Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку деца сакате-планирате да имате?

Дискусија во 'Бременост' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Хехехе! Тоа е закон. :)
    Види , би требало да се репродуцираме најмногу што можеме.
    Но не треба да се прават деца ако тие деца немаат можност да бидат добро израснати, воспитани, со доволна љубов од двајцата родители итн итн.
    Дете да направиш е лесно али не е лесно и да тоа дете го изразнеш во квалитетна личност.
    Најчесто многумина се сјебани од старт во животот поради некои Х фактори кои родителите не ги размислиле пред да ги направат децата.
    Затоа , живи и здрави ... кога ќе треба тогаш ќе се прави. :)
    Ти уживај си у бременоста , жива здрава и живо здраво бебенцето па ќе си видиш како е понатака и
    ќе ни раскажеш на нас кои би имале у план за таков чекор. :sun:
     
    На cresa-jagoda, zalosna, kristina.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Од толку зборења почнав грижа на совест да имам што сакам 1 дете. И затоа што зборењата нема да престанат како ќе поминува времето така и грижата на совест ќе ми се зголеми а потоа ќе биде касно за 2, ради годините :D Башка мм нема никогаш да ми прости ако сум ја оставила без сестра/брат малата. Може затоа што н е многу близок со брат му :)
     
  3. Kristen13

    Kristen13 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Две машки,две женски сите ми се средношколци хахаха
     
    На ***nekoja***, Sky-butterfly и *цветче* им се допаѓа ова.
  4. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Истиот филм го имам и ја,ама близначките да си личат една на друга (еднојајчени да се). :lol::inlove:

    Ама на крај краишта и не е битно дали е машко,женско,близнаци само да се живи и здрави,и сите да можат да имаат деца сите да го почуствуваат мајчинството. :)
     
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Voopshto ne sakam da ragjam, se nadevam kje imam partner koj nema da napnue za zaednichhki deca so mene.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    46.079
    Пол:
    Женски
    @chocolade не си единствена што сакаш едно дете :) Искрено после толку непроспиени ноќи, искинати живци околу нејадењето, процесот на вадење заби...не ми паѓа на памет за второ дете, барем сега за сега ама познавајќи се не верувам дека ќе го сменам мислењето. Иако и кај мене притисоците од страна се големи и знам дека е себична мојата одлука ама само јас и мм си знаеме низ што се пиминавме овие месеци.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  7. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    Ниту едно. Се надевам и партнерот со кого ќе бидам ќе го дели моето мислење :)
     
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Ах мила, истото го имам кажано сто пати :/ Ама се се заборава. Велат: да не се заборава сите ќе имале само по едно дете. И вистина е.
    Кога син ми потпорасна, се осамостали малку, излегоа забите, спие цела ноќ, зборува се, се разбира, оди во градинка, јаде самостално, нема пелени, лесно се пакуваш и одиш секаде, нема да влечеш со себе куп работи од пелени до цуцли и шишиња, термоси и каши... е тогаш почнав да мислам: ах леле колку бргу помина времето, жал ми падна како брзо одрасна :shake: па ме фати некоја носталгија дури.
    Па потоа почнаа мисли дека би било убаво да има уште некој свој, брат или сестра, и така со неполни 4 доби сестричка :wasntme:
    И јас повторно проаѓам низ истото ради кое велев дека нема да имам второ :wasntme::tmi:
    Ама овој пат нема да дозволам да заборавам :rofl:

    Додуша, отсекогаш сакав две, машко и женско, фала Му на Господ, нека се живи и здрави, од мене доста е :D
     
    На Annath, irenna, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    46.079
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека е период и дека ќе помине зошто навистина не сакам малата да ја оставам без брат/сестра во животот како што сум јас.
     
  10. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    Отсекогаш сум сакала да имам многу дечиња. Пред некоја година сакав 5, а сега 3. Само да сме живи и здрави. Непроспиените ноќи, плачките, потресувањата околу вакцини, температури, настинки, вадење крв, здравствени прегледи, вадење запчиња се ништо кога ќе се разбудиш и бебуш ќе те погледне милно и ќе ти се насмее. Сфаќаш дека имаш многу големо богатство покрај себе и имаш за кого да живееш. Колку повеќе деца, толку побогата душа и дом.
     
    На baby-star, slobodka, Oscar Lady и 7 други им се допаѓа ова.
  11. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Ооп и ја како нова во овие теми :lol:
    Јас нез точно колку сакам алиии две или три ми е океј, но мојов сакал 6:o паааа....нас изгледа градинка ке ни дадат :rofl::rofl::rofl:
     
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Ako 2to bide masko togas ke bidat dve, ako bide I toa devojce ke se odi na 3 :) taka kaza mm :D zdravje najvazno pa drugoto ke bide (iako vo megu vreme so malava sum rekla dosta mi e 1 :D posle tie maki I plasejna )
     
  13. synonym

    synonym Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    84
    Бидејќи повеќе сакам машко дете, ако првото ми биде машко ќе остане едно, а ако биде првото девојче, ќе одиме на уште едно. Сепак ако се омажам со човекот што го сакам и 100 да родам нема да ми смета. Само да се здрави,живи и паметни. :)
     
  14. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.036
    Допаѓања:
    10.588
    Пол:
    Женски
    Во Македонија 0 :devil: , надвор од неа 1 , 2 во случај да се близнаци . :D:rock:
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.899
    Допаѓања:
    267.371
    Сакам три ќерки, а во план немам ни едно, сега за сега ;)
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Немам некој посебен план, а би сакала близнаци. :)

    П.С. Типoт мој, подобро ќе му е да не ни помисли, а не да ми каже, дека сака машко, на пета- круг налево и веќе нема да ме види. Е така.
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.964
    Допаѓања:
    219.411
    Пол:
    Женски
    Би сакала да имам 2 дечиња, но и да се 1, 2, 3, близнаци ... воопшто не би ми сметало, колку ќе бидат и какви воопшто не ми е важно.
    Здравје само.. па се по ред.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    17.643
    Плукајтеме колку сакате дека не почитувам туѓи одлуки, ама жени што не сакаат да родат барем едно дете во животот(а имаат можност) не ми се јасни. Многу себична одлука.
     
    На pandelka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.899
    Допаѓања:
    267.371
    Не би да те плукам, само ќе си прашам - зошто?
    Према кого е себична?
     
  20. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    17.643
    Биолошки предодредено е да се остави потомство. Мое мислење беше дека кај секоја жена порано или подоцна се јавува тој мајчин инстикт и посакува деца. Изгледа сум била во заблуда.
    Себично кон самите себеси , кон партнерот, кон несудените баба и дедо итн итн.
    Јас не ја гледам целта на бракот без деца (ако има здраствени проблеми друг муабет). На крајот на краиштата која е поентата на животот ако неоставиш некој да те споменува откако ќе те нема и да не ти се продолжи семејството.
    Но сепак штом мислат дека не се кадарни да бидат родители, подобро ич да не станат.
    Очигледно не секој го заслужува тоа.