сега за сега 0 но кога ке наполнам 25 год и понатаму сакам 2 машки и едно женско поради то што јас сум си единче и од секогаш сум сакала да имам 2 брата но кога ке помислам на сите тие болки лелееее...
Отсекогаш сум сакала да имам 3 деца(2 керки и син)...значи сега почна да ми се исполнува желбата имам 1 женско,ама здравје Боже понатака ке видиме,едно е сигурно сама нема да ја оставиме
Сакам Близнаци, не е важно дали ќе бидат две момчиња, девојчиња или момче и девојче само да се близнаци
The more the merrier минимум 3. Имам некое мислење дека децата растени во поголемо семејство се посреќни. Дали е така, незнам, ама сакам да имам големо семејство. Кога ќе седнеме на ручек да е интересно, весело, гласно, да има секој по нешто да каже (тоа така си го замислувам). Нејќам да е штуро, да е едно и размазено, па да јаде само пред телевизорот (ќотек и у ќош). Сакам повеќе деца(нормално се надевам дека и условите ќе ми дозволат),така ќе бидам исполнета
Ние сме тројца, и гледам колку е позабавно кога сте три отколку две. Си имаш двајца плус, а не само еден. Така да, јас сум за три дечиња.
Јас имам едно девојче,здравје понатаму би сакала и едно машко мислам дека 2 довоно ми се за да не ми пука главата
зависи што како со финансиите ке бидам во иднина сеа за сеа сакам 2 а бремена сум значи правото е на пат
Би сакала да имам 2-3 деца, ама ако не дозболуваат финансиите и едно ме е доволно за да можам да му се посветам нај нај
Ние сакаме 3 деца, но сакаме најпрво да се средиме, стамбено а и да имаме солидна плата. Не сакам утре во животот да спијам во дневна па да неможе да се помине навечер, да не можат да си викнат другари, или пак сите да се туткаат во една соба. Сакам да имаат за школување, шетање. Да пробам да им дадам се што јас не сум имала, не по моја вина...

Па јас сакам 2 женски близначки, па потоа да родам 2 машки близнаци и потоа 2 близнаци едното машко другото женско. Многу сакам близнаци.