Многу Повеќе од 2 недели ако не примам инекција или ако не пијам контрацепција . Од првиот пат ко ми дојде ми е така, хормонско пореметување имам. Блазе вас што ви трае толку кратко. А имам и паузи понекогаш и по 2-3 месеци не добивам циклус. Повеќето доктори кај што сум била ми рекле дека после бременост ќе се среди, па здравје, ќе видиме понатаму.
Мене многу малку ми трае 3-4 дена и толку, понекогаш си викам дали е нормално вака и се нервирам дека не сум нешто како што треба. Првите два дена обилно, после третиот и четвртиот помалце и толку. На сестра ми пак 8-9 дена и трае секогаш, а мене додека дошла си отишла. Не треба и толку кратко, ама што да се прави..
Аууфф гадно ме нервира и јас самата незнам,секој месец различно.Некојпат по 3 дена ми трае,а понекогаш 6,7 дена.И никогаш досега не ми дошло точно во ист датум,секој месец ми доцни и секогаш кога најмалку очекувам тогаш ќе си дојди непоканета
Вообичаено 5-6, најинтензивно вториот и третиот. Немам редовни, но имам многу лесни и ретко болни менструации.
5 дена, од кој петтиот ден скоро и да немам... Никогаш сум немала проблеми т.е силни болку пред и за време на менструација.Занемарливи се. Единствен проблем ми е апетитот, и тоа 10 дена пред да добијам можам секој ден прасе печено да јадам