Види, не сфаќам зошто себично кон партнерот. Ваљда некој што не сака да има деца (мажот или жената) тоа треба со време да си го каже, па другиот да види дали може да живее така или не. Не знам, не ме сфаќај погрешно, јас сакам да родам деца, само не во блиска иднина Ама не мислам дека целта во животот ми е да родам или дека тоа е тоа што мене ќе ме направи комплетна личност Мислам дека во денешен свет сме способни да процениме не само дали сакаме, туку и дали сме способни да имаме деца. Не е океј по секоја цена да се раѓа. Јас не сфаќам мајки што децата ги растат со серии и шетање по трговски центри и кафичи, или децата се занимаваат строго со компјутер или цел ден акаат по улица. За мене мајчинството е посветување квалитетно време на детето, и тогаш кога ти се умира. Мајка ми цел живот има многу добра кариера, како мала мислев дека не е страшно, сега разбирам каков напор и требало да дојде од работа, да руча, и да седне со мене да разговара, пишува домашно итн. Подобро е да направиш реална проценка, него роди деца, па ајде, ќе си пораснат. Јас мислам вака - подобро ич родител, него лош родител. На крајот, се разминуваме и тука - јас па ич не ги сфаќам оние што врхунац во животот им е да прокреираат, и тоа им е најголема амбиција. Мене не ми е. Ете, сакам да родам деца, ама не мислам дека мајчинството ми е најголема амбиција.
Те разбирам одлично што сакаш да кажеш. Затоа пишав на крај дека некој не заслужува да биде родител. Само мислам дека секоја нормална мајка го сака најдоброто за своето дете , го заштитува низ животот и го воспитува според сопствена перцепција за тоа што е добро, а што не ( зборам исклучиво за нормални луѓе). Дали ќе бидеш добара мајка не можеш да знаеш онапред, тоа се дознава откако ќе родиш. Мајчиноството си го прави своето. Јас не кажав дека тоа треба да биде единствената амбиција, секако има и други важни работи во животот. Но на крајот не е битно каква работа сме имале, колку пари и каква кола сме возеле, туку какви креации сме оставиле позади нас.
Оние жени што решиле да не раѓаат, јас потполно ги разбирам. И воопшто не мислам дека е себично, ниту кон мажот (кој сигурна сум дека благовемено ќе биде известен), ниту пак за родителите, бабите и дедовците. Себично од нивна страна да очекуваат внуци по секоја цена, сметам дека е тоа лична одлука, која сите мораат да ја прифатат како таква. Како што е лична одлука дали ќе родам едно, две деца или цел фудбалски тим, исто така и одлуката да не родам ниту едно, е само и само моја. Не сметам дека животот е само една работа- кариера, брак, деца. Секој сегмент е подеднакво битен и не би можела да кажам дека едното е помалку или повеќе битно од другото. На крајот на краиштата, секој ги сноси последиците од своите одлуки.
^ Тоа и ми е муабетот, не сите не исполнуваат истите нешта. Некого мајчинството, некого достигнување во наука, технологија кое ќе биде запаметено. Колку карактери, толку и опции и перцепции.
888 Точно мила, ама креациите не мораат да бидат во облик на ДНК Тоа сакам да го кажам. Ако некој си одбрал друг пат, мене ми е тоа сосема океј, не го гледам како себичен чин. Посебично ми е да родам и да го бапнам на баба му да го чува, а јас да киснам со комшики или гледам серии, или другата крајност, да не се појавувам дома. Важно е секој да живее како што му чини, ама ако тој начин на живот не одговара на потребите на едно дете, подобро е личноста ич да не раѓа. Не мора да бидеме жртви, не мора да раѓаме по секоја цена. Како сакаш врти, некои работи ќе ги жртвуваш на детето, ама ако ти е повредно да работиш во 3 смени и постојано (пр. ако си хирург да речеме), него да бидеш мајка, океј е. Најважно е никој недолжен да не страда. Ако е така, е океј. Мене ете, не ми е некако најважно да имам деца. И не мислам дека сум себична, туку мислам дека реално стојам со приоритетите
Nema vrska ova, mozham da bidam posposoben roditel od povekjeto shto se lupaat vo gradi kolku sakaat da rodat, ama sepak ne sakam da bidam majka vo idnina. Zoshto ne sakam me mrzi da objasnuvam, a i nemam nikakva potreba da pruzham objasnuvanja, koj shto kje misli okolu taa moja odluka, ich ne me interesira
Од секогаш имав слика во галава дека сакам повеќе деца. Полна куќа. Иначе имам 3 Да немам волку години колку што имам, би имала 4
Зошто да се плашиш? Јас суж со два царскиж и тоа старовремски да речам, со конци со ваѓање отпосле N.1 во 2011, N2. во 2013 и N.3 2015 ќе биде, здравје хеххее
Од секогаш сум сакала да имам две дечиња,по можност машко и женско. Но од како се омажив работите се променија,а исто така и желбата за второ дете. Сега за сега не сакам и не планирам да раѓам повеќе деца.
Бубале браво ти се радувам искрено јас сум со првото2002 а со малото 2009 година двете ми се машки, за женско сум изгорена ама пусти страв од пораѓај и пак да не биде машко тешко мене после
Сакам најмалку 5 деца хах . Често зборуваме со дечко ми на оваа тема и тој сака повеќе дечиња, сега немаме услови за ништо но во иднина би сакале да си чуваме повеќе дечиња, ако даде Господ. А многу би сакала и близнаци
@DVAANGELA имам испробана 'рецепта' за женско, ко го праевме првото ја применивме и успеа ама другиве излегоа машки, ама не е до рецептата пропустот, едноставно се без план за бебе создадени, од чиста љубов