Целото тело ми работи турбо. Очите ептен испакнати, имам тахикардии и само слабеам. Лекарствата едвај некако помагаат.
Јас бев на еднокринолог пред точно два месеци вака резултатите беа добри само што имав намалено витД3 си пијам за тоа терапија после некако рече неми се допаѓа баш тироидната како намалена да е ама ај ќе провериме пак за 3 месеци и еве сега си чекам уште 1 месец до наредна контрола
Дали за време на циклус имате покачена температура Правев и ковид тест, негативен е, пиев и парацетамол, ама не ми се симнува под 37.1 Ќе морам да почнам да си запишувам, ама околу и за време на циклусот сум приметила дека ми се покачува температурата.
37,1 не е баш температура за да пиеш парацетамол, се пие над 38, иначе да за време на циклус можи да е покачена, исто и за време на овулација. Е сега ако ти била 38 или над, а си се напила парацетамол и ти се симнала до 37,1 не ти е од менструацијата, не можи до толку да ти се покачи
Инаку да се надоврзам на погоре некои што пишале дека им трае подолго циклусот, тоа е показател на анемичност, и не е во ред. Направете си крвна слика, сигурно ви е ниско железото. Кога ќе си ја доведете во нормала крвната слика, и циклусот ќе ви трае помалку од тоа некој што пишал тука по 7 дури и 10 дена..
Имав главоболка и болка во "коските", скоро идентично како минатата година со Ковидот. Еден ден ме држеше, а во меѓувреме и добив. Околу една недела сум навечер со 37.4, направив и крвна слика, ЦРП е 0.6 не укажува на никакво воспаление, и се е во ред. Направив и ковид тест, негативен. Ама ете ме држи температурава, па планирам утре и на лекар да одам.
Леукоцити 5.1 (3,5 - 10,0) единствено Лимфоцитите Лимфоцити 3.7 (0,5 - 5,0) Лимфоцити % 72.2 (15,0 - 50,0)%. Само овде излегува од нормала (има две референтни вредности, во првата се ок, во ова со проценти надминува нормала)
Овој месец многу кратко ми траеше. Само 2 дена, и 3ден имав само мало крварење. Сакам да прашам , апчињата Вентор, дали делуваат во прекинувањето на менструацијата??
Не е страшен циклусот, страшен е ПМС кој почна да трае по 10 дена . Претходно психички сега и физички симптоми.