Сакам една ќерка да имам за 10тина години и искрено би ми било доволно, и онака планирам околу/после 30г да раѓам така што може и само едно дете и ќе имам. Можда би сакала и син за 15 години , затоа што сепак и да се две деца не е лошо и ќе им биде поубаво да си се имаат во животот и куќата ќе ни биде исполнета. Едно - две деца да се живи и здрави пред се, секако не е важно што пол ќе се, си се шалам јас , се надевам ќе си биде вака како што си планирам.
Три сакам Уште знам да се премислувам, да си викам може и доста ми се две (машко и женско имам), но па цел живот сум се замислувала со три дечиња, а имам и време за трето Моментално се 6г и 3ипол год, па полека почнав да се мислам кога е најдобро за третото.. но ќе видиме, имам некои други планови и после тие ќе биде Неколку пати сум пишала во темава, секогаш со истото дека сака три
Сакам едно, до две максимум. И имам голема желба првото дете да ми биде ќерка, а второто синче, ама нема да се жалам ако биде и тоа девојче Само нека бидат живи и здрави, тоа е најважно Сега за сега не се чувствувам подготвена да бидам мајка, како мајка се гледам на 26+ години. Иако имам преголема желба да се остварам како мајка, имам и преголем страв од самиот пораѓај
Сакам три. Две женски и едно машко. Првото сакам да биде девојче. Но, како сака нека биде, битно да се живи и здрави.
Пред да го родам првото дете сакав само едно. Кога се породив истото го мислев. Беба сега е 4++ и почнав веќе да размислувам за второ така да сакам уште едно.
Јас уште како дете имав желба да имам 3 деца. Исто и сопругот беше со таа желба, па еве третото ни е на пат Машко,женско и сега пак чекаме женско
Уште како мала едвај го чекам денот кога ќе станам мајка, сакам 2 деца, а ако имам можност би размислила и за 3.
Јас сакав 2 и си имам син и ќерка, фала му на Господ, нека дава секаде и на секого, нема поубаво чувство
Искрено сакам 4. Како за прва среќа се погодуваат 2. Само Господ да е со нас. Посакувам на сите да бидат дарувани со дечиња, не е важен нивниот број.
Порано не сакав да имам деца, па се предомислив и посакав да имам една ќерка. Фала богу желбата ми се исполни, да ми е жива и здрава, тука застанувам