Не знам мене ми се измелези нешто, знам првата менструација кога беше имав по 7 дена значи, ме држеа баш долго тие 7 дена. После некое време мене ми се намали, и сега имам по 4 дена. Баш чудно мада секако мене ми одговара да имам по 4 дена, 7 дена не можам да поднесам многу ми е.
5-7 дена, нормално првите денови пообилни, последните 3 дена колку да ја има, ама сепак ја има да ми ремети мир
5-6 дена, понекогаш имам ужасни болки и не можам да станам од креветот (тоа се случува првите 2 до 3 дена), но во глобала лесно поминувам.
Кога бев помала траеше до 7дена и тоа течеше како вода од чешма А сега едвај 4-6дена Вториот ден така така си тече а останатите колку да не е без ич
5-7 дена, во лето кога е премногу топло знае да биди 4 дена, а преостанатото време најчесто ми е 5 дена, но и некогаш ќе се одолговлечи max до 7 дена
Поради вакцина од ковид ми задоцни за 10-12 дена менструацијата. Инаку обилна менструација имам 1-2 дена, ми трае максимум до 5 со постепено намалување.
Па порано 6 дена онака асално. Сега првите 3 поплава, 4ти онака, 5,6 скоро и да немам, ептен капки. И подобро ми е вака