Не сум размислувала воопшто за ова. Не ми се битни годините колку ќе живеам, само би сакала да имам лесна смрт, без болки и без маки, па макар и млада да би умрела.
Што ви е луѓе? Сакам 85 години да дочекам и тоа подвижна и витална. Се што е до 50 години не е век. И сакам лесна смрт. Една подалечна роднина инаку стара жена легнала на пладне да одмори и починала, баба ми просто и завидуваше колку убаво си умрела. И страв ме фаќа од тоа колку народов е болен, до 50 години веќе се разболени, кој преживеал удар, кој оперирал тумори, кој дијабетес, притисок итн.