Да ме прашавте пред неколку месеци, ќе речев дека сакам 3 деца.Сега ако ме прашате, не сум сигурна дали сакам 1 дете, а камоли 3.Во последно време, животот ми покажа дека обврските и проблемите со кои се соочуваат луѓето се огромни, а да се грижиш за дете е голема обврска и бара многу одговорност.Дефинитивно не сум спремна за такво нешто.Среќа што имам уште многу време додека да дојде тој период од мојот живот, па можам многу да размислувам на таа тема
Денот кога ке треба да бидам мајка ке бидам една од нај срекните . Денот кога во рацете ке имате мало суштество кое ке биде ваш плод на љубовта со некој човек, човек на вашиот живот.... Кое ке носи многу одговорности, и обврска, сакам да имам 2 деца , да им пружам нормални услови, да бидат воспитани , со фини манири .... Едвај чекам да дојде ден кога ке бидам мајка хахах .....
Јас сакам 2,доста се Е сега незнам шо ќе ми дај Господ ама...Едно само греота е,неубо е,а па поќе се тешки и скапи за гледање
Уште од помала си го замислував моето идно семејство со две прекрасни дечиња... машко и женско... Но, сега би сакала да имам три деца.. Секако, многу ми е рано за деца но би сакала три деца... две машки и едно женско најмало...Да си го разгалам
јас сакам 2 , машко и женско ама не близнаци туку првото да си го зарастам па кога ќе нејќи да ме дружи ќе си родам друго
Многу сакам деца, па неможам да замислам колку ќе ги сакам моите, многууууууу е. Сакам појќе од две, ама годсподова волја, колку ке дај толку. Деца никад доста!
Сакам да имам повеќе од 2 деца. Е сега, дали ќе бидат 3 или 4... Зависи од тоа колкава ќе ни биде економската моќ. Имам добри предиспозиции да имам близнаци! И мајка ми има сестра близначка и татко ми брат близнак а нели демек, ако жена родила близнаци, големи се шансите второто колено исто да има близнаци, а во мојот случај и двете баби имале! Ама, бабини деветини, здравје нека е!