1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку го кажувате она што другите сакаат да го слушнат?

Дискусија во 'Канта' започната од Unfaithful18, 23 јули 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Другарка ти конечно си го купила фустанчето за кое веќе еден месец ти зборува. Целата среќна и возбудена се облекува за да го „презентира“ пред тебе. И додека таа со нетрпение го очекува вашиот позитивен коментар, вие замрзнувате. Фустанчето не само што не ви се допаѓа, туку и пари да ви даваат вие не би го облекле. Што сега?
    Што кога сте свесни дека вашиот искрен одговор ќе го повреди соговорникот?
    Сепак ќе ја кажете вистината, или ја премолчувате, кажувајќи притоа дека ви е убаво фустанчето.

    Или кога ваша другарка после долга диета ве прашува дали е ослабната (а вие не гледате разлика, дури и подебела ви изгледа), кога другарка ти ќе фати дечко и ве прашува за мислење ( а вам не ви се допаѓа ни надворешно, а ни пак во однесување), кога ќе добиете подарок што не ви се допаѓа?

    Јас во ситуацијава се однесувам во зависност од тоа колку личноста е подготвена да прифати критики. Ако не ја познавам добро, признавам дека го кажувам тоа што сака да го слушне.

    Колку на луѓето од вашето секојдневие им го кажувате она што сакаат да го слушнат?
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.