Обично ги мијам три пати, а кога излегувам повеќе пати, тогаш може и повеќе. Обично по 5-6 мин, кога не брзам и не каснам некаде.
2-3 пати, меѓутоа може да се случи и до 4-5 пати понекогаш, кога го имам тоа глупаво чувство во устата или очајно ми треба освежување.
Бидејќи носам протези..забите ги мијам околу 5 пати во денот..и по повеќе време за да може да ја исчистам убаво протезата...
3 до 4 пати. Евентуално 5 доколку излезам два пати во денот. Најчесто ги мијам по 3 минути бидејќи имам читано дека тоа е доволно за да се исчистат убаво, но и подолго да се мијат нема да им наштети.
Манијак сум за лична хигиена, заби мијам после секое јадење ако сум во можност и нормално нели наутро. Е пропуст ми е најбитното, пред легнување ретко ги мијам, мрзата во мене победува.
Само за празници, и некои свечени прилики Спојлер сабајле и навечер, ок, за навечер некад може да се заборавам, ама за сабајле секогаш
Мене ми е малку тешко да поверувам дека некој мие заби по 6 пати на ден ... ама океј. Заби не се мијат 4 пати дневно по 8 минути. Прочитав и по 5-6 минути дека ги триете забите неколку пати на ден. Ако тоа е вистина, би ве советувала да поднамалите. Не е здраво. И забите се оштетуваат, и непцето може да се разрани. Се што е арно, ако се претера, не е на арно. Јас ќе си бидам искрена. Забите ги мијам еднаш дневно во времетраење од минута амксимум две пред спиење, т.е пред излегување, а ако случајно јадам нешто кога ќе излезам ги премивам пак кога ќе си дојдам. За навечер да немам никакви остатоци од храна, па да не ми се размножуваат бактерии во усната шуплина Значи секогаш ги мијам навечер.Насабајле само ги проплакнувам со течност, а во остатокот од денот си џвакам мастики. Па пак забите пу пу да не ги урочам ми се бели, цврсти, совршени и здрави. Мене ми е незамисливо да грицнам нешто и да трчам да мијам заби. Тешко ми е да поверувам дека некој тоа го прави ... ама сепак, сите сме различни.
Наутро, навечер и после секој оброк. Носам протези и така да морам после секој оброк да мијам заби, но и поубаво е кога остатоците од храната ти се извадени од забите. Кога не сум во можност да ги измијам и мастика врши работа.
На сабајле кога ќе станам навечер пред да си легнам бидејќи сакам да си легнам со свежа уста како што викаата и пред излагање ги мијам
Насабајле ОБАВЕЗНО, ако излегувам ги мијам, и навечер ако не заборавам И ако не се брзам некаде ги мијам по 5-6 мин, а ако се брзам по 3 мин најмалку