќе се измијам пак заби па да видам шо како.
Два пати дневно... Кога ќе станам и вечерта пред спиење. Но некогаш се случува и повеќе од два пати. Секогаш мијам заби пред излегување од дома.
Јас многу често ги мијам забите. По секое јадење и тоа темелно и убаво Моите не можат само за паста да заработат
Кога ќе станам од спиење и пред легнување обавезно. После јадење зависи од расположение , али и пред искачање нормално
Еднаш наутро и еднаш навечер обавезно, а некогаш се случува и три пати да ги измијам во текот на денот.
Пред и после спиење, после секој оброк, пред излегување. Најмалку 3 пати на ден, не можам да поднесам да не ми се измиени забите
Ги мијам еднаш, навечер, после секое јадење џвакам мастики и стоматологот ми вика забите ми се супер. А за времето, ги мијам од 3 до 4 минути.
Nautro i navecer.Koga jadam nesto obavezno gi miam pa i gricki da se,navika mi e nosev proteza edno 5-6 god i pred sekoe jadenje duri i na uciliste gi miev