Десет 10 5 - за тука да ми бидат при рака за лошо/арно 5 - за странство да праќаат пари и да живеам како крал
Од секогаш сакав да имам две деца, но ете, едно е желба, друго е божја волја. Сега сум 30 недела. Многу години се мачиме и за ова едно, само нека се роди живо и здраво. Нас векје, не потиснаа годините, за жал, немаме време за второ. И уште еднаш ке кажем само да ни е живо и здраво, па секаде кај што нема, господ барем по едно да дава.
АХХАХАХАХХАХАХХАХАХАХАХХАХАХАХАХХАХХАХАХАХАХХАХАХАХАХААХАХАХАХАХХАХАахаххахах :') Јас во 2015. Мислам дека само тогаш сакав деца и никогаш претходно и никогаш од после. Ко шо тргнало дур родам ќе сфатам дека неќам. Сакам едно дете. Пред 30. Ќе го имам и без партнер ако треба. Мислам не е спорно дека океј ми се деца ама немам доволно голем attention span за да растам поќе од едно. Ако имам поќе од едно исклучиво посвоено, ама и то едно да не го родам не ми менва. Дете е, вакво или такво лесна сум да сакам дете.
Сакам 3 дечиња, сега имам едно, нека ми е живо и здраво, да наполни годинка здравје и работиме на второ
Секогаш сонував да имам две. Машко и женско. Сонот до некаде е јаве сега. Ама после моево прво машко, не знам дали ќе се осмелам да помислам на уште едно. Барем не во скоро време.
Едно имам, друго е на пат Да се живи и здрави доста е.. Сакам се да им пружам. Кој знае, можда некад кога ќе пораснат ни текне за трето Млади сме со мм имаме и ептен волја и нерви за растење деца. Најголема помош е тоа што он е по дома со мене и се ми помага
Три деца .Две женски и едно машко.Мене искрено ми е малку глупаво само едно дете.Убаво е тоа едно да си има барем уште едно братче/сестриче,секако ако има услови за тоа
4 ако даде Господ. Млада сум, од секогаш сакав да сум млада мама и да имам 4 деца, јас сум една, па не би оставила дете само ако можам да родам. И маж ми сака 4, беба ни е 5 месеци, он уште сега вика "со една мака" и второ да порасниме хаха ама ајде нека биди бар година/две.
Порано си велев не сакам да имам деца, што ќе ми се да ме нервираат само. Со тек на време гледајќи туѓи бебиња и помагајќи им на мои блиски при грижа и нега на бебе ме фати мерак да имам и јас, ама си велев само едно. Сакав едно од причина што јас и брат ми воопшто не се согласувавме и постојано моите го фаворизираа него, а јас бев малку запоставена. Си велев доста е едно дете на него целосно ќе му се посветам и се ќе му удоволам, ако се две едното секако ќе се чувствува запоставено и ќе му љубомори на другиот.. Ех мој детски памет. Сега имам едно бебенце и многу му се радувам. Можеби понатаму ќе имам и второ, ако се биде во ред со мене здравствено. Инаку млада сум имам време можам и после 10 години да раѓам па и после 15. Само нека биде се во ред со мене па ќе му ја мислам за понатаму. Сега доволно ми е син ми, сакам прво него да го пораснам и да му се израдувам целосно, понатаму кога ќе сакам пак да имам човече дома син ми се надевам ќе биде голем батко.
Ние со дечко ми сакаме 3 па колку ни даде Господ толку. Некогаш психа ме мава дали ќе имаме бебе, дали ќе забременам. Не знам од каде ми текнуваат такви мисли.
Сакав 2. Имам едно родено, а сега на пат се две Нема правила и не е со сакање или неќење. Малку сум загрижена како ќе се справам, ама ајде со Господ напред се ќе биде добро.
Имам син(скоро 5год.), ќеркичка е на пат. Па Здравје ако даде Господ би сакала уште еден син за 2-3 години од сега.
Сега за сега не сакам да помислам да имам деца. Во иднина ако имам желба за тоа, би сакала да родам две, а едно да посвојам .
Јас сакам две, првото е на пат, незнам што е сеуште ама интуицијава ако е точна мислам е машко Но полот не ми е битен, да се здрави и живи