Па ако родиш едно ке го поминес стравот па после ке немаш гајле И јас имав страв од пораѓање па си родив со царски
Па тоа не се знае некогаш и да планираме нешто можно е да не излезе планот,ама сите си имаме желба нели,како јас на пр сакам 2 дечиња машко и девојче.Сепак најважно ми е да се живи и здрави.
јас сакам едно - Машко Фраер на мама али сега ми текнува колку убаво би било да имам близначина - машко и женско. Дечко ми пак (здравје Боже, ако ми е тој маж) сака 3 дечиња. Вика не е битно полот, да ја имаат убавината на мама ама паметот на тато Често избиваат кавги поради ова
Сакам 3! 2 машки, 1 женско . Кога бев помала не ни сакав да имам дете, после викам ај едно само а сега .Колку растам толку повеќе сакам
Jас сакам на 24 веќе да имам родено Cакам да бидам млада мајка, ама нормално зрела сега не сакам деца не се ни осеќам зрело со моите 21 година, така да за 3-4 години сакам едно дете, и само едно дете ќе имам, по можност да биде син Aко е ќерка ок, ама јас сакам синче, на 2ро нема да одам, во тоа сум 100% сигурна
Веќе знаете имам ќерка, сакам уште две деца, сеедно ми дали ќе бидат машки или женски. Битно ми е да се здрави и прави, а како што викаат старите-шареното цвеќе е убаво, ама и само розите се убави
Имам две машки на возраст од 13 и 7 години, планиравме трето , чекам позитивен резултат ( 99 % сум сигурна) и се надевам сега едно девојче да родам.
светлана ти посакувам = цртички инаку јас сакам 3 деца-незнам зошто ама многу ми е при срце три да ги има. не е важно што ќе бидат само да не бидат три исти - хехехех - море само нека ми бидат живи и здрави
од секогаш сакав 4 деца,па дури 2 со 2 арно ама откако се породив со ќерка ми само да е здрава и жива,видов дека не е лесно со едно да се расправаш а не камоли со 4.сега сум решена за барем уште едно,ама мм не сака ни да слушни за уште деца .плус и знак прашалник е дали и можам воопшто да забременам пак,првиот пат ми требаше цели 4 макотрпни и долги години
Сакам да имам три деца, имам една ќерка, работам на случајот на второ , а потоа во зависност од тоа како ќе поминам одма одам на трето ....ма ич не му ја мислам...сакам детска смеа, па и да се затепаат, секако ќе ни биде весело . Ако имаме услови дефинитивно ќе одиме на трето, и тоа брзо по второто. Е, не Полот не ми е битен, само да се здрави и прави
Порано сакав две, ама сега сакам 3 најмалку За да не им биде здодевно нели Машки-женски неврмајнд. Здрави да се, живи, паметни.