1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку години би сакале да живеете?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од manja666, 30 октомври 2013.

  1. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Според вас колку години се доволни за да си го остварите сите животни цели ?
    Колку години просечно би сакале да доживеете ?
    Јас лично мислам дека 60 години се сосема доволно за да изградиш кариера, да создадеш семејство и лесно да си заминеш од овој свет. Никако не би сакала да доживеам 70 години или повеќе затоа што сметам дека животот тогаш представува само страдање, изнемоштеност и мачење со болести.
     
  2. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Според мене ,цел живот оставруваме,па и над 60 тоа е моментот кога обично се добиваат внучиња а за постарите луѓе тоа е најголема радост.Болестите одат со годините,но несекогаш е така,е на колку луѓе не им би дала 80г. луѓе кои одлично се држат,со 70 години патуваат,шетаат за рака,ги носат внучињата на школо,пример баба ми,е сега нејзина цел како 80 годишна жена, цел и е да ги доживее свадбите на вничињата,тоа е момент од кој не сакам да се откажам,сакам длабока старост.Многу повеќе креираме, остваруваме и градиме кариера на млади години.Но убаво е да се ужива и во староста.Има и таа благодети. Само здравје.:)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.210
    Пол:
    Женски
    Би сакала да живеам онолку колку што би можела да водам грижа сама за себе. Ако биде тоа и до 90, па би си поживеала, не би ми дошло лошо. Ама ако ме совладаат болести, не дај Боже и да легнам во постела не би сакала да живеам така ни до 50, подобро директива да се приберам, каде и да биде тоа. За мене повеќе е во квалитетот, здравјето, него ли бројот на години.
     
    На Sahlene, stefyle, vitomir и 2 други им се допаѓа ова.
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.979
    Додека сум здрава за да не претстаувавам терет на другите.
    Еве хипотетички нека е 50-60, сеедно.
    Сакам да ги исправам на прав пат децата како родител (ако некој ден станам родител) да ги научам на тоа што можам, и да ги научам сами да учат во животот дека нема секогаш да сум тука како мајка.
     
  5. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Порано кога бев помлада,кога некој на 60 години ке умре и ке речеа леле млад си умре јас си се чудев како бе млад :^) е сега татко ми ближи во тие години,а јас го сметам за млад,а и тој самиот исто така.Па и јас би сакала да поживеам до кај 80 години се разбира ако сум способна да се грижам самата за себе а ако недај станам неспособна да водам рачун за себеси веднаш да ме снема во истиот момент колку и да се годините небитно несакам да си се измачувам,а најмногу што несакам да ги измачувам тие околу мене.
     
    На elenkata20 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Онолку колку што е потребно.А секако до едно 100 - тче, мојт зш да не :D
    Велат дека секој човек е со одредена мисија и се додека не ја оствари, реализира, не умира.Релативно е ова за да се каже точно колку би сакал човек да живее.
     
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.723
    Пол:
    Женски
    Реално онолку колку што ќе можам да се грижам самата за себе.Децава да немаат обврски околу мене.Дури и сум им дала инструкции слободно ако западнам нека ме сместат во дом,не сакам некоја снаа да има главоболки од мене,или зетот да нема разбирање за ќерка ми ако таа сака да помине некој час со мене. :D
    Поставувањео на бројки за смрт за мене е лудост.Прво кои сме ние да кажуваме до кога треба да живееме,второ што се годините кога има за што да се радуваш.Кога децата си ги извел на пат,си добила и внучиња,сега е моментот кога треба опуштено да уживаш.Се разбира ако здравјето е во ред.Не се осудувам да ставам граничник ни на мојот живот ни на другите.Немам право на тоа.
     
    На cresa-jagoda и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    90 засега... Потака можеби поинаку ќе мислам... :) Секако, здрава и на нозе. :D
     
  9. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Па не е ни битно колку, битно како... Ама 60тина доста се некако :D Барем од сегашна гледна точка, можи ко ќе имам толку ќе се осеќам млада... Здрави и живи да сме па ... ќе видиме :D
     
  10. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Највеќе би сакала да живеам до 60 и нешто.
    Па повеќе од тоа ми се чини како само да треба да се мачам да за живеам.
    Стара,изнемоштена....Не ќе можам ништо сама да направам,секогаш ќе ми треба рака за помош.
    Но,живи и здрави можеби и нема да биде така. ;)
     
  11. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Сакам да живеам доволно за да им помогнам на децата да ги израснат внучињата, поготово ако сум млада баба. Ќе речев дека сакам на внуците да им играм на свадба, ама модерни времиња се сега, па до тогаш кој знае може нема да примаат баби на свадба, или ќе биде во некоја дискотека каде Џастин Бибер ќе биде ретро хит... :D :D :D
    Озбилен муабет - дури сум здрава да сум и жива. Кога човек веќе не може да се грижи сам за себе и станува терет на другите, не се битни годините веќе, туку квалитетот на живот. Кога нема квалитет џабе ти е квантитет.
     
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    До толку колку што ќе можам да водам грижа сама за себе без да паднам во нечии неблагодарни раце. Познавам изнемоштени лица кои никој не ги гледа, не им подава чаша вода и ги навредува лично синот, снаата или внукот . Е...те животот таков, си им творел нешто цел живот за после да не ти даваат чаша вода :devil:
     
  13. Kikka.C19.20

    Kikka.C19.20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    22
    Би сакала да останам млада засекогаш ]:)
     
  14. Ludaaaa

    Ludaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
  15. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    До кај 100 :devil:
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Толку колку што ми се потребни за да ги исполнам моите амбиции.Скромна сум во желбите.Бројот е релативна работа.Автобиографијата е начинот на нашиот живот,добар или лош.
     
  17. coralin-e

    coralin-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    98
    Колку што е можно повеќе. :D
     
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Доволно за да ги исполнам зацртаните цели во мојот живот- факултет, работа, брак со мојата најсакана личност, деца и изведување на децата на нивниот прав пат (ако ми даде Господ деца) и да помогнам со внучињата :wasntme: Доволно :D
     
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.514
    Пол:
    Женски
    100 год. доста ми се :rofl:
     
  20. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Јас би го поставила прашањето обратно, има ли некој што сака да умре? Значи, без оглед колку години и да имаме никогаш нема да кажеме е сега ни е доста. Читам овде разни мислења па така некој од печеснаесе години вели јас сакам да живеам 60 доста ми се. Но тоа е затоа што таа бројка од нивна перспектива им изгледа далечна и си викаат, ееее има време. Но кога ќе дојдат на тие години всушност сваќаат дека дури тогаш треба да му се радуваат на животот.
    Постојат неколку работи од кои на човек никогаш не му е доста, мегу нив се љубовта, богатството и животот. Колку и да има човек љубов ќе сака уште, колку и да има пари ќе му бидат малку и колку и да има години ќе смета дека треба уште да живее. Не џабе старине луге кога ќе се пожалат дека нешто ги боли реченицата ја почнуваат, ма не е до годините него незнам што ми е што вака лошо се чувствувам, а имаат преку 80. Значи не сакаат да си признат ниту себеси дека годините ги навјасале туку сакат да веруваат дека тоа е минлива состојба.
    Да бидам конкретна, сакам да живеам онолку колку што ќе можам сама да се крепам без да бидам товар на другите, колку и да е тоа.