Од 35 до максимум 50. Порано сакав да живеам што е можно подолго, ама се премислив, само затоа што лошо би поднела да гледам помлади, поубави и повитални од мене.
Јас некаде до дека ме држат нозете, не сакам да бидам терет на некој за да ме чува па така некаде до 85 да сум жива и здрава.
Би сакала да живеам онолку колку што би можела да водам грижа сама за себе. Не би сакала да легнам во постела, да не можам основните работи да си ги завршам без нечија помош.
Додека сум здрава и способна самата да се грижам за себе и своите потреби. Релативни се годините тука. Можиш и на младост да се разболиш па родителите или блиските да се грижат за тебе. Не сакам таков живот.
Па бар 80 години, да видам дали и јас ќе станам "излапела" баба што ќе ги нервира децата со неслушање и сите старачки особини Па на погреб да има повеќе насмеани отколку ужалени лица
Додека е жив мојот (иден) сопруг и/или додека можам сама да си ги извршувам основните потреби, не би сакала да сум терет на никого.
Што знам 36 години 50 рамно понекогаш и 70-80 некогаш и 100 рамно да ги дочекам сакам со правнуци. Зависи. Нека биде вољата божја.
Додека да порасне син ми. Значи до кај 50 год да наполнам доста е. После тоа почнуваат здравствени проблеми, од кај да знам може ќе ми се земе умот и ќе бидам гадна свекрва како мојава. Не сакам. Подобро да си умрам на 50 отколку да живеам до 80 а се околу мене да нервирам. Знаете викаат со годините умот го губиш, па не сакам да правам лошотии.
Па никогаш не знаев одговор на ова прашање, како помала сакав "вечно" со мама и тато и цела вечност ми била малце тогаш. А сега, сфаќам дека не ми треба да сум "вечно" тука, ако моите блиски и најмили луѓе ги нема, без нив не ми треба "вечност" Сметам дека секогаш ќе ни биде малце живот, и на 60, и на 70, ќе кажувам како ми е рано, ама ете моја желба е многу убави работи да дочекам, и детето (или децата), да бидат одгледани по правилен и добар пат, нема правила, ама желба си е желба.