Јас можам да кажам дека сум една од среќниците на кои менструацијата им трае 3 дена, максимум 4. Само два дена имам обилно крварење, или првиот или последниот зависи кога како, ми е најслаб, и иако ми трае само 3-4 дена, пакетче и пол влошки секако ми одат, од второто ми остануваат 2-3 само.
И јас дигам рака како редовно ушлакана барем 5-6 дена, а ем сум со апчиња за контрацепција. Не е обилно, си имам периоди кога е, ама си тече, така бавно ама сигурно. Една недела не ми бега прочистување во секој случај. Сега пред некој месец ми траеше ненормално кратко, два дена и како ништо да не било после.... ако не се лажам, првата или втората менструација откако си дојдов од пут , и по две недели кога почнаа да ми течат едни крвави партали, од памет се извадив. Тоа фино лепо си се дочисти, си дотече, и од тогаш се' си е во нормала. Да не се подречам.
5 дена најмногу. Првиот ден имам големи болки и неможам ни да јадам ни да лежам ни да стојам буквално. Без некакво апче не можам да функционирам првиот ден. Од третиот ден веќе почнува да ме залажува дека немам, и одеднаш гледам дека повторно имам Би сакала да ве прашам ако знае некој до што е проблемот, прв пат ми се случува. Во моментов имам добиено но не ми тече речиси ништо. Кога и да одам во тоалет и ја погледнам улошката таа наликува на последниот ден кога сум имала менструален циклус во изминатите години. Знае ли некој во што е проблемот? Срам ми е да ја прашам мајка ми бидејки не сум многу блиска со неа а и не сакам да испаничи. Се надевам не е ништо сериозно. Ве молам помогнете ми ако знаете Фала однапред.
Вообичаено крварам 5 дена,6-ти и 7-ми имам само кафеаво на гаќите,а само еднаш до сега ми се случи малку да искрварам на 7-миот ден поради стрес!
Менструалниот циклус ми трае 3-4 дена.Немам обилно крварење,но вториот ден чувствувам болки во јајниците,повремени промени на телесната температура топло-ладно,а понекогаш тенот ми е блед.