5 дена ми трае, 1 и 2 обилно и потоа се помалку и помалку. првиот ден имам болка ама нормална болка и потоа е се ок.
5-6 дена.Само 2 ден ми е обилно крварење,а потоа ми се чини дека влошката/тампонот ги носам без врска.Колку само се нервирам така,кога немам,а сепак имам добиено. Посакувам да ми траеше 3 дена само,но попусто...
Мене за некое чудо ми се намали траењето на менструацијата од сигурни 7-8 денови на 6, понекогаш под непознати среќни околности 5. И во обилност се намали, сега обилно крварам само втор и трет ден, првиот ми е најчесто многу болен и со по неколку капки, додека вториот најчесто вечерта и цел трет ден е пообилно и после уште ден-два по некоја капка колку да нервира. Тогаш превише ми е слаба менструацијата за тампон, секојдневна би завршила работа но е доста ризично, па морам да трпам влошка сакала нејќела. Пред некое време израчунав дека јас уствари повеќе од два месеци годишно крварам, гледано на долг рок менструацијата ми завзема голем дел од животот. Уствари не само мене, на сите...
Порано ми траеше 4 дена најмногу, а сега се зголеми за два дена, па ми трае 6 за жал. Незнам зошто сега ми трае толку
Ми трае 6 дена. Првиот ден имам големи болки и без да се напијам кафетин менструал не поминува , вториот и третиот ден имам обилно крварење, потоа се помалку и помалку..
6 Дена,а дента пред да ми дојде имам она кафеавко. Проследена со неподносливи болки првите 2 дена,ама затоа е тука кафетин менструал
Od 5 do 7 dena, prvite 3 dena e poobilno krvarenjeto, 5 i 6 den po nekolku kapki,a 6 i 7 den kafeav sekret.