Кога бев дете сакав да имам 4 деца, но сега сфатив колку е комплицирано 4 пати да си бремена, па 4 пати да раѓаш и цел живот да се грижиш за нив и да ги обезбедуваш финансиски. Сега сакам да имам две дечиња и небитно од кој пол, само сакам да ми се живи и здрави, се друго ќе се потрудам да им овозможам.
Максимум 3 деца. Едно греота ми е само да биде, сакам да осети братска/сестринска љубов, незаменливо е. Две мислам тамн е, едно машко едно женско. Но, рано ми е, не можам да се замислам како мајка уште дете сум на 24. Коа ќе ми текне дека за 5 години ќе треба да раѓам омг страв ме фаќа
Сум пишала претходно на темава дека сакам две, ама сега од едно повеќе не би раѓала. Некогаш и за тоа едно се прашувам. Како и да е воопшто не сум спремна од оваа гледна точка и нема да се случи во блиска иднина.
Три, кога не бев мажена. Нула, првата година од бракот. Едно, пред да забременам. Ќерка ми има 14 години, и сеуште стојам на изборот за едно.
Сакам 2. Ама за второ планирам да почекам минимум 4-5 години. Да се осамостои малку син ми здравје, па после ќе мислиме за второ . Зависи и од финансии исто, ако е тоа добро нема гајле
Порано сакав три но од кога сфатив колку е комплициран самиот процес и колкава е одговорноста за нив сакам две (со поголема разлика во годините барем 7 год.) . Не знам, можеби од кога ќе имам едно тогаш ќе одлучам дали би родила уште едно. Секако најпрво би гледала тоа да е со човекот којшто ми одговара и би планирала според финансиската состојба.
Сакам 3 или 4 биолошки и едно би посвоила црнче, исто да бидам млада мајка сакам Првите 2 би ги родила на година дена разлика, другите по 5-6 години за кога ќе ми пораснат првите, да имам бебенца.
Да сум пишала пред една година на темава сигурно ќе било ниедно, ама сега дека на пат ми е првото па мислењето некако ми се промени. Планираме да имаме 2 тоа сигурно, а јас би сакала 3, двете да ми бидат на две години разлика, а третото после 5-6 години.
До пред да затруднам не мислев дека некогаш ќе посакам дете. Посакав и затруднев. Родив. Сега имам толку љубов за давање што би сакала уште 2 да љубам вака силно и безусловно. Ама бандиткава нека ми е жива и здрава, ако продолжи со вакво темпо тешко и на второ ќе се решам.