Сакам 3. Второто машко е на пат, со царски ќе сум па сигурно нема да е брзо трето, ако воопшто се одлучиме. Желбата таа е
Одсекогаш сакав 3 деца, дали дека ние бевме 3 и таа беше желбата. Сега после 3 спонтани и бремена моментално, се надевам и молам барем за едно живо и здраво дете. Другите нека ги дава Господ на сите жени кои поминуваат низ сличен пат како мене.
Би сакала четири, но здравје. Само да забременам прво со едно па дај боже и за сите други со ред само да се здрави и живи колку и да се
Ќе имаш мила и три, ако не три, најмалку две. Ми имаш оставено впечаток уште од поддршка, од срце ти посакувам оваа бременост да ти биде лесна како песна и за неколку месеци да се радуваш со бебче Јас сакам да имам две дечиња. Повеќе сакам да се две женски, зошто отсекогаш сакав да имам сестра, ама тоа е помалку важно. Најважно е да се живи и здрави секако.
Дај Боже мила, ама верувај и со едно ќе бидам задоволна кога сваќаш дека борбата за бебе и не е така лесна... ама откажување нема! Се надевам и јас дека ова е моето јуначе. Тебе ти посакувам што побргу да ме стигнеш, па да пишуваме и разменуваме мислења во труднички.
Исто. Две сакам сигурно а за трето живи били па видели. Ако имам услови и желба и ако е се како што треба зошто да не. Јас сум единче, немам брат/сестра и баш сакам да си имам барем двечки првата лепотица моментално е на пат За второто сакам као машко ама имам чувство дека две ќерки ќе имам. Од секогаш сум се замислувала како мајка на женски деца, па ќе видиме
Моите се двете машки, а изгорени бевме со маж ми за женско и трето да родам машко ќе биди знам нека се живи и здрави само, машки, женски небитно
И јас бев убедена дека ќе бидам мајка на две женски. Кога ми кажа докторот дека второво е машко не му верував Да не сум офтопик, две имам и доста ми се. Нека дава Господ кај што нема.
Сакам трето многу и тоа што побрзо ,иако се породив пред месец дена ,ако е по желба да е ќерка зошто имам две синчиња.
Не планирав ни едно во блиска иднина, ама ете се случи. Пиленцево шо си го носам во стомак ми е доволно сега за сега, а натаму, ако основам здрава врска со некого, дури тогаш би размислувала.
Eve I jas da se javam tuka..imam dva Sina ednoto 9 godini a drugoto 7,mnogu sakavme so mm tri deca I Eve Sega sum povtorno bremena, no Gospod resi da ne iznenadi potvrdeno mi e Deka nosam bliznaci 8+2sum I da Ni se zdravi i zivi sto saka Neka bidat..decata se Dar od Boga ♥️
Имам две, но дефинитивно сакам три. Никогаш не сум мислела дека ќе имам две,туку баш три дечиња. Јас би и четири ако имам финансии, но мислам маткава нема да издржи толку царски резови. Но за трето секако ќе почекам. Може за 5-6 години отсега.