Nautro i navecer gi cistam so konec i potoa gi mijam i sekogas koga izleguvam nekade. [mod-kirilica:2jh0pi2t][/mod-kirilica:2jh0pi2t]
Јас ги мијам забите 2 до 3 пати дневно претежно 2 пати насабајле кога ке станам и пред спиење а ако мегувремено излагам тоа обавезно неам навика да ги мијам после ручека треба да си створам и тогас навика да ги мијам и обично ги мијам од 3-5 мин.
Ги мијам два пати дневно - наутро и навечер И пред да излезам некаде ги мијам,иако сега е распуст па не излегувам никаде
Ги мијам наутро и навечер, а и пред излегување (како што рече батерфлај) Подобро е квалитет, отколку квантитет т.е. подобро е забите да се мијат двапати дневно за време од 3 минути, отколку да се мијат 4,5,6пати за време од 1-1.5 минути
Наутро и навечер обавезно ги мијам, а некогаш и по некој оброк. Ми се случува некогаш да ги измијам 5-6 пати, ама не секогаш. Околу 2-3 минути ми трае миењето. А ова со 8-те минути .. ќе умрам јас толку , пола саат заби да мијам .
Забите ги мијам обавезно два пати на ден на утро и на вечер околу 5 минути , ги мијам исто и пред излагање освен ако не ми се брза многу за некаде па купувам мастики успат
Сабајле, после ручек, (или ако сум 2ра смена кога ќе се вратам дома) , и пред спиење. И пред ислегување негде, обавезно. Едноставно осеќам дека нешто ми фали кога нема да ги измијам забите, неможам така да излегувам..
Ги мијам кога треба на забар да одам Обично два пати на ден, ама ако осетам дека нешто не ми штима исто ги мијам. Тоа исто како со рацете миење, ако почувствувам дека ми се прљави ги мијам. Иако можеби веќе сум ги измила.
Порано претерував со миењето. Ги миев по секој оброк. Но, матичниот заболекар за малку ќе ме натепаше поради оваа моја навика. И морав да се одвикнам. Сега ги мијам веднаш после првата испуштена мокрача и навечер пред спиење (сепак не секоја вечер, да речеме преку една вечер). Кога треба да излегувам некаде на поважно место-обавезно миење. Пред одење на заболекар-миење. По орален-миење. По јадење на некоја храна која предизвикува лош здив (скара особено)-миење.
Наутро, по секое јадење доколку сум во можност, ако сум излезена пред да излезам и кога ќе се вратам, и навечер. Ме интересира за конецот, од каде го набави и како се снаоѓаш со него?
^ Конецот се продава во аптеки. Се кине колку што мислиш дека е доволно и преминуваш на чистеше на забите. Еве овде е добро објаснето http://infodent.mk/temi/preventivna-stomatologija/148-upotreba-na-zaben-konec-vo-oralnata-higiena
Забите ги мијам секој ден по 2-3 пати дневно, обично ги четкам 2-3 минути.. А ова 8 минути миење заби прв пат слушам т.е. читам... Моите заби не би издржале толку долга тортура
Насабајле и навечер гледам бар 2,3минути да бидат па додека ги мијам си бројам во себе Стоматологот ми рече дека ако сакам можам и саат да ги мијам, ако не ја научам правилната техника на четкање-џабе,,,,,,ми покажа како с е четка ,па гледам така да практикувам-иако малку потешко
Јас 2 пати дневно.. сабајле и навечер.. а после јадење орбит и исто како да сум ги измила. 2 пати дневно по 2-3 мин. се сосема доволни според мене.
2 пати сабајле и вечер, а по потреба и 3 пати и тоа меѓу оброк, после ручек најечсто, но само кога треба да излезам некаде.