Здравје само, ако се биде во ред јас би сакала 3 дечиња (2 женски и 1 машко). На дечко ми му кажав ако не ми направи 2 женски и 1 машко, ќе му ги рекламирам
Точно така.Ама пробај ова на некоја маичка тазе што родила да и спомнеш Здравје, да го потпорастиме малиов, па ќе правиме бизниси што како понатака
така е така деца не се на одмет , мм сака 3 деца. Јас сакам 2 Како што кажа NoellePage , иди кажи и на тазе мама за уште деца ке видиш што ке ти каже ... ама искрено посакувам уште едно бебувче кога ова дома ке потпорасне малкуцка и ке разбира дека нема да е веке сама ! Кралица
Najmalce edno,pa kolku dade Gospod.Bi sakala since i kerkicka,jas imam porasnato vo takvo semejstvo i brat mi si go sakam najmnogu na svet.
Јас откако ќе го родам ова бебенце, за неколку години би сакала да имам и девојче Да ја дотерувам во фустанчиња, да и врзувам машнички, да и купувам дизајнирани чорапки во боја и лаковани чевлички и кога ќе порасне да и давам совети за дечковци Синов не верувам дека ќе ме прашува за такви работи
Јас имам маско бебенце 21 месец и си го сакам најмногу на целиот свет. Би сакала да имам усте едно дете ( зенско ) но како ке казе господ така само да е зиво и здраво
Леле кога ги гледам цифрите за деца 5-6 сум но комент , но офенс ама што е многу многу е, ама како што ги читам коментарите претпоставувам дека повеќето од тие се на немажени.До душа се менува мислењето во зависност од тоа како налага ситуацијата. Грујо изгледа го хипнотизира народот со оваа неговата политика за наталитет .Ајде народе деца да правиме навалете, навалете 4 дечиња 8000 денарии месечно, ајдеее народе... Туку мани шала настрана ова ми е прво детенце, можеби ќе одам на второ здравје ќе видиме.Не дека неќам деца ама реално гледано финансиската состојба во државата ни е катастрофа.Не можам да помислам само колкави се трошковите да извадиш едно( зборувам за школување, факултет, одмори, облека), а не пак 5-6 деца.Нажалост ретки се фамилиите во оваа држава кои финансиски можат да си го дозволата тоа, не сме ние криви што си имаме желби, а државата ни е с*ање во боја.
2, 3, 4..колку даде Господ толку, децата се радост и среќа за родителите и благослов од Бога. Здравје само да имаме па колку дечиња ќе направиме нека ни се живи и здрави само и ние да се гордееме со нив. Јас од секогаш сум сакала деца, ги обожавам едноставно и сум рекла дека сакам да имам многу деца па и 5 не се на одмет, ама сега како рекол дедо Боже така, колку даде толку
До скоро си викав само 1 и ке можам се да му обезбедам и да му приуштам некои работи што јас сум ги немал, но кога подразмослив подобро ке има можеби „ се„ што е материјално но едно не- братче или сестричка, и затоа сега на пат е второто керка ми е пресрекна и со душа го чекаме децата се најголемото богатство