Многу. Но бидејќи живееме во такво време кога не одлучуваш сам според желбите, туку мораш на нероден Петко капа да кроиш и да гледаш финансии и услови, морам да признаам дека ќе имам онолку деца колку што ќе бидам во можност да родам, да ги исчувам, воспитам и школувам. Ако имам голема куќа и минимум 2 детски соби и стабилни финансиски примања би родила и 5, машки-женски небитно. Но реално гледано, земајќи предвид колку би можелада заработам и создадам би сакала две или три деца, сепак децата се најголемо богатство.
Порано сакав едно, сега сакам 3 нормално ако можам да ги родам и да си дозволам но сепак 3 ми е убава бројка..
Лесно е да се каже 2-3-5, али условите и реалноста се веке друга работа.Сите сакаме дечина, во тоа е и смислата и убавината на животот.Но како ни налагаат условите посебно во нашата држава е веке друго и жалосно.И да не бидам офф, сега за сега едно на кое ке можам целсно и убаво да му се посветам ,па здравје боже ако се има услови ке се размислува поинаку.
Сакав непарен број дечиња, едно или три, да ме фати премијата за трето дете од милиот водач, што да не? Но... како си врви времето, размислувам и страв ме фаќа. Нормално, најпрвин од финансиски аспект, јас не можам со мои 26 да се осамостојам уште и да најдам стабилна работа, да се издржувам прво себеси, па домаќинството, камоли дечиња. Понатаму... ова некого може да го здоболи и јас однапред се извинувам, ама мене повеќето новопечени мамички ми се исклучително досадни личности. Ко да им направиле лоботомија на мозокот. Сфаќам, т.е. пробувам да сфатам, нова личност во семејството, нормално, на почетокот се' се врти околу него/неа, ама претеруваат и не ги препознавам. Посебно оние кои размислувале слично како мене, им го познавам духот и карактерот, а сега се во состојба да ми дрндаат за пелени, какушки, мочки и подригнувања 24/7. Па како малата не сакала да јаде пасиран морков, сакала компир, па како какушката и' имала темнозелена боја, наместо кафена - што ли е Боже тоа, па ти ја носи да ја видиш пелената бе. Леле - и јас ли ќе станам таква досадија? Јас сум по природа хедонист и многу си го ценам слободното време и уживањата, а кога ќе помислам на млади несуредени, нечешлани мајки, со подочњак до колена, кенкави, мрзоволни, ненаспани, и си викам - и тебе те чека истото, да ви кажам страв ме фаќа. Не сакам да сум таква. А каква ќе бидеш со мало дете, сите поминале низ тоа, иако мајка ми вика - да можеа да се скокнат првите 5 години со тебе, радо би ги скокнала. Искрена е жената, и верувам. Знам дека звучи лошо, знам дека изгледа себично, ама не можам да се ставам во таа улога, не верувам дека детето ќе си го сакам повеќе од сопругот некогаш, не знам каква магија ќе ми се случи кога би го земала в раце, се надевам ќе доживеам, па ќе ми се смени мислењето и ќе речам - ете, грешка беше, детето е благослов, вредат за него сите непроспани ноќи, сите жртви, твојот запоставен социјален, а можеби и сексуален живот, којзнае само што носи мајчинството со себе... И ете така... не знам колку деца сакам да имам. Не знам.
1. Jас да бидам искрена не сакам деца, т.е не дека не ги сакам, ама не ги сакам Hемам желба воопшто да си играм со деца, не знам зашто...Oк, секако твоето е твое, колку и да им го немаш меракот на децата, своето си го сакаш Aма не планирам да се чепатам на пораѓај повеќе од 1! повеќе не сакам, не знам.. барем така јас мислам! прво сакав син, сега сакам ќерка, ама што и да биде на повеќе не одам
Јас сакам деца, и тоа многу. Потекнувам од големо семејство, па сакам и моето да е такво. Сепак се зависи од условите, но две се неизбежни, третото доколку се може. Машки, женски, небитно е. Но, сепак не знам како ќе издржам да бидам мајка. Тешко ми е да станувам навечер, рано наутро, и сите ти одговорности и обврски кои ги има мајката. Затоа и сакам прво себе да си се доизградам и дообразовам, па после деца. Не би издржала да се запустам, без да го остварам она што сум го зацртала. И верувам дека така и ќе биде.
Колку само сурово реално звучи ова...до коска!Како да ги видов пред очи сопствените скриени мисли кои ни на самата себе не сакам да си ги признаам.
Сакам едно. Незнам зошто но сакам машко. Сега кога ги гледам сликите во темата ’’Мода за клинци и клинцези’’, ко гледам колку убаво ги средувате, дотерувате, па панделчина, фустанчина.. посакувам да имам и девојче. И сега мака.. Не сакам да се откажам од момчето ама сакам девојче. А сакам едно дете.. Ништо, маки. Освен ако сака Господ близначиња да имам, мислам дека така најмногу ќе се погоди. Макар што за одгледување близначиња требаат поголеми нерви а и финансиски средства богами.
Еве јас, како не толку тазе мама, со скоро една година искуство зад себе ќе ти кажам дека не се сите мајки исти - до човекот е. Да, во право си, 90% од младите мамички стануваат такви какви што ги опиша ти, и јас бев на пат да станам таква, забележував дека го правам истото, ама се запрев, се надевам на време пред да „отрујам“ некого со каките на син ми Сакам да ти кажам дека е точно оти ќе се промениш со раѓањето на детето, други ќе ти бидат приоритетите, ама не значи дека целосно ќе се запоставиш. Знаеш, многу зависи и од самото дете, какво ќе ти се погоди. Еве, свекрва ми - останала бремена на 22 години, го родила мажот ми - толку темпераментно, живо и немирно дете - на ум не и паѓало да раѓа пак. Арно ама, по совет на лекар, за да си реши еден здравствен проблем, забременила после 6 и пол години и раѓа девојче, сосема поразлично од машкото, само јаде и спие, како да нема бебе дома. Ми вели, да знаев, порано ќе родев второ. Ова само како пример дека некогаш не зависи само од тебе. Не значи дека ќе го сакаш детето повеќе од сопругот, ќе се трудиш и ќе најдеш време да им се посветиш и нив двајца подеднакво, но и себеси. Никогаш немој да се запоставиш, не заради мажот и другите, туку заради самата себеси, затоа што така полесно ќе ги пребродиш емоционалните кризи кои можат да се јават во постпородилниот период. И, никако седење по цел ден дома со детето - кој ти вели поинаку, лаже За финансискиот аспект нема да зборувам. Навистина е тешко ако не си финансиски обезбеден за да основаш семејство. Ама тука се работи за психичкиот момент - сакам или не сакам да имам деца (без оглед на финансиската моќност). Како што еднаш претходно во некоја друга тема напишав, никогаш вистински не си спремен да имаш дете, без разлика колку го посакуваш. Ама кога ќе дојде, добредојдено е
Леле секое дете си е своја приказна,и јас кога не бев мажена со мажот ми си имавме договор три деца најмалку,сега кога родив моето бебче има само 6 месеца се подразмислувам дали да имам второ дете,од кога е родено до сега можам да кажам дека сум станата затвореник,нон стоп сум дома со него и јас сакам како сите мајки да излезам да шетам и на почетокот пробав да го практикувам тоа на узалудно,моето бебче си беше плачливичко сега е малце подруго да речам ,си чучнува се заигрува,оди по малце во дубакче,но првите 5 и кусур месеци беше кој ме виде сам проценуваше како и што е ситуацијата,инаку имав 80 и нешто килограми сега дали имам едвај 50,не можев ни заби да си измијам ништо,маж ми на работа ,ако дојдеше мајка ми на помош и татко ми добро инаку по цел ден во раци по цел ден плакање исто и навечер и како нема да се запустиш,немав време буквално за ништо,не сакаше да оди во друг и сега не сака ама по малце го привикнувам ,инаку за спиење спиеме заедно инаку не спие сам нема шанси ќе плака цело време,така да тоа што сум го рекла да не должам многу дека ќе имам толку деца ќе се подразмислам не заради финансиска гледна точка туку заради тоа што секое дете си бара внимание,и овоа кога ќе порасне ако има братче или сестриче такво и за каде ќе сум,ама секое дете своја приказна
Здраво на сите ние сме во фаза на подготовки за инвитро и бидејќи познавам лично и имам слушнато дека кој прави инвитро дека има по 2 или 3 близначиња па баш и јас и мојот сопруг сакаме многу близначиња па се надевам дека и кај нас ке се трефнат 3 дечиња после мачење со неуспех од 7 години колку што сме во брак ГОСПОД ќе не дари со 3 близначиња како што многу блиски личности викаат ајде белким со толку многу чекање ќе излегнат близначиња само нека здравје со господ напред се ќе си дојде на свое место поздрав до сите и да ни се исполнат сите желби да бидеме сите родители
So lesno, vi posakuvam se najdobro i daj boze da vi se ispolni zelbata, i jas sakam bliznaci no seuste rano mi e ) pozdrav