Самиот наслов кажува, колку дена бевте во болница одкако се породивте? не пронајдов ваква тема, затоа и ја отворив, доколку постои нека оди во канта
Со син ми се породив во сабота попладне и во среда сабајле ме пуштија дома ,а со ќерка ми се породив во петок наутро и во вторник си отидов (со потпис заради протоколот дека мора со втор царски да се остане 5 дена инаку и со мене и со бебето се беше во ред).Е сега се е индивидуално ,но во принцип со нормално породување отпуштаат за 3 ,а со царски за 5 дена во случај кога се е во ред со мајката и бебето.
Јас останав цела недела. Се породив во вторникот и очекував до четврток да не пуштат дома, најкасно до петок Ама ќерка ми фати жолтица и моравме да останеме додека не се среди жолтицата т.е. додека не биде се` во ред со билирубините. Така што дома си дојдовме тек во понеделникот.
јас се породив во понеделник, ме пуштија во петок. Но останав толку многу затоа што се породив со царски.
четврток се породив. сабота не пуштија со керкичката ,одвај чекав да си дојдеме домче .инаку гужва невидена беше ,бебушот малку ми изгледаше жолтеникаво ама докторката ми рече не е проблем да ја изнесувам на сонце со оглед дека август се породив,и се беше ок дома си е дома
PONEDELNIK SE PORODIV VECERTA VO 23:50 MISLAM DEKA CETVRTOK IZLEGOV SO POTPIS ZOSTO TREBASE DA SEDAM USTE EDEN DEN A KE SE MRDNEV GO PRASAV DOKTOROT BEBETO DOBRO E? ODLICNO* EPA DAJ PAPIR PRIJATNO!!!!
Петокот се породив во 14:05 а сака уште утре дента да ме пуштат, ама поради слабокрвноста и крварењето што ми се случи ме оставија до недела.