magic сигурно не ти рекол точно 8 минути, забите се мијат од 3 - 8 минути, зависи кој,како може, јас можам само 3-4 минути, потоа одвратно ми е
Сабалје и вечер обавезно а некогаш може да останам на овие 2 пати зависи од денот, а ако сум цел ден и ако ми е здодевно после секои грицки, после секое јадење си ги мијам забчињава мои кривки
Па 2 пати, некогаш и 3 пати. х) Некои си го мијат и јазикот, сум пробала, но за малце ќе повратев. И веќе не пробувам. Сум пробала после секој оброк да џвакам орбит, но мене не ми стига едно опаковче за цел ден. Да имам мастики цел ден ќе џвакам.
Најмалку 2 пати дневно - наутро ми е незамисливо без оваа рутина да го стартувам денот исто како и без миење лице. Иако добивам нагон на повраќање при миењево на заби, уште не сум успеала да ја откријам причината за тоа, упорна сум дури и стругање на јазикот си вршам повремено. Навечер пред спиење пак морам да ги измијам бидејќи ќе ме прогонуваат кошмари како ќе ми се распаднат забите во текот на ноќта под дејство на микроорганизмите кои ќе преноќат во устата . Ако излегувам ја зголемувам фреквенцијата на миење правопропорционално со бројот на излегувања. И чудо некое последно време на работа усовршувам нова вештина јадење со минимални остатоци на храна по забите и скоро никакво бришење на карминот притоа и не да се фалам - ама не да ме бива, право махерче сум !
Јас ги мијам забите после секое јадење и пред секое излегување....носев 3 години протеза и некако ми остана таа навика.Ако не се измијам заби и испаднам мислам дека ќе се вратам и на пола пат да сум само да ги средам забите како некоја опсесија ми се ... Ама и не е толку добро што цело време ги мијам дека си ги разранувам непцата со четката па и многу често сум на заболекар поради тоа..
два пати дневно и пак се жолти. п.с. барав паста за заби signal white now ама неможам да најдам, сум прочитала овде по форумов дека многу ефикасна била?
Таа е со моментален ефект, и пишува на рекламата, таму доле со ситни буквички за да не се приметува : *ефектот не е долготраен Инаку и јас планирам да ја земам.
Најмалку два пати дневно. И обично навечер ги чистам со конец за заби Не можам да разберам како некои луѓе не се грижат воопшто за своите заби Се сеќавам како помала татко ми секогаш ми велеше наутро миј ги забите за да бидат поубави и да имаш посвеж здив, а навечер за да ти бидат поздрави. Ми велеше дека ако легнам со не измиени заби, ако не ја отстранам храната што сум ја јадела тој ден ќе ми се расипеле забите и ми го опишуваше кариесот како бубачки што ја јадат таа храна и ги расипуваат забите И оттогаш ма колку да сум уморна, мрзлива нема шанси да легнам со неизмиени заби Не знам дали и на другите им се случува, ова ама јас ако не измијам заби чувствувам огромна грижа на совест
Абре по секој оброк ги мијам, ко ненормална секој ден над 6 пати..... Тоа е дури болест но откако ми ја тргнаа фиксната протеза опсесија ми се бели заби... Дури и мојот стоматолог ми се кара.....
Па ако убаво ги миеш забите 8мин. не би биле потребни. Временски најмногу 5мин. ги мијам ама ги мијам темелно и тоа 4-5 пати на ден. Плус тоа порано носев протеза па ми остана навиката постојано да ги премивам.
Наутро и навечер обавезно ги мијам али дека по цел ден сум на работа и сум во движење немам можност за да ги мијам па затоа нон стоп сум со орбит иако тоа не е оправдување али се снаоѓам некако
3 до 4 пати на ден и ги мијам по 3 минути (добро , не го мерам времето ама одприлика толку ) Ми имаа кажувано дека треба по 3 минути да се мијат, а ова за 8 не сум слушнала до сега. Инаку пред некое време разбрав и дека треба да се мијат со сува четкичка, а устата пред миење да ти биде исплакната со вода. Исто така и колку паста да ставаш, ефектот бил како зрно леблебија или кикиритка.
Јас ги мијам забите после секој оброк бидејќи носам протези и се што ќе изеам ми влегува низ протезите и ми смета а плус тоа може да ми се расипат забите ако не ги мијам
3 пати на ден ги мијам обавезно. На сабајле, навечер и после ручекот. Доколку ручам надвор одма дома, веднаш превентирам со орбит а кога ќе си одам дома ги мијам и просечно тоа трае до 5 мин. Миењето на заби после ручек ми стана навика и ако не ги измијам мислам дека ручекот ми се залепил на забите.. одвратно
Наутро и навечер обавезно, а во текот на денот може да ги измијам уште Н-пати ,зависно од тоа дали сум јадела смоки . Многу ми се лепат!
Jaс знам дека забите треба да се мијат по 2-3 минути ако ги миеш толку долго ке ти се раскрварат немцата така ми кажа мојот стоматолог....инаку по 2 пати дневно миење доволно е...