Здр девојки дали некоја од вас имала пореметување на менструацијата поради зголемена телесна тежина еве веќе 1 година немам менструација на гинеколог бев сее океј хормони испитав горе доле добри беа единствено што останува од тежината.. После колку време ви се регулирал циклусот сакам да ослабам ама нешто и не ми оди одрака
Само Тироидна мислам беше ама рекоа дека е добро ова ми се случува после пораѓај ама овој пат се издолжи една година веќе покачив на телесна тежина па за тоа ми викат
Штом ти така накачуваш, не е тоа добро. Од тироидата ти е. Треба да ти испитаат 3 тироидни хормона. Оди на ендокринолог.
После порагај хормони и тироидна стануваат хаос кај некои. Другарка ми беше подебела после порагај некој месец отколку во бременост. Оди испитај да видиш каде е проблемот. А циклусот додека се среди кај некои минува повеќе од година дена.
А што ти кажаа? Немаш некоја терапија? Јас после бременост дури после скоро година добив оттогаш и ПМС ептен ми се влоши
Премногу активна тироида. И да, пијам лекарства неколку месеци сега. Ми кажа да се здебелам 15 кила за неколку месеци, а ја 55 кила со се кревет.
Блазесити на килажата јас најнормално јадам ама се дебелејам многу брзо повише вода пијам ама и тоа ми дејствува највише се дебелејам после пораѓај по 15/20 кила качувам и сама незнам како место да спаднам јас качувам после кога ќе станам на вага се разочарам ептен хормоните ми викаат ти се добри едно време инсулинот ми беше висок па пијам глукофаж и така седам со таа килажа ако прекинам глукофаж за краток период качувам многу кила незнам више што е работава стварно докториве ја фаќаат на мене кривицата де многу јадам ова она а најнормално јадам како и претходно дури сега и помалце е сега од 70 кг да дојдеш на 100 кг и кусур многу е лошо а незнаеш во што е проблемот стварно
Лошо, лошо. Кога ќе отиде тироидата во аут, се заеба. Јас имав околу 100ка и можеби за година дена, нагло ославев над 40 кила. Лекарствата тешко ми делуваат. Во секој случај и кај тебе е доста лошо. Да одеш на ендокринолог што побрзо.
Мене искрено ова со циклус баш ме плаши толку време без циклус мие страв да не добијам некоја болест . И баш така како што викаш после пораѓај баш се поправам значи и до 20 кила за краток период притоа викат се е во ред пиј глукофаж и тоа е тоа држи диета а јас си јадев најнормално како и претходно понекогаш неможеж да ги разбереш и докториве не ти веруваат кога ќе ме видат мислат дека многу јадам кој знае колку и баш така се нервирам неможам да се објаснам од башка страна мие тешко си викам каде грешам
На некој тироидната ја суши , на некој ја дува Свекрвами пример се дува а золва ми се суши Зато проверката на еднокринолог ти е најдобро тие ќе ти кажат каква терапија да примиш